Со алкохол додека падне. После хидроген и бивацин ако има потреба. Јас би ти рекла да пиеш ти пробиотик. Тоа ми го кажа др. кога ме пуштија од болница. И кога се видовме пак после тоа, пак ми спомна да пијам пробиотик. А @Bella Nella има врска какање навечер? Мојава знае сред ноќ да е какана. Денес трет пат какаше, ама од завчера не беше какана.
Стварно не знам, моето кака на неколку денови не секој ден, ова какање ме изненади. Проливче мене ме асоцира на мала прелада поради промената на температурите, јас се мислам дали пробиотик да дадам, ќе почекам ако пак има ќе пишам на педијатаратот.
Мајки бебето мое има мрсолчиња, вчера почна и да кашла по малце, 3 месеца е, аквамарис ставам и влечам со носко. Бевме на итна вчера нема на гради ништо. Денес не кашла ама мрсолките течат дури. Ногу ми е жалче, вчера не сакаше да цица денес не сака дљ се тргне од града...утре на педијатар сме.. Ама многу се плашам, многу плачи...
Има доста крвче кога чистам, се надевам во скоро ќе падне. А, хидроген 3% тој што е? Исто со чепкалка за уши да премачкам кога ќе падне ? Инаку мене ова не ми е нормално од сабајле едно 6-7 пати бебе се искака. Кога помалку, кога повеќе. Ќе зоврие меше и тоа ептен гласно се слуша. Таман ќе заспие и ќе се искака и пак будна додека се презаспиеме. Посебно мое млеко кога ќе пие, денес сакав само формула да давам, бебе преска упорно се врти сака да цица, таман поцица малку одма револуција по меше. Не сум паметна што да правам...
Хидроген кога ќе падне ќе ставаш на папочето, ќе почекаш да изврие 10 секунди, сушиш со газичка после тоа. Првата недела и појата по 6-7 пати какаше. Викаат нормално е, ако не е обилно и премногу. Мојава по малце какнуваше. Пиј пробиотик ти.
Сметам дека воопшто не е грешка што си ставаш сеуште. Нема поубаво од мајчино млекце ))) Јас зедов лактамикс чај. Можам да кажам дека имам подобрување и сум пресреќна денес измолзив дури 90мл млеко и бебка си се најади баш убаво. Не се откажувам и јас
Јас го имам. Имаме додатно душечето, бидејќи со креветчето оди само подлога. На две нивоа е. Досега бебето си спие комотно во него
Јас никогаш алкохол не ставав ми кажаа држи влага и нема да падне скоро. Само хидроген 3% и газа. За неколку дена падна и се беше супер. Никаков исцедок, никаков проблем ниту парче остана. Се само се исчисти. Ставав и чистев додека пенеше..после прекинав. Ова препорака од педијатар у пензија Најдоброто нешто што го купивме. Исто сивото го имам и синото душече го земавме на КикаБу - топ се. Подлогата ми е незаменлива, креветчето екстра квалитетно, душекот тврд. Бебе спие без никаков проблем + ептен си ја сака играчката Им гуга и им вика на ѕвездите
И ние бевме до козле , воспаление на уво прв пат .. мн плачеше , нејќеше да цица а сега е океј.. дадоа антибиотик и капки во уши.. Со првото немав проблем така за ушињата.
Мојава од старт кака многу, ама многу. Се случуваше по 3-4пати да ми се искака во рок од пола саат. Таман сум ја сменила, па врррр. Тек сега последнава недела почна да намалува и има околу 4,5 столици во ден, а имаше од 7-15. Можеби и молзиш само од реткото млеко, не стигаш до покалоричното.. па тоа побрзо се вари, побрзо ќе кака. Мојава поубаво цица во последно време, посита е подолго време и затоа и столиците се подобри. Кога цицаше без контрола и ред, какаше пречесто...
По колку пати на ден давате Еспумисан капки? Ако добро прочитав на страната на Зегин по 25 капки пред доење или после, ама не пишува колку пати на ден? Мислам дека со првото давав двапати, ама не сум сигурна.
Јас сега давам 3 пати по 25 капки. Заедно со Бебитол коли и има засега супер ефект, многу се намалени грчевите
Dali ima nekoj iskustvo so ovoj aspirator za nos? Ili ako znaete za nekoj podobar moze li da mi preporacate nekoj? https://bebehome.mk/product/бебе-конфорт-електричен-аспиратор-за/
Искрено ништо не ми е јасно и незнам што е најпаметно да направам. Бевме денес кај бабицата сега па друга што едвај разбира англиски и колку успеавме толку се разбравме. Таа ми вели зошто од болница не ми рекле веднаш да почнам со формула за алергии што е, бидејќи синот е алергичен и постои можност и сега за бебето. Ми рече консултирај се со вашиот матичен за да не се мачи бебето, бидејќи и покажав слика и вели не треба така да биде. Одма отидовме кај нашиот матичен и е Македонка, ама баш ништо не ме посоветува што да правам. Тоа што ми кажала бабицата јас и пренесов и ништо совет не добив. Освен истото да не се мачи бебе може најубаво да престанам мое млеко да и давам. Јас многу и не вадам едвај по 50мл, насабајле може околу 100мл. Ама ако пијам чаеви и молзам често има шанси и да се подобри ситуацијата. Бебе е стрвно и бара да цица, па кога не е нервозна и многу гладна фаќа и цице. Ама веднаш после тоа револуција и кака. Ќе ставам слика во спојлер и страв ми е такви црнки дека има по каката, исто син ми кога имаше крв. Или и кај вас е вака? Спојлер
Мислам дека во упатството стоеше 5 пати на ден. Така и ни кажа педијатар. Така давав додека имаше повеќе грчеви додека какаше. Сега 3 пати на ден кога давам дохрана, му одговара така.
И кај мене првптп беше алергично на млеко... ад алергено не профати никако...слабп нашредуваше и морав уште од 4 мес да почнам сп кашички....сега второто си пие ад без проб и нема алергија
Волку темни не се, ама често лигави и се. Кај нас синчето ми е со интолерација на лактоза и јас... ама ај таа не е мн страшна..