Mene mi kazaa 7 kapki PicoC pa po 20min 1.2 ml sideral. Sigurno za zelezoto zavisi od tezina i vozrast na bebeto
Мајки, зимско бебе чекам. Мака мачам со избор на вреќичка за спиење. Се залетав по една од кикабу ама прочитав дека е 3.0tog и знам дека тоа е за многу ладни простории. Дома се грееме на клима ама не е претопло, маж ми е склетџија хаха па во најладните денови климата ја пуштаме на 26 степени ама на ауто, и грее само во дневна. Инаку работи на 24, 25 за да одржува температура ама исто на ауто. Во спална не топлиме, ја оставаме вратата отворена да се згрее од дневна (таму ќе спие и бебе здравје). Станот е мал 45 квадрати. Е сега најдов слики на интернет ќе ставам во прилог за како да се облака бебе. Има една вреќичка од нанам што е пролетно есенска 1.0тог, што мислите дали ќе е доволно топла таа, за со шпикозни по долги (и по потреба боди на кратки одоздола), или ќе и е ладно? Зимска вреќа мислам дека е баш за поладни простории.. помагајте два месеци ја мислам вреќичкава
Со првото најдебелата вреќа ја имав и во спална не греевме воопшто. Исто во стан 48кв. Мислам поубаво се спие во поладна соба, ако не стануваш за пресоблакање ноќе, подобро во поладно со подебела вреќа. И јас поубаво спијам со подебел јорган ама во ладна просторија. Сега сме во поголем стан, ама уште не е толку ладно, бебе спие само по шпикозни и не грееме. Сега имам шпикозни како јорган, како вреќа ама со ногавици, пак планирам во ладно да спиеме.
Ама ако не грееме воопшто е многу ладно во станот бидејќи сонце не го фаќа ич.. така да климата секако ќе биде пуштена на таа температура. Прашањето ми е дали таа есенска вреќичка ќе заврши работа за зимно време ако дома се грееме така како што објаснив хахаха комедии сум
Истото ме мачи и мене. Кај нас па станот цел ден го грее сонце и моментално е 26,9 степени. Навечер паѓа до 25,5 дека има добра изолација. Цела зима исто ја поминуваме на клима и е пријатно... Му земав и есенска и зимска вреќа ама ниту една немам употребено од страв дека ќе му е топло . Стварно не знам како да го облечам и со што да го покријам. Преку ден е во кратки. Вчера спиеше само по шпикозни и прво со тетра, а после со подебело кебенце го покривме.
Луѓе, овие три дена имам менструални болки, јајници ме болат колкови ме вртат крстот позади ме боли, очекував дека ке ми дојде ама ништо..немам ниту сила се осеќам ко пресечено, повеќе деснста страна кај јајници.. Можно ли е овулација да е? Ми нема дојдено од пораѓај.. Парацетамол пијам
Искуство да споделите со Nurse harvey's сирупот? По препорака на педијатарот, почнавме да го користиме. Скоро недела дена, а оттогаш мислам дека бебето уште толку е во 'агонија' од грчеви...
Може не му одговара на бебе. Ние и земавме исто и дадов уште пред да идеме на педијатар, плус диастоп пробиотик. Три дена не беше какана и плачеше, вриштеше без престан. На педијатар ни дадоа Еспумисан , плус Колиеф и добро тераме. Од Еспумисанот ги испушта гасовите. Не дека не заплакува од грчеви, ама се тоа трае ептен кратко. Сирупот си стои, ако има потреба ќе дадеме. Така не советуваше педијатар. Пиши и дека и прави проблем, нека ви даде нешто друго. п.с. Ние се и сешто купивме, од совети од други, а сосема друго користиме сега.
Јас исто давам еспумисан уште од почеток и можам да кажам дека грчеви скоро и да немавме. Може и до детето е, ама ете нашето искуство е одлично со еспумисанот.
Само нека поминува брзо кај сите беблаци побрзо. Ептен се жални кога хи мачат грчеви. Мојава па кое гревче е кога не е какана, а не па да вришти со саати од грчеви. Се тешам месец помина, уште малце па ќе ги нема.
Фала ви. Ќе го прекинам сирупот, да видам дали е стварно до него, па ќе се консултирам со педијатарот.
Дали доиш? Зошто ако доиш знаеш дека треба да внимаваш на она што ти го јадеш за да нема грчеви бебето. Па дури и тогаш може да има грчеви, додека не се развие цревната флора, ама барем со припазување може да не се толку страшни..
За сирупот немам искуство, но кај нас многу има промена, на позитивно, откако давам еспумисан 3х25 капки и Babytol Coli 3х5 капки. Само ако се решите за Babytol Coli има две шишенца од двете даваш по 5 капки и не треба да даваш дополнително пробиотик, така нас не советуваше педијатар. Сепак пред да почнете прашај го вашиот педијатар.
Нормално како мајка дека ќе пробаш се што можеш да му олесниш на бебето, ама да знаеш дека некогаш за грчеви нема лек. На се пазев, сите капки му ги дадов, он си вриштеше секој ден како и да е. И наеднаш еден ден престана. Пројдоа грчевите магично, без никаква интервенција. Знам дека не е лесно во тој момент, ама ќе помине.
Јас давам Еспумисан капки, некогаш 2 некогаш 3 пати во ден зависи. Кога ќе видам дека плаче и се витка давам одма. Е, сега кај нас пројави и крв во каката па мислам дека и тоа ја мачи дополнително. Се стиска, напнува и испушта звуци додека кака баш онака жално.
Moja preporaka za grcevi se isto Colief kapki. Mnogu se dobri tie vo kombinacija so espumisan i dvete se davaat vo isto vremd