Дали додека трае секој скок тоа значи секој ден или зависи од бебето? Како си минувате сега во 4 скок?
1 2 3 скок поминаа супер нормално..имаше 2 3 денови кпга не сакаше да цица....се тргаше... ппсче 4 месец се префрливме на ад целосно.. и повтпрнп имаше некој ден неќеше да пие млеко..некој ден повеќе враце..еден ден спие убаво еден ден 10 мин дремка ...мислам дека е до скокот се. Во глобала без многу плачки скоро па и ич..секое дете посебно си е
A kazi mi imase li promena na kakata kaj nea nekolku kaki e zelena dali od mlekoto sto go smenivme, bevme na kontrola si napreduva super sea ama pa kakata zelena, doktorot vika ne e nisto ako prodolzi taka nekoj kapki da mi dadel
Папчето ни падна на 27ми, ама уште еве некако е влажно. Нема крв, само жолта течност. За првото не се сеќавам да беше вака. Го чистам со хидроген 3% и врие уште. Некогаш ставам и прашок Дерматол таков ми имаа пратено од Мк, ама после тоа е влажно и залепено. Дали нешто не е како што треба ?
Не ставај прашок. Само чисти со хидроген и чисти со газа. Мене на сликава ми личи како уште да има од папочната врвца, скроз падна? Може лошо е сликано.
Разлика гледам во две работи. Првата, ззспивањето навечер трае подолго, заспива за кратко но неколку пати се буди во еден час додека да заспие цврсто, тоа е можеби и дека почнав порано да ја успивам не знам на почеток сме на скокот Втората работа е дека почесто сака да цица, почна кога ја носам во раце да се тегне надолу да ми покажува дека сака, претходно не правеше така, и ова не знам од скокот ли е Ќе видиме како ќе продолжи понатаму, доколку некоја поголема промена забележам ќе пишам.
Тоа што беше засушено скроз падна, го најдов во бодито. И мене ме буни и чудно ми изгледа и цело време е влажно. Само проблеми...
На Новалакот пишува дека каката може да е зелена и дека е нормално и дека не му штети на бебето. Знае некогаш да е позелена ама значително е потврда и тоа исто го пишува на млекото. Каката беше исто зелена од Бебеланот претходно а качуваше 450гр неделно. Тоа беше од прејадување. Исто може и да е до железото во млекото. Не се секирај, ако убаво напредува нема простор за грижи.
Мене искрено ми личи како да не е целосно падната. На двајцава мои знам кога им падна, ништо немаше, папоче само и кога ќе ставев хидроген минимално пенеше. На синко 2 пати крвче малку му течеше ама толку. Нема кај да го однесеш да го ѕирне доктор?
Ова внатре што е исто треба да падне, мене ми кажаа доколку нема инфекција да гнои или да мириса дека е во ред, третирај го со алкохол и хидроген можеш и прашоче и кога ќе е скроз суво ќе падне и тој дел. Кај моето кога падна папочето, остана ептен мало делче што по некој ден падна. Мене исто ми беше чудно што има останато малку и не знаев што ќе се случува со тој дел но прашав педијатар и ми кажа дека ќе паде и е во ред додека не се појават гореспоментите работи.
На бебе газето му е нафрлено како со бебешки акни без белко, само околу отворот. Пелена повеќе од 3 часа ретко кога носи, какан кога е одма го менувам. Користам павловичева и по потреба од бејбилав со цинк. Не знам од што може вака да се нафрла и тоа само таму.
Исто ни се случи и нас, ми кажаа дека е од храна која сум ја јадела дека бебле е на доење... Имаше смисла зашто баш пред тој ден каснав гравче некоја лажичка. Брунчињата после се направија во црвенило и се тоа личеше на потпарено. Користев крем за потпарено и за денипол и помина и брунчињата и црвенилото.
Однеси го на доктор, ќе го исчистат. Кај нас откако падна, по некој ден си собираше крв. Го однесов на доктор, го средија. Можеби лачи нешто..
Ох леле аман, а гледам чудно ми е и добро што прашав. На 11ти имаме закажано кај бабицата, матичната утре ќе и ѕвонам бидејќи на телефон е достапна само од сабајле од 8-9часот. Јас тука кога прашав кога ќе падне и ако уште има некоја течност што да превземам. Ми рекоа ништо само со вода.
Само лачи нешто и на секое менување памперс ставам хидроген и го чистам. Прееска зедов и ставив и прашок бидејќи стварно незнам што да направам и што е најпаметно. Нема мирис сега за сега, само како што реков влажно е. Пратив слика на бабицата па ќе видам што ќе каже, до тогаш ќе третирам вака во надеж да падне.
Буквално и за тоа што се стега надолу ми е од 2 и пол месеци, што значи тоа? И сега се повеке така прави.. Значи не знам како да ја шетам надвор , сите ме гледаа што излеговме во раце држајќи и шетавме на сонце малку
Ако е само околу анусот, најверојатно е реакција на нешто што јадело. Ако сеуште само цица, тогаш нешто што си јадела ти.