На ад е, до сега не покажувал знаци дека ова млеко не му одговара. Два месеци е, друго ништо не јаде. Му дадов чај од ким, тој ако му смета.
Не би требало, ама можеш да пробаш да не му даваш два дена дали ќе пројде. До сега не сум слушнала бебе да има мака со ким, ама којзнае.
Паметот на тоа ми оди или некој да му дал цуцла со нечисти раце... ама па така најверојатно би имал нешто и на устата.
Ќерката се исфрла баш околу анусот откако првпат јадев мандарини откако беше родена. И тоа дека јадев ко да не сум видела мандарина, може 10 изедов и следниот ден се исфрли. За разлика кога се исфрли заради некоја инфекција (помина со комбинација антифунгална и антибактеруска крема), беше исфрлана секаде во цела пеленска регија. Затоа ме асоцира на нешто изедено. Ама ако било само прљава цуцла, поверојатно ми е устата да се исфрли а не газето.
Дали сте имале вакво искуство, бебево секоја вечер почна после првото будење спие три саати скоро со вртење глава лево десно премногу силно и брзо. Ама нонстоп ја врти лево десно и ми е страв да не си ја мавне од оградата на креветчето. Ептен насилно тоа го прави. Ко збудален е 3 саати и така спие Утре прави 3 несеци.
Има ли у 12та недела регресија некоја со спиењето?, бебе наеднаш се смени, две вечери не завлечува ни 3 саати сон, се сака во мене да спие, а пред тоа си спиеше навечер без проблем по 5-6 саати.. Сеа ем тешко се успива, вчера се томкавме 1 саат за да поспие пола и да стане и пак одново и цела вечер сме така..
Една капка на вигантол беше како 1000иу така? (во една капсула 400иу има).. И јас сум давала поголеми дози на првото дека крупен, а сигурно и на ова ќе треба дека е доста крупна. На 15ти сме на ортопед па ќе видиме што ќе каже. Вигантолот од Србија зимаш, нема тука сеуште така? (На големите давам СолДевит).
И мојава после првото будење спие, но спие лудува буквално. Не се врти толку силно, ама се врти.. и истовремено и се дере Мене повеќе паника ме фаќа што раце на лице става и се штипе (со затворени очи).. Мојава завчера 2м направи и незнам дали е скок или што е.. ама цицањето на моменти е хаотично. Цица фаќа трга, ми ја фаќа со уста јако па ми ја влече лево десно и целата прета и ржи Ако ја тргнам, плаче. Мислев нешто да не не цица доволно, па и дадов 60мл молзено на крај од цицање. Леле бљуцкање фонтани на два пати и на неа и на мене и на кревет. Мислам повеќе поврати од што испи... А инаку ич не бљуцка. Сабајлево па така цицаше
Ортопед така ми кажа да, поголема е и во месеците со Р дупло да давам рече до година, по година ќе ми каже како да продолжам една или две.
Моево исто се брца во очи, се гребе по лице . Нз како не си ги ископа очите до сега. На вакцина цел изгребан отиде. Дури искоментираа таму
Ај ве молам утешете ме дали е срамота што ја шетам во раце без количка долу кај лулашките и еден круг да си вртиме, луѓето како ме гледаат ко да сум луда ама што да правам кога не сака ни во корпа ни транспортер. Без осет се веќе сите