Прашај го педијатарот види што ќе ти каже. А кога мочка по многу или помалце мочка. Јас и давам и по неколку лажички вода на ден може и од тоа моча повеќе којзнае
Ако е многу успан се случува и кај моево. Сфатив дека е нормално. Додека мокрачата не е темно кафеава не се секирајте. Еднаш јас така на дежурен го однесов дека многу какаше како потечно и така не ми се измоча 3 и пол саати. И се измоча на докторката и баш искоментира она додека мокрачата не е темно кафеава не е дехидрирано.
Мајки колку пати навечер ви станува да јаде 3 месечно бебе. Се буди на 2 ипол 3 саата како да е прегладнет јаде по 150мл мое млеко молзено. Малце се уморив цело време станувам сакам да поспијам барем 4-5 саати. Кога ќе почне помалце да јаде навечер? И обавезно е измочан секоја вечер...
Нормално си моча како и секогаш, не е малку. И бојата е нормална, дури не се ни приметува на пелена по боја значи во ред е.
Пробај накачи мл ама во принцип мајчино толку ги држи 3 саати. Ќерката цицаше до година, немав врзано повеќе од 3 саати една година.
Моето на 4-5 часа, па на 3, па на 2, некогаш првото спиење знае и 6-7 часа да е, ретко. Доење само, 3++
Кај моево дремките неделава се скоро непостоечки дали 30 минути спие... навечер ја врти главата како пин бол и тогаш прилично немирно спие. Се надевам дека е скок искрено дека ептен малце спие преку ден и се буди прелесно. Минатата недела во количка надвор ми спиеше 2 и пол саати, оваа недела одвај 30-40 минути спие.
Имало деца што не се буделе навечер да јадат си врзувале по 6 саати , мајками ми кажа со мене и сестрами по цела ноќ сме спиеле не сме се буделе за цицање. Она не ми верува дека детево ми се буди на 3 саати
Мојот како швајцарец а ќе поминат 2 саати обавезно си дремнува дремките му се зависи од 45мин до саат ипол најчесто саат.
За мамите што се на ад е прашањево. Кога рачунате по таа формулата 150млХ колку кг има бебе, дали сметате милилитри на растворена формула или само колку мл вода користите? Пример со 4 дозерки греам вода 120мл која откако ќе ставам прашок испаѓа 135мл. Да рачунам 135 или 120?
@mariz тебе те означувам дека те имав прочитано дека имате правено лапизација на папчето кај бебе. Дали тоа значи дека е третирано со сребро нитрат? Не сум запознаена со овие работи и читав нешто по нет, па ме интересира дали вие сте имале тоа гранулом па така е третирано? Мене бабицата по слика што и пратив ми рече да земам само стерилни марамчиња за да го чистам Исто како кога ми пукна раната од царски, со тоа ми рекоа да ја чистам. А очигледно е нешто повеќе кај нас и незнам што да барам од нив. Веќе се нервирам многу.
Двете деца само на доење спиеле по 10-12 саата, првото на 3ипол месеца, второто на 4ипол-5. После тоа и да се буделе, ноќе не сум ги доела. Ако внесе што му треба преку ден, нема потреба од јадење ноќе. Ама тоа не е гаранција дека нема да станува воопшто, или барем да спојува повеќе саати. Првото дете цицаше прст и не стануваше воопшто зошто кога се будела, одма може да си го фати палчето. Второво има цуцла, па ако ја изгуби низ кревет знае да завришти. Ако ја најде сам, ќе си ја стави во уста и одма заспива. Поентата е дека мора да има нешто што ги смирува. Сите се будиме ноќе, ако цицање го смирува бебето, и плус дел од храната е навикнато да ја добива ноќе, нормално дека ќе презаспива само ако цица и повеќе пати ќе се буди. Моите ноќе спонтано спојувале саати кога имале добар дневен ред за да може да внесат што е можно повеќе млеко, и автоматски ноќе намалувале. Исто било и со првото што многу малку цицаше и ден денес малку јаде, и второто што е буце и цица/јаде 3 пати повеќе од првото.
Да имаше гранулом, нон-стоп влажнеше...по втората лапизација престана. Инаку да горење е со сребро нитрат.. ми бараа цуцла баш дека ќе плаче, ама не плачеше Чистев само со алкохол на стерилна газа и ставав прашаче, а кога скроз престана да влажни ми рекоа веќе не треба ништо да правам. Инаку папчето и е темно многу, нормално е тоа? Успана е да ја сликнев, утре ќе сликнам...
И кај нас влажни нонстоп, иако чистам со алкохол и хидроген и плус прашок пак е исто. Денес пишав на матичната во Мк што ни беше и таа веднаш ми рече да сликам кога поубаво ќе го исчистам да види дали е гранулом. И ми рече почесто со хидорген да чистам и прашок да ставам. Ама јас чисто се сомневам дека така ќе помине, сигурно треба да се гори. А, овие овде неможам да ги сватам до толку да се незаинтересирани и ко бајаги со марамче алкохолно ќе чистам и ќе се среди. Незнам дали си ја видела сликата онојден ја ставив да ми кажеш дали е слично било и кај вас. Ќе ја ставам во спојлер па ѕирни. Спојлер: Папоче
Така нешто.. и нон-стоп на боди имаше крв, се додека скроз не се затвори. Баш по второто горење веќе не остави точка на боди. Кај мојава и многу нанадвор беше.. немам слика..