Се трудам секој пат да подригне, некогаш и 10 минути го гњавам и таман ќе го легнам знае да си бљуцне. Педијатар ми рече тоа што му е вишок ќе си го врати. Се случува после некое јадење да ми врати, не повраќа обилно, си напредува сосем нормално
И мојава бара, ќе помине 2 ипол часа некогаш и 2 и ќе почне да плаче пика рачињата во уста. Гледам барем на 3 часа да јаде и давам по 90мл. Да дадам и повеќе сигурно ќе ги испие. Ние сме сега само на формула. Една женичка тука ми велеше бабицата и рекла ако ги испива 90 да се понуди 120 па колку испие толку. Ама мене ми е страв дека тоа многу ќе и биде уште.
Јас и подолго го држам понекогаш, не сака да заспие не подригнат, ама не враќа храна. Два пати ми има вратено кога по јадење веднаш го легнав да го пресоблечам. Мислев да не има мака со мешето, па инстинктивно фаќа да јаде кога ке му се понуди.
Имам слушнато дека кога ќе престанат да прават нешто што правеле учат нешто ново. Моето кога научи да брмчи со устата по некој ден престана, па пак почна и сега така не буди сабајлечки брмм брм
Исто и јас мислам, дека ако му дадам повеќе и тоа цело ќе го испие. Имам другарка што кога имаше бебе мало, му го прошири желудникот од што му тупкаше шише на секое. А некогаш се случува да се успие, па да не испие ни пола од дозата, па по пола час пак да побара и се да му се изремети
Моево бебе сака да е цело време на стомак. Спие на стомак, кога е буден сака само на стомак. Ќе го ставам на подлога на грб вика, се буни, сврти го на стомак и ќе си седи така пола саат. Има некоја штета од седење на стомак цело време?
За мојата да не збориш? Хахаха Гладна , плаче за јадење, дошло време и она ќе испие само 50-60, друго фрлам. И за два саати да плаче пак за јадење… Ако по пола саат ти бара, дај тоа што останало. И така 1 ч стои млекото.
Низ филтри е помината. Кога ќе размислам, водата во пластика колку стои. И на сонце и на секое време, па ја даваме…
Може од стомак на грб да се сврти, обратно не, мал е нема уште 4 мес. Мислев да не му штети нешто константново седење на стомак.
Проблем е кај многу мали кога не можат да се вратат на грб, ќе се умори и ќе остане со лицето напикано во душекот. Ако знае да се сврти на грб, нема гајле, ќе си се сврти само ако сака.
Се тешам малце кога ве читам другите дека имаме скоро исти бебушки Му го додавам, дремнува, и кога стане жив ненајаден е
Пробај и додека спие да вртиш шише, скокотни го , повлечи цицлата, за да допие. Кај мојава тоа успева некогаш.
4 мес и една нед сме...пие 90 -100-110 а ш правам 120.....бара на 2, 2 и пол...сум го држела и по 3 исто пие како и на 2 и пол... До 3 мес беше на доење само и мправ да го одбијам и сметам дека не му е толку раширен желудникот за да пие повеќе..дека беше на цицање сиг не цицаше толку
Твоето е околу 4 месеци така ако добро паметам? Да не е скокот па така да и влијае? Подлогата многу мириса на кинеско, на гума, јас ставам врз неа ставам стеч фолија, мојата сака да ја лиже кога ја гледа и вака најдов спас..
Си пијат они колку што им треба. Не верувам дека толку им даваме , за да се прошири желудникот. Мојава кога несака ,како со патент и е устата. Ќе ја стегне, ни со прст неможе да и ја отвориш.
Колку ти рекоа да даваш, нели е многу тоа? Моето е 1 месец, пие 90мл на 4 саати и така почнавме од вчера, инаку пиеше 60мл на 3 саати. Ме интересира како те советува доктор таму. Туку што се случува со бебето, тие скоковите од кога почнуваа? Термин ми беше 19.10. мислам дека е рано за прв скок, а само во раце спие. Почнав да го заспивам од 20h еве го дури сега заспа поцврсто. Ај си има грчеви тоа ок ама како во раце спие, го оставам одма се буди. Душа немам, за 3 саати треба да станам, не сум спиена како човек од болница