Ти издржува со 90 ка на 4 саати? Супер е тоа. Мојава тешко тоа. А и она за машала е. И јас се прашувам кога е прв скок. Кај мојава и грчевите се тука. Врз мене би спиела по цел ден.
Издржува ако нема грчеви и си спие. Остана инаку цела ноќ врз мене, еве го уште е буден. Го разбуди брат му во 5h, па и со двајцата се расправав, весела ноќ. Ај сеа да си чекам денот да заврши
Здраво мамички, бебе е 12 дена , преку ден си цица убаво и ке си заспие убаво цврсто, но кога доаѓа време 20h за да повлекување на спиење цица и никако да зацврсти сон, пееме, шушкаме никако, чим се спушта во креветче почнува да прета и да ги става рацете во уста и никако да зацврсти. Се плашам да не е гладно штом ги става рацете во уста, му давам една доза навечер ад ама и после тоа е исто. Некој со слично искуство и совет ?
Земи едно потенко ќебенце или со тоа што го покриваш и замотај го како кифла со рацете внатре, така дај му да цица и префрли го во креветче.
Ova do zamotuvanjevo do koga “pali”? Do koja vozrast mislam? Jas ne se nauciv da prefrlam dete vo krevetce i gotovo.
Еве месец дена е и деновиве почна да протестира да ги извади рацете ама би требало уште некоја недела. Префрлањето како темпирана бомба да префрлаш
Повиј го па дај му да цица, ако заспие на тебе почекај некое време да е црвсто заспано па префрли го во креветче. За повивање продаваат во енци менци од севи фирма убави се а можеш и со муслин прекривка да го повиеш.
По правило до 12 недели. Во пракса зависи од бебето, кога ќе почне да се врти или да ги вади рацете од повиеното, веќе подобро е без повивање да се заспива.
Обична тетра пелена или има специјални за повивање со лепенки. Од Wenice имам купувано за подарок, јас моето од алиекспрес го нарачав.
Јас земав од локо кроко такво за повивање ама ич не го трпи, се тегне цело време, а и веќе мало му е. Со тенко ќебенце најубаво спие.
I za podlogive sakav da ve prasam od koja ste zadovolni i link ako moze za cvrsta i za vodenite isto taka. Ke treba da nabavam. I da se poskapi ako samo da nw murisaat na kinesko i da ne se mnogu tenki posto doma ne mi e koj znae kolku toplo a tie na pid dole da nw i e ladno
Првата контрола кога бевме кај бабицата, бебе тогаш пиеше едвај по 30мл од авент шишето. Малку имаше накачено килажа и таа ми рече дека е гладно да давам и повеќе. Ама кај нас беше проблемот со цуцлата, по цел саат се мачеше влече и пак слабо. Со што јас ја сменив за поголема и сега нема проблем. Инаку не ми кажаа точно колку да давам, сега во петок сме на контрола и баш ќе прашам. Од пред некој ден почнав да нудам 90мл јас. Женичката што е породена пред мене, некаде 10 дена ни се разлика бебињата. Таа ми кажа нивната бабицата така ни кажала, ако почне да празни 60мл да почне да се нуди 90мл. Кога ќе почне да празни 90 да се понуди 120мл. Но, немора сите да ги испива. Мојава точно на 3 часа како аларм е, плаче многу додека да добие млеко. Инаку и на нас најубаво ни е во раце да се спие, таман ќе ја оставам магично се буди. Денот вака така го туркаме, ама ноќите ми се искрено ужас. Бебе премногу хрчи, неможе убаво да дише се нервира и се буди нонстоп... Незнам како да и помогнам.
Од сабајлево бебе вака е по лице. Од топло, од што може вака да и е? Ништо не е сменето од прв ден. Еден месец е. Како ситни бубулички и се.