Бебе не се става потпрено да седи. Треба само да си седне и тогаш може да седи. Се става на 45 степени во хранилка или количка врзано за да се тегне и да вежба стомачни после одобрување од ортопед, најчесто после прегледот на 5 месеци. Педијатар не би требало да се плетка според мене во ова, сепак ортопед на ехо гледа како се развиени колкчињата.
Да во мк сум. Што знам знам не е воопшто цврст, главчето сеуште не го држи сам. И на стомаче често со цуца раче наместо да се крене. Затоа и мене ми падна чудно, особено на 3 месеци. Викам ај да препрашам тука. Фала ти.
Еве слични сме и ние, посебно овие 2-3 ноќи ептен катастрофа. Претходно ќе поминеа 3 часа и се буди ќе пие млеко и продолжува, сега не. Сега ја мачи и се враќа млеко и после тоа цело време хрчи, запишена и неможе да спие. Еве ноќеска ја наранив, ждригна ја подржав и кога убаво заспа ја ставив во креветче. Абе магично веднаш стана, па ајде пак презаспивање. После еден час осетив и се врати млеко исповрати и после тоа катастрофа. Мислам дека и грчевите многу ја мачат овие 2 дена, се нема искакано од вчера сабајле и целата се грчи и нервира. Се научи ептен и во раце да спие, вчера вечерот толку беше нервозна едвај ја заспав и тоа на гради. Подцна се имаше опуштено скроз и од жал ја оставив малку да поспие, ако ја ставам во гнездото како боцки да има таму веднаш се буди. Ноќеска во 2часот сите сме станале па и синко, чека да презаспие. Маж прва смена, кој преживи причаче е работава. Преку ден издржувам, али ноќот ме нервира ептен...
Да, потполно истата ситуација. Во раце цел ден може да спие, легни го абе одма ги отвара очите и ајде од ново хахах Само се надевам дека сето ова е од грчевите и дека наскоро ќе му се смират, па да си имаме умни бебиња
Како ги облекувате сега за надвор 3 и пол месечни ? Колку пати ги шетате? Да напомрнам не сака во количка, па во раце малку низ маало...
Мајки ајде помош. Син ми место навечер да врзува и да не пие млеко на три часа тој почна од сабајле да не бара. Во 4 и 15 пиеше 120, кога стана во 8 едвај со молење испи 30, еве го уште не бара. Има ли шанса некако да се помести ова? Ми нема логика преку ден од сабајле да не пие а навечер да се буди 2-3 пати? После 4ти скок ништо не е исто значи, скроз се смени. Претходно си врзуваше 6ч навечер.
И моето бебе преку ден не спие ич освен во раце, ако го оставам се буди и потоа е преуморен и плачки еден тон, многу се нервирам, прво мислев е скок ама еве поминаа и втор и трет скок за две недели и четвртиот ке биде а тој така си остана освен во раце или количка кога излегуваме не спие преку ден сама се тешев дека скок е ќе помине. Сите обврски мм ги прави и неубаво се осеќам само седам со телефонот во раце цела фемина ја прочитав
Моето е месец и пол, го облекувам во боди по кратки и шпихозни, во количка покриен со ќебенце средна дебелина (ни тенко ни дебело). Ако го кревам од количка исто го покривам со ќебенцето. Е сега вие поголеми можеш јакничка пролетно/есенска да му облечеш. Еднаш или два пати денот го шетам.
Колку облека и каква ми е потребна за фебруарско/мартовско новороденче?Не знам од што и колку парчиња да купувам.Ете совет од вас што сте поминале
Бевме за вакцина и секоја чест на докторката што го прегледуваше. Ваков преглед кај матичниот немал до сега. Не го вакцинираа бидејќи има отвор над анусот, погоре, но во тој процес, за кој се сомневаат дека е синус, па не пратија на детска хирургија. Дали некоја од вас до сега имала искуство со синус?
Дали само јас плачам со бебево заедно ко ќе го боцкаат? Со првото исто еве и со ова, го боцкаа во прсте за крвна слика ко вресна душава ме здоболе, а утре вакцина..
Моево на вакцина многу помалце плачеше него крв кога му земаа ако ти е некоја утеха. Срце боли, ама за негово добро е.
Утеха ми е првото не плачеше ич, ова по нежно е Секако дека е за нивно добро, ама моментот е таков и неможам да се воздржам. @WhiteCat33 остај, допрва колку има, па со првото инекции инфузии, трауми имам од игли..
Во количка од кога на 45 степени можеше,како беше? За ортопед ми е рано да одам да прашам,се превртуваат,држат глава стабилно,4 месеци се. Рано е или?
Мене не ми е јасно нешто. Трснспортерот колку степени е? Јас сеуште во него го возам бебето. Другата корпа е мноогу голема за 3 месечно бебе.
Мене ми рече може на 45 степени уште кога бевме на ортопед ама не сум сигурна, од кога почнаа да се превртуваат твоите? Мојата некако се дига надолу кога ја држиме во раце а и исто така на грб кога лежи прави така со главата само ама не до толку јако.. и јас се мислам иако не сака ич количка...
И јас плачам. Особено сега 2 кога ја избоцкаа лево и десно на бутови.. Уште не беше смирена од првата, кога ја ставија втората (таа поболната), кога врисна пребледев мислам.. Како што си има мрснички бутки, којзнае ама ја болеше... тоа иглите цели и ги збрцнаа..