Па сега во 4 скок се почнаа,машкото ептен,а женското малку потешко дека газицата и'тежи,па не сака да се замара многу,важно се труди и таа хехе. Инаку сакаат во количка,во легната положба се сега,ама ги дигаат главите сакаат да глеткаат од повисоко.
Моево е скоро 3 месеци, го шетам со количка најчесто попладне кога има највеќе сонце. Нагоре му облекувам боди по долги, надоле долги панталончиња, а и во раце кога ќе го земам си го шетам така, не го виткам дополнително со ќебенце затоа што ми се чини уште дека е топло.
Bas denes bevme kozle, pa eden doktor maz bese alal da mu e. Go vidov i mu velam na maz mi mn grub izgl kojznae kolku ke placi. Ne be covece go bocna niss ne ni oseti bebeto abe ni placenje ni niss tolku lesna raka covekot. Alal da mu e a nitu mu zborase nitu nisto. Bi sakala site i sekade da se vakvi.
За крв плачат затоа што им го стискаат прстето за да извадат крв. Моево ѕверче се уби од плачење, стегаше тупаница ама што се мора, се мора. Јас па не плачам кога знам зошто плаче. Ама ако плаче кога знам дека е пресоблечен, најаден, наспан е тогаш ми доаѓа да заплачам од немоќност да му помогнам затоа што не знам од што е причината за плачењето.
Бебе последно какаше вчера сабајле некаде 7часот. Имаку дневно какаше обавезно еднаш до два пати. Од ноќеска цело време е раздразлива, се витка, плаче. И давам Еспумисан за грчеви, ама сега велам запек да не ја има фатено. Се слуша и кркорат цревата ќе прдне и плаче. Само на немлечна формула е. Пие и после враќа од млекото, очигледно и тоа нешто не и одговара. Друго матичната за папчето ни препиша некоја маст да мачкаме 2 пати дневно. Кога читам на нет, кремата се препорачува за псоријаза, егзема, винтилиго и сето ова мене ми нема логика. Не лечат преку телефон, слики. Вчера сабајле кога намчкав, отпосле гледам како цевено од страна, а около папчето бела се гледа кожата. Веќе не сум при памет и мислам само мене вакви работи ми се случуваат и незнам што да правам... Спојлер
Во 4ти скок нели помалце јадат? Мојов не може да издржи 3 саати, со викање, со шетање едвај. Секој оброк му е 150мл, т.е. 180 нели со млекото внатре. Не знам дали да накачам, по кулажа таман му иде 150 да пие.
Сега на два месеци две се? Ич не памтам како беше.. Овој шо го боцкаше денес се испотресе оти толку мало бебе ќе боцка, рече претераа со тие вакцините толку мали не го боцна лошо ама се стегаше ова многу, кај дава тој прсте да го фатиш, во спиење ме осеќа нокти ко ќе сечам не па буден
Е грчеви се кркорат цревцата и се грчи и плачи, моево дури не му поминат не какаше. Земи му плус некои капки за грчеви, во Германија беше ти така? Барај во аптека би требало да има убави, јас од Грција земав инфаколик, еспумисанот не му помагаше.
Најубаво капни му од твоето млеко ако доиш. Моите дојдоа до nabelgranulom. И на крај со сребро нитрат им ги гореа. И на едното имаш вакво поголемо и маж ми зема со кантарион намачка за некој ден се исчезна магично.
Арни сме,дааа Искрено секој ден почнав по една чаша узо да пијам со салата и малку подруго си е. Од сабајле така и така...пушти едно,земи друго,надој едно,па ајде друго,а во скок цицаат често знаеш...амаа после 15ч.дада кога се враќа од градинка почнува журка ,тука е и сопругот тогаш,ама не се стасува жено бре све. Али се тешам дека е период се',дека ќе пораснат...и молам Бога да ме поживее, и дава челични живци да се издржи се' ,зошто за ова мечтаев 12 години,греота е да се жалам...( на фемина може )
Јаоооо жено ти и ги доиш алал да ти е. Мојов ја разбуди сега дада му со дерење. Којзнае што им се дешава што се дерат на заспивање во скоков. Не им е лесно сигурно. П.с. жалење на фемина не се важи
Па гледам секаде различно боцкаат... ама да сега на 2м прими 3. Во уста течност за Рота, во бутки хекса (дитепер) и превенар за стрептокока..
Многу бе баш утре ке прашам како е овде кај нас, превенар мислам на 6м да не е, рано не е за неа на 2м? Е две боцки па и плус рота не дозволувам па шо сака нека е
Ааа, тоа сеуште не... Затоа ја пазам. Искрено само во раце спие преку ден, па тоа да ја пазам на стомаче да е легната... Колку толку на рамно да спие, многу ми е жал така во раце цело време па... А во марама обожаваше, сеа нешто ми се буни. Само сака напред па да гледа.
Мојте се скоро 6м на 20 ќе бидат 6м полни . Има ли скок тогаш? Едната паче вриска кога заспива дури и мн немирно спие овие два три дена со плачење се буди. Др е топ спие абер нема ама кај неа гледам некако како и нови заби да и излегуваат. @DELFINA81 колку за утеха мојот е 8 г секој ден го возам до школо со близначкиве во раце до кола една во кенгур др во раце комшииве се чудат како функционирам. нечешлано смајли.
Не дојам, на формула сме. Значи и кај вас се горени. Мене незнам зошто ми даваат маст, подобро да се гори и да помине. Скоро месец сме, ниту можам да ја избањам убаво ниту ништо. Страв ми е да не и се искомплицира нешто. Ама сте мачкале кантарион после горење така ли? Јас пишав на матичната во Мк што ми беше и таа веднаш рече дека е гранулом и дека треба да се гори. Вчера читајќи по нет видов дека грануломот може да расте и бетер се исплашив. Ништо денес ќе и ѕвонам и досадувам да превземеме нешто друго.
Вчера вечерот се искака убаво и имаше пак конци крв иако еве скоро 10 дена сме на посебна формула. Мислам дека може и тоа и пречи плус и ја боли мешето. Во Данска сум, тука не ни препорачуваат да се пијат капки. Ќе бараме нешто по аптека денес да видиме какви ќе ни дадат.