Дали некој давал вака дупло д3? 3месеца имаме и Каличанин ми рече чим го завршам паковањето со д3к1 и омега да земам веќе д3 и омега па сега гледам што треба да земеме за од вторник баш во извештајот и пишува вака па прво дете и ме збуни да не е д3 двапати многу.. будејќи до утре ги давам последните ампули од д3к1 и омега. Дали некоја имала вака за давање или да идам утре кај педијатар да прашам што да земам ...
Значи сега да земам на бејби тол д3 и плус уште едно д3омега заедно што се така? Мислам дека не не мереше она тогаш колку сме тешки
Не мери ортопед. Или видела во некој извештај или ве прашала за тежина, а верувам дека и од око може да направи проценка за доза. Доста искусна докторка е, јас би и верувала.
Да ние. Фидановски ни ги препиша, Каличанин потврди и матичната исто ми потврди дека треба поголема доза. Фидановски рече бидејќи веќе има качено на килажа, таа е причината. Чим три доктори рекоа, нема утка
Мајки помош незнам што се случи бебето го дојам редовно веќе е 3 и пол месеци, кај 19 часот плачеше врескаше не сакаше да цица мислев дека е во скок му дадовме вештачко и одма осетив дека левата града ми стана трврда и како со грутки, понекогаш и од другата така се прави ама ќе се измолзам и поминува, се истуширав и пробав да се измолзам и само 20мл излезе а целата ми е грутки, пробав пак со топол туш и со масажи не излегува веќе воопшто млеко пумпата ми е испробана секогаш сум вадела млеко и по 120 мл не е до неа
Дали некој се има соочено со водена кила кај бебе? Докторката на преглед низ муабет само ми го кажа тоа и ништо друго,освен дека само се повлекува.
Ставиго бебе на таа града и силно стискај со рака на градата на различни места да пуштат грутките. Ако неможеш ти викни ја мајка ти или мм нека ти помогне
Тие што сте користеле банеоцин за папочето, после колку време користење ви се затвори скроз т.е немавте гнојче?
Малиот има водена кила на едниот тестис. Ни рекоа дека ќе го следат, има големи шанси да се повлече. Бевме на детска хирургија за друго, па ги видоа и килата и таму ни рекоа да се следи. На многу им се повлекуваат сами, се надевам дека и кај него ќе биде така. А и сама гледам дека се намалува.
Прва вакцина е на 2 месеци и 10 дена, наредна тие ни кажаа кога да одиме, а треба да сме со полни 4 месеци. Значи 2 месеци од првата.
Мене на два пати ми се има случено, мислам дека е затнат канал. Само бебето со влечење успеа да ги извлече пумпата ништо не влечеше. Топли облоги не ми помогнаа, ставав облоги од ракија зошто ми беше топла градата. Додека цица и влече масирај ги грутките. Може нема да успееш од прва да ги разбиеш сите, ама од втора би требало. Јас и рачно измолзував а со пумпа воопшто. Може и плачело зошто тешко му оди на таа града, ама упорно само.
Може и шише со топла вода да ја масираш и бебе да ставиш одма да цица, ќе ги извлече бебето само да е гладно и да цица посилно. Пробај и сменк позиција на доење
Ми треба совет од тие што доите и се измолзувате во исто време. Како го менаџирате сето тоа, моето бебе е четири месеци, си цица на 2.5 или 3 часа, освен навечер по повеќе време спие. Купив убава пумпа и решив да ставам во ќесенца млеко. Кога да ја користам пумпата не сфаќам, после доење или стварно не знам. Тоа што денес ќе го наполнам во едно ќесенце без разлика колку ќе е како да го чувам, во фрижидер па да го замрзнам ли на крај на ден… Сакам да имам залихи а многу неспремно се осеќам на оваа тема, и некоја трема имам, што ако бебето снема во градите за цицање, а она обожава да цица не сака засега многу шише. Благодарна сум за секој совет!
Истото ми беше и мене среќа го разбудив бебето и цицаше одма ми олесна, денес напипав и нема веќе грутки