Не знаев каде да го поставам прашањево па ај тука. Некој да не знае во поликлиниката во Ченто до колку може да се однесе бебе на вакцина? Првите 2 пати го носевме од сабајле ама утре имаме и термин за на ортопед па сакам се во еден ден да завршиме па дали пример може околи 1-2 часот попладне за вакцина да го однесеме?
E остај не давај веќе, абе не дека сме ние по учени од докториве ама стварно на 3 месеци бебе да препишиш сируп за апетит и имунитет ми нема логика. Ти замисли сега ти плачи неможи да цица па уште повеќе апетит да и се отвори од нив оди па смири ја Пробај смени цуцла, шише, една мора да се погоди. Ние ко ќе водиме борби со моево за цицање навечер, сега е во скок нејки да цица, пуштам white noises на youtube и се е тивко никој несмеј да мрдни дома чекам да се смири па давам да цица и успеваме некако. Или па има моменти ко ќе му надојди многу млеко наеднаш, шприца од сите страни од брадавицата, па пишти нејќи оти неможи да постигни да голта, се тргам молзам 20тина мл тој појакиот млаз па после си продолжува нормално со цицање. Пробај секако мора да се најди начин па кај и да е можи и со вкусови да почните секако гледам скоро сите препорачуваат со полни 4 месеци да се почни, јас почнав од 5ипол за првото, ама како и да е поарно тоа од колку сирупи.
Многу помалку од ова се има случено да видам, како црвено малку во свиокот, судокрем ставав. По секое бањање бриши под пазуви и врат убаво.
Јас вчера бев во Букурешт во 1. Ваљда и другиве работат сигурно до кај 3. Ваму пишуваше до 15.30, пауза од 10.30 до 11. Е сега не знам дали е исто сегде.
Денес купив термос од дм на babylove па сакав да прашам ако некој го има истиот термос колку време ви држи топла вода и дали го стерилизирате пред секое користење?
Мајки, денес цел ден со килажата сум преокупирана. Значу бебе кога ке ја допре брадавицата вреска се витка цело не сака да цица а гладно е знам, а доближи му ја цуцлата одма ја зашмукува. Треба да станам со неа на града и да шетам низ соба за да цица. Имам прашања: 1.Колку време треба едно бебе да цица? 2.вие шо воведовте дохрана со ад како кое време давате од какво шише и колку пати? 3.можно ли е од вакцините нешо да е намален апетитот? Немам мира детево гладно сме го оставале глеам 150 до 200 на недела треба да качуе моево 50 еј грефче..
Да не сте во скок? Тој што почнува од 14 недела до 19? Ние сме само на цицање повлекува 2-3 пати па пушта се врти си гледа па се враќа пак јово на ново цицањето ни стана хорор се тегнеме влечеме .. ако може да цицаме ќе цицаме и 2саати .. иначе за цицање мислам дека индивидуално од дете ние кога не бевме во скок сама се тргаше од града кога веќе ќе се најаде па може да кажам континуирано цицање без престан некој 7 до 10мин одприлика. Од вакцините по мене неможе да е намален барем не сум слушнала до сега такво нешто моето после примените вакцини од ротата 5дена после подој ми повраќаше во млазови па почесто ја стацав да цица. Провери и јазичето да не е со наслаги некакви или па бели наслаги да не има ако има може од тоа да нејќе да ти цица треба да исчистиш другарка чисти редовно јазиче кај нејзиното бебо
Мајка и моето не сакаше да цица вришти од цицка мислиш го колам али таков е уште од почетокот а од шише пиеше се измолзував и давав иначе пие на точно 3 саати и дење и ноќе сега нешто незнам што му стана почна да пие навечер на 2 саата мислам дека полудувам од што ми се спие..Инаку за тежина ние сме 7 кила 3++ види измолзи се да видиш дали имаш млеко ако не почни со дохрана. А ако е во скок може или покачен или намален апетит зависи како кое дете мојов се покачи апетитот.
Пред 1 саат цицаше, сеа се измолзив оти морам да спијам ке припаднам. Само 30 мл. Престана да капе од градите и исклучив. Уфф
Малце е тоа... Обавезно ставај да цица и после цицање пумпај постојано и гледај еднаш во денот да ти биде power pumping само така ќе го зголемиш млекото земај и чај за доилки и гледај да јадеш повеќе мене тоа многу ми помогна. После доење дај му и АД ако гледаш дека е гладно а ти за тоа време пумпај . Само упорност и ќе се зголеми млекото и ќе се стабилизирате.
Здраво мајки Моето е скоро 40 дена, и приметив дека кога ќе заврши со доење и ќе го подигнам со двете раце му се тресе левата нога на секунда, денес и на десна приметив дали е нормално тоа и уште ми е жолт највеќе во белките на очи Инаку бев на лекар со него рече да се носи на клиника кога ќе му извадиме книшка Ама сакав да видам дали на некому така се случило од вас со ваши бебиња
Да и мојот така правеше кога ќе го легнев да го соблакам, баш затресување на нога имаше. Прашав ми рекоа најнормално билони стварно се изгуби после некој период
Кога ги ставивте прв пат бебињата во кенгур? .. друго, дали ад млеко сменувате сами, или со консултација на педијатарот прво? Ми враќа моето бебе, некогаш е бљуцкање, некогаш повеќе. Зборував со педијатарот, не ми рече ништо, бидејќи со килажата бил супер, а тоа кутрото цел ден со враќа..
1. Зависи од бебето, некои празнат града за 5 мин, некои за пола саат. 2. Јас воведов дохрана на 2 месеци. Нудев ад после секој подој, пиеше цело време. Томи Типи шише одма го прифати. 3. Не верувам дека е од вакцини, можно е од скок да е намален апетит и да ти вришти така. Исто опција е да немаш доволно млеко, па затоа да ти вришти. Пумпај после цицање за да стимулираш, пиј лактил капсули и чај за доење за да зголемиш млеко. Ако даваш ад да знаеш дека може да ти се одбие. Јас сменив еден подој со ад, одма ми се намали млеко, после месец дена сам се одби од цицање. Му тече полесно од шише и се нервираше ако го ставам да цица. Реши си сама што е најдобро. Како и да е битно бебе да не е гладно.
Скок мами...со првото бев на доење и мака богами видов повеќе одколку што треба да уживам...ем од една града цицаше другата неќеше никако да ја фане...ем ад не сака... ем му е малку и само стануваше морав со кашички мн рано да почнам... сега сме на ад со второто бидеќи. Во истата града немаше млеко ...и почна да му е малку но за среќа прифати ад и сњга сме целосно ад.. когабевме 4 скок мн малку пиеше и тој месец малку ми качи на килажа и еве сега се врати во нормала
Мами знам ти имаше порачувано вреќа за спиење од нанам...сакам ја зимска дебела со ракви... каква е вашата дали е дебела
Прво зборувај со ортопед. На веб сајтов https://hipdysplasia.org/hip-healthy-products/ се сите модели одобрени од светскиотв институт. Ние сме кај др. Ласко Коцев и тој ни имаше извадено некои листови од истиов веб сајт и ми рече дека кенгурот шо сме го земале е одличен и да не се секираме. Моделот е: Инфантино cuddle up од енцименци, многу удобен. На него пишува килажа, ама мислам од 5кг е нагоре, не е за помали. Баш докторот се изненади како сум го нашла ова, ама златен тик ток сѐ ме научи ))) Не секој кенгур е добар, макар и 10 000 да е, баш види