Јас го имам, држи топло многу време. Јас обично го полнам околу 8 навечер за да имам преку ноќ. Водата може да е млака до утре попладне ако не ја дотрошам. До сабајле е жешка сигурно. А ноќта кога правам, ставам и ладна, мешам, па ставам ад. Не го стерилизирам на секое користење.
Мустела пена за миење коса за теменици и фризи масло за темемици. Ние уште имаме.. не можам да се отарасам дека има многу коса и не се гледа секаде. Со чешел чешлам ама џабе...
Се мислев маслото да го земам, а се бањаме во маслена купка на Биодерма. Ако можеш сликни ми ја пената. Ако кремата помага, да завршам со едно работа. Ако не ке пробам и пенава.
Пред спиење се мачка на главчето кај што има теменици, да стои прелу ноќ. Сабајле се мие главчето. Јас во раце го држев и со една рака го плакнев насабајле главчето
Која козметика ја користите за сува кожа? Има сува кожа само на стапалата кај прстињата и дури му е црвена и се лупи. Веледа користиме и крема еуцерин што ни ја даде докторот за проба ама не помага.
Bioderma за атопична кожа. Јас и маж ми имаме чувствителна кожа па од старт го зедов тоа. За сега е ок. 2ипол месеци е бебето ама не го мачкам нон стоп.
Мајки да ми го пушти некоја по пп бројчето на Др. Сајковски? Како ми се расипа стариот мобилен останав без него. (знам поише 8ки имаше)
И кај секој педијатар може да ти даде различна килажа. Нас ни се деси педијатарот за гастро во Систина да ни каже дека бебето се здебелило само 50 грама и не му верував дека беше потежок на рака. Го измери на малецка вага. Дојдов дома, се качив на вага со него запишав и после се качив сама на вага и ја одземав разликата. Бебето беше 300 грама качено на килажа така. Отидов во Систина пак и инсистирав да го измерат на неонатологија на истата вага каде цело време го мереа, таа е голема вага бебиња и стварно беше здебелен 300 грама. Прво ми твдеше нема шанси да е толку голема разлика во вагите, ние нонстоп ги проверуваме.. и после ете испадна како што кажав. И да не ти е точна дома вагата, разликата во килажа качена со него и без ќе ти ја даде неговата тежина.
Било што што ќе му помогне. Планирам и за мачкање и за бањање да земам. Може ли слика од кремата да ми пратиш пошто повеќе ми дава. Маслената купка е оваа така?
Синко е во 4ти скок на најјако. Навечер во спиење ми "лази" по цела спална. Значи се бута скроз до горе и си ја мава главата во надглавјето и бутаааа не прекинува, па го влечам надоле и така во круг. Заспан, не се буди. Ви прават така? Не памтам керката на 4 мес така да правеше.
Хаха ептен понапреден , срце Инаку не е кај мене така, плачка е ептен. Ништо ново нема сега за сега, на меше штрајкуваме ( никако не сака )