Ќерката се случуваше порано да влага во некој од скоковите. Сепак не се исти сите. Види како ќе е, акп тера вака недела две, добредојдовте во 4ти скок и со среќа.
Вториот скок мислам дека порано го забележав за некој ден, ама сега па ептен порано ако е ова 4тиот. А третиот па ич, не знам зошто.
Исто и моето правеше така период им е. Мрдаше, преташе, се вртеше по 100 пати, па се туркаше со рачињата ама помина сега мирно спие
Мој совет… моето направи седум, од мал го оставав и татко му да го заспива, после тоа и баба му и дедо му. Песна ми е сега… кај секого заспива, не е плашлив, иако беше искрено
Ќерката до 4 мес ја немав со никој оставено, цицаше. 3 години има, еднаш нема заплакано по мене. Синко сега, ем не цица, ем од 2 недели го оставам, како направи 3 месеци, плаче, се корне кога не е со мене. Значи буквално млеко не можат да му дадат кога не сум тука јас. 4 месеци има, кај ми е крајот. Вчера му плачел на татко му до заоѓање.
Majki moeto bebe e skoro 4ipol meseci,na vestacko mleko sme do 2 meseci davav i vestacko mleko i majcino posle 2 meseci samo vestacko.. koga. Napravi 2 ipol meseci pocna da hrci so noseto i se uste stavavme i mastovi i antibiotic piese po preporaka od pedijatar no ne pomaga..dali bi mozelo da e od vestacko mleko..? Dali nekoj go imal istiot problem? Mozebi koga ke pocne da jade cvrsta hrana ce prekine? Poradi toa hrcenje so noseto ne mozeme da primime vakcinite falavi mnogu
Е што викаш од татко му плаче твојот, мојот од непознати. Преку ден седи и со свеки и со мм без проблем ако имам некоја работа да завршам. Се отепавме одење на свадби периодот свеки го заспиваше навечер и се навикна уште од мал. Реално и треба, во план ми е дури не почне да оди да го чува таа па тек после во градинка да го пуштам.
А направивте брис и крвна слика пред антибиотици? Не би требало да е од адаптираното. Дали има секрет во носето?
Ех да видиш, јас со синко заглавена бев до 21 месеци додека не го одбив па после на спиење едвај , ме бараше цело време а сега на 3 год без проблем спие кај моите А за ќеркава не верувам да е така , сигурно нема да плаче по мене Нека ме утеши
Ако вклучувате клима во просторијата во која спие може од неа да е. Малиот секое сабајле се буди со затнато носе, го чистиме носето со аквамарис и цел ден си е добар. Следното утро иста приказна ама не сум загрижена затоа што и јас секое утро сум иста. Си прими вакцина затоа што крвната слика беше добра, а и го прегледаа пред вакцината.
Да те прашам. Како вадите мрсулчиња? Има и мојава од млекцето и од клима. Имам дома Бекутан спрејче, ама незнам дали е за тоа. И како влечете после?
Ако е само хрчењето без присутна бактерија или вирус не е проблем за вакцина, така ми кажаа на преглед пред вакцина. А нема ни потреба од антибиотици. Тројца различни доктори имам прашано ми рекоа дека не е ништо, промена на време, од клима и слично може да е причината. Болно кога е бебе се познава. Од време на време и син ми захрчува, доле во носе нема мрсули а во некоја положба кога лежи знае да ми захрчи некад.
Мајки ние изгледа сме у 4ти скок. Навечер стрикно само во мене спие и така јас легната и она на мене на меше. Кога и доаѓа времето за спиење и преку ден плачи до зајдување, кажете ми некоја тајна состојка како да го променам тоа? Мирна мирна а трие очиња се прозева а ке ја навалам да ја успивам или дојам ееееј вриштење со солзи со све..
Користам аквамарис спреј и рачно го масирам носето со крема. Носето меѓу показалец и среден прст и поминувам по должината на носето од горе надоле и се спуштаат. Земав рачен аспиратор ама со него не ми успева освен ако се ептен напред. Еве слика од спрејот и аспираторот, можеби ти ќе можеш со него.
Срга 5от месец почна повеќе да разбира..ама и не хо држат многу треба држење да се уче во секој...ама се неможат многу
Исто и нир сме мислам дека не можан да мрднам дур нр му дам млеко оти знам дека нема да успеат..мрда, разгледува, се превртува...
Не ваков аспиратор. Има едно со цревце и со устата да влечеш, и тие што се погоре излегуваат, само прво солен спреј прскаш. Еве овој го имам од аптека земано, вака изгледа.