Добро, како да рачунам недели за скок? Од ден на раѓање или кога требало да биде терминот? Од раѓање е 6 недели и некој ден, 3 дена е да се обесам. Откако ќе стане сабајле кај 6:30 до 18:30 , дали се собира спиење 2 часа. Заспиј, разбуди се со плачење. Па последен саат пред спиење е хорор. Плаче со зајдување, солзи за извоз. Грчеви ли се, скок ли е, што ли е незнам.
Многу јако цицање хихи На бебле и се појавува чат пат, и сум приметила дека е кога многу жустро цицала, ама поминува... Ништо страшно
Еве ние на 3м. Ќе си упукам у колено. Јас ја разболив. А и јас се неам разболено ехе... Мислев се чистам од цигари дека скроз ги баталив коа се породив... Ама сум го фатила глупиов вирус нос и грло што е. Ставам и капки синомарин од ампула и марисиимо спреј... Ама многу горе и се мрсулите неможам да и ги повлечам... Ми кршти кога спие, во раце ја држам неколку вечери и така опколена со перници ќе поспијам малку. Се надевам дека ќе почне да поминува...
Зарем? Е незнам што би у овој случај. Ваљда не е убаво наместено бебле кога цица. Ланолин користи си ако не користиш тоа може да омекне уста на бебле и да му помине.
И мене ми ги препишаа во ремедика, никогаш не ги дадов, според мене нема логика на новороденче витамини да се даваат, и матичната ми потврди и ми кажа дека само во ремедика ги препишуваат, затоа те прашав кога видов кои витамини се.
Теши се ја сум со бебиња од 6м и дете од 8г сама некогаш по цела недела кога маж е на терен. Сами сме тука во германија и немам помош од никого. Сметај ское утро го носам и зимам големото од школо и до школо. Со две бебиња и капан а се сега сите 3 се со температура.
Леле мајка алал да ти е, значи се навикнуваш сакаш нејќиш.. Знам дека се поминува, дека многу брзо растат, ама еве сношти три саати се боревме да цица и да спие, сабајлево исто, колку и да се тешам така пак попуштам со нервите на моменти Скок ли е шо ли е маста ми ја извади, сношти вечера ми беше пола чаша вино, после таа борба немав сили да џвакам
Скоков ни е на најјако деновиве изгледа, никако нејки да цица од десната, вака беше и кај вас или само моево глуми?
И кај менр така беше неколку денови неќеше од едната да цица и јас мислев дека не е гладно дека за друго нешто плаче..
И јас така па си велам не е гладен му се спие, а нејки да заспие уствари гладен е и оди па снајди се Нема колку шо знам.
I nie isto od denes 3,5 meseci, nosot tece potkasluva I samo potprdnuva, I ne saka da jade nisto cel den se molim pluka cucla nejke