Haha jako … koga ke bidat dovolno cvrsti da mozes da fatis. Kaj mene posle 6-7 nedeli se secea ubavo..
Јас уште втората недела му исеков, долги му беа се гребеше. Какви и да има адети нема ваљда да чекаш бебе да се гребе.
Има само две недели ама се изгреба цело, немам уште купено ножички или ноктарица а и сами му се искршија тие што беа големи
Нели пишував и јас, и моето 3+++ наеднаш почнува да вришти, ко имаше грчеви не плачеше така. Некни исто од сон се разбуди исцика. Се тешам скок. Исто пред секое спиење навечер плаче. Иам нов страв јас. Се засркна прегеска и исповрати, шо шлајм шо млеко и многу. Еднаш беше ама си помислив ете да немало никој одма шо ке беше.. Уф
Мајки каква форма се папочињата на бебушите? Приметив на бебуш мој дека му рипна многу последнава недела, многу и е испакнат надвор. Делот кај сто е пресечена папочната надвор е пола, се гледа. Не знам дали е нормално. Кога напрега уште повеќе е испакнат, вака кога ќе го допрам не ја боли и знае да се врати, но штом напргне пак се испакнува
Има папочна кила. Ништо страшно, се повлекува само до годината. И моево имаше, и тоа педијатарот не ми го ни спомна. Јас кога реков мислам дека има, само ми рече да, има ама не е битно, ако уште ја има на година ќе ме потсетиш. За 2 месеца се повлече.
Со син ми (4 и пол месеци) преживуваме регресија во спиење Читав не било окејнда се презаспива со цицање за да не прави врска меѓу јадење и спиење, но не се смирува на друг начин. Баш гласно плаче и ништо друго не помага, не знам како да го презаспијам без да го вадам од креветче. Си мислам може е гладен па затоа се буди, бидејќи после цицање убаво си спие уште 2-3 саати. Некој совет од ваше искуство?
Исто и моево, дефинитивно не плачеше така со грчеви, нити со рефлуксот. Од памет се извадив вчера дека одеднаш без причина почна. За повраќање не се секирај, си имаат рефлекс природен и ќе си ја исфрли храната. Ако има шлајм најубаво однеси го на педијатар да го ѕирнат. Моево се засркнува нонстоп, дури и од плунката во спиење се засркнува дека ептен се лигави. Ко булдог е со тоа лигите
Моето бебе скоро секогаш со цицање заспива освен сега кога е во скок, плаче неќе да цица и заспива со шише или цуцла
Не е гладен. Мојот е исто 4 ипол, пие по 200 мл ад, па од 2 до 7 сабајле се превртува по цел кревет . Скок и регресија имаат тој период. Не читај мн по нет, голема работа ако заспива со цицање. Боље цицање, него да го нишкаш. Чуден период е од 4 до кај 6 мес, им се менува спиењето на сите.
@Tea SK Мила, колку кг ти е синко, гледам му даваш 200мл, јас сум уште 150мл сите оброка, ги пие до крај. Има некаде близу 6 и пол кила според ова дома што го мерам. Некаде од прилика 6300, 3 и пол месеци е.
И јас му давам 150мл, пред некој ден го мерев 6,4 кг е. Бљуцка со повеќе моево, а го допива до крај кога е расположен. Некогаш помалце ми пие од 150мл.
Јас ја користам, ја имам инсталирано уште со првото дере. Прецизна, точна и многу убаво објаснето за секој скок.