Ние во понеделник сме. Педијатар ни кажа вежби за колкови да правиме, ама со мојава лавица , тешка борба е тоа.
Сигурна си дека е алергиска реакција? Не давај сируп на своја рака, може го полазало нешто па да поминете и со маст или сам да се повлече осипот. Инаку има Аериус сируп за алергии нас тој педијатар ни го има кажано, ама одете на лекар пред да дадеш сируп.
Kakana ok ama ako ne e togas ne ja presoblekuvaj majka. Koga ke legni i ko ke stani sabajle odmivaj i nova pelena.
bibi prv pat ste ba ortoped vo ponedelnik? Mene ortopedot mi kaza ako sama mrda so noze nema potreba od dopolnitelni vezbi. So lavica verojatno toa saks da kazes deka se bori odbiva da vezba
I jas toa sakav da pisam. Prvoto go presoblekuvav i noke na sekoi 3 saati. Posle edna povozrasna prijatelka mi go kaza sovetot deka nema potreba noke i mnogu mi e pomirna glava sega. Ne ja cepkam do sabajle. So nego ke go presoblakam, pa ke mi se rasoni pa ne zaspivase pa nisaj pa dumkaj pa vozi kolica po doma ziva ne naspana.
Да исто и нас ни кажа вежби за колковите и ставање на стомаче, а сега последен пат ни рече и да ја фаќам за рачиња и полека да ја ставам во полуседечка положба и да ја спуштам. Ма да некако мала ми за да ја фаќам за раце, но ајде ќе видам и ортопедот што ќе каже.
А не се буди прегладнета? Колку е твоето? Колку време ти спојување навечер сон? Мојава знае да врисне кога долго не е јадена, абе не дочекува раце да измијам. А кажи ми преку ден на колку време ја раниш? Доиш или ад?
@TutiFuti @Yowannty предложете некој гел/шампон за капење за сува кожа од кај вас да порачам да ми донесат
Каде да најдам онакво индиго за отпечатоци од стапалчињата? Претпоставувам е посебно некое, бидејќи е за бебиња
За сува кожа препорачуваат маслена купка. Види на Веледа имаат мислам маслена и плус имаат посебна колекција за атопична кожа. И на Еуцерин исто.
Јас биодерма маслената купка ја користам за туширање и потоа млекото исто на биодерма атодерм. Ги имаш нив и таму. Моиве имаат доста сува кожа, а син ми редовно лишајчиња по тело вадеше и само биодерма му помага. Ќерка ми има многу сува кожа откако се преселивме и неа биодерма излезе дека убаво и ја хидрира кожата. За коса користев Хип шампонче последно, ама мислам и се презасити, па ќе земам нешто друго деновиве.
Дали женско бебе смее да се ишиша кратко за да му расте после косата рамномерно ? Има коса од ко се роди, ама сега му се подизретчува. И плус има теменица која многу ме нервира, па можеби побрзо би се исчистила тогаш.. Се мачкаме, се миеме со убав шампон, со чешел мек ги трлам ...ништо