Ехе и тоа ептен со Носко ама тоа е, со првото малку покасно а сега со ќерката уште од 3 месеци... штом пуштам правосмукалка се наведнува наназад
Педијатарот ми рече на 3 часа по 120мл да му давам. Мојов нема никогаш испиено 120. Пие по 100ка, 80/90 зависи колку му се пие. И тоа е на саат ипол или два. Не можам да го држам 3часа без млеко. Се водите вие по тоа на толку и толку часа да пие толку млеко?
Да, вриштење е ко да го колеме секој пат кога користам аспиратор . Маж ми влече, јас го држам дека е борба
Ќерками се смее на будилник што трепка , се смее и на кутиите горе често кои се над плакар.. има една бела и другите се крем. Така ли прават и вашите? 4 и пол месеци е.
Дома го приметувам обично оти е гласно, ама вчера бевме излезени ич не го приметив, кога си тргнав да сменам пелена имаше што да видам
Ретко, 4++ е, само наутро кога е се многу тивко можам да приметам, среќа не кака често, еднаш или два пати во денот само и тоа најчесто наутро, менувам на 2-3 часа најмногу пелена и до сеа немам забележано да стоело подолго какото. Сеуште нема напони за какање најверојатно дека сеуште е само на млеко, и не мириса, само кога ја отворам пелената тогаш можам да осетам некој мирис… Кога ќе почне со храна ќе се приметува и напон и мирис
Месец дена сме и една недела. Дали е можно од сега да почнат грчеви? Денес премногу плаче, неутешно вришти, не знам што може да и е. До мене припиена еве ја спие, а мрднам или ја оставам ненормално вика, се уплашив многу што и е. До сега си плачелљ но не вака како денес.
Кај моево баш се приметува напон, сеа не кој знае колку, ама ги стега рацичките и се црвенее во фаца. А, не кака тврдо, туку баш нормално. Инаку, само на млеко сме.
Има ли и други бебиња кои се нервираат кога се на меше..мислам сега не лази и сака нештп да фате да земе а не може и одма почне да се нервира и да плаче ...
Сигурно почнале грчевите. И кај нас многу рано се јавија. Ако се во одреден дел од денот сигурно се тоа. И по плачот сигурно препознаваш дека не плаче за јадење или спиење. Ставај и термофор на стомачето и обавезно масажи. Тежок период е, ама ќе издржиме. И ние мака мачиме некои денови. Успевам да го смирам со тоа што го ставам на гради и го нишкам и му пеам.
Да ако цица прекинува и гледа во една точка и испушта звук ко стар. Сега со 3+ се одвојува од дојката и се мести сам во некоја позиција поткренати раменици и заврчува работа звучно . Течна му е столицата, на доење со по некое ад сме. Ама од старт е така.
Ќерками се смее на будилник што трепка , се смее и на кутиите горе често кои се над плакар.. има една бела и другите се крем. Така ли прават и вашите? 4 и пол месеци е.
На помалце од 3 ч гледам да не давам и се држам до тоа. Е некои 15 мин порано ако ептен плаче, ама знам и дека не плаче толку за млеко, колку од умор, па со млекото заспива. Пие 120 ка. Некогаш ќе испие 90, некогаш 60. Ама си ги цуца 120 охооо. На помал размак , ќе им биде тешко на мешето, дека АД потешко се вари.
Охооо. Па едни звуци што ги испушта хахахахха А и звучно и е какањето, па нема промашај. Сабајлево јас на преглед влагам, а мм со неа се шетаат и ми пишува дека се искала. И се приметува ептен.
Знам за варењето. Ама не успевам никако 3ч да го држам без млеко. Буквално збеснува и мислиш прстите си ги изеде готово хахахаа