Mojata denes tri polni meseci e, istoto go pravi a baška i cica, pola pola sme, mnogu e drčna nekako, imam čuvstvo deka samo jade haha
Да, се напнува, веѓите му поцрвенуваат . А и да не го приметам ако не сум до него на пример, го осеќам на мирис на 2 метри.
Здравоо ,на 16ти ноември правиме 2 месеци ,денес малце бебуш ме загрижува со спиење обично не е така но денес е многу поспана синоќе заспавме во 12 саат по полноќ се разбуди утрово во 11 седеше будна само 1 саат и пак заспа потоа се разбуди во 2ипол седеше пола саат и еве од 6 до 8 беше будна како заспа во 8 саат не е станала спиејќи цица и тоа по 5минути ,мерев темп но нема ...баш сум загрижена (прво дете ми е инаку)
Незнам што е ама викам сигурно нешто менува не ми се верува за скок дека сме месец и една недела додуша родена е 38ма недела можно и да е незнам точно кај да гледам
Ќе искочи нешто ново сега. Абе што вика мајка ми, бебе е. Нормално е и да плаче и во сон да се буди. Расте, се развива. Секој ден нешто ново ќе гледаме.
Исто и моево беше вчера. Ко зајак е преку ден со спиењето, вчера да ме може оли да отвори и вришти ако ја поместиме, ме извади од памет и директ на лекар. Ми рече може да е скок во развојот, мојава е месец и една недела. Плус не беше искака а кака после секој подој, многу и беше тешко. Рече ќе менува сега
Имаат такви периоди. Ми се случило неколку пати. Ако полни пелени, јаде и нема температура не се плаши. Се случува кога забрзано растат, имаат скок итн.
Зар ќерками сака да јаде веќе, кога и ставам во лажице витамини се радува, ја отвара устата скроз така планирам со полни 5 месеци веќе да воведам вкусови
Ние се изначудивме и изнасмеавме вчера... 3м е, а џвакаше, шмукаше гледајќи не како јадеме И јас така некако планирам со полни 5...
Значи и ние сме месец и една недела што значи според симтомиве и ние сме баш исто како вас те читам и се пронајдувам
Исто и јас така планирам,мојте се веќе полни 5,планирам оваа недела да почнам со вкусови,а и полека да воведувам еден оброк,ме истоштува ова доењето на двете.,барем некој подој да намалам.
И бебле исто вчера, шматаше со устето, ги гледаше мм и мајка ми, се возбудуваше. Баш ми беше чудно, ама ете, нормално било хихи
Ги држи доењето? Синко едвај издржува 3 саати без млеко. И јас планирам од понеделник да почнам со морковче. Хип-ов кошта колку рата за станбен кредит месечно .
Па ги држи да,момата спие цела ноќ..,над 7500 се,ќе видиме за понатаму. Ќе почнеме наскоро со вкусови,само се мислам со што прво,овошје или зеленчук,со првото со тиквичка почнав.
Мене ми рекоа со зеленчук дека ако почнам со овошје после може да не ми го сака зеченчукот. И да прашам вака како неискусна мама, планирам да почнам со морков прво една лажичка, па следен ден две лажички, третиот три, дали можам од истата тегличка или секој ден нова да купувам? Може глупо е прашањево, ама стварно не знам.
Можеш од истата тегличка. На секоја тегличка си пишува колку време може да стои отворена во фрижидер. Некои се 2 дена,некои 3. Нема потреба за нова лажичка,нова кашичка.