Мајки приметив кога ја фаќаат грчеви, кога пробува да се истегне и ја заболува, десната нога како да ја затресува. Не стално но неколку пати приметив. Дали е нормално, сте приметиле кај вашите?
Кај кој педијатар сте? Кај повозрасен некој? Извини што се распрашувам ама прочитав дека ти рекле и широк повој да ставаш. Малку застарени се препоракиве, едно 15 години.
Кога може бебе да се стави на 45 степени во количка и хранилка? 4++ сме,кога сме во парк веќе не сака во количка, сака само во раце нормално сака да гледа.
Во Систина на почетокот идевме, таму се породив. Двајца педијатри не гледаа и двете рекоа по паѓање на папочето, две пелени да и ставам и вежби за колковите. Не е ова застарено, многу често како препорака го даваат сѐ уште. Д-р Марина од Ре Медика, која е еден од најдобрите педијатри според мене, на предавања нејзини кои ги следев исто препорачува но она нагласи само навечер да се става. Како ќе ми кажат така, не знам искрено што е правилно. Наредна недела сме на ортопед, па здравје она како ќе каже така ќе правам.
Батали ги Систина, најди си добар матичен педијатар да те води убаво за бебе. Супер е Марина, само што развој на колкови следи ортопед. Ќе ти каже следна недела, да не ти солам памет јас. Ме заинтересира само зашто гледам по форумов чудни препораки од Систина и за повој и за вкусови на 4 мес, и за чајов ми падна во очи.
Два пати на ден , саат време пред оброк, за да не и е тешко на меше. Па 30-40 мил максимум. 3-4 дена давав и толку.
Мене лично во систина ми рекоа да не му ставам широк повој. А за вкусови од кој аспект чудни препораки? Ми рекоа да почнам со проби кога ќе ближи 5 месеци и прво со зеленчук.
Ако напредува бебе убаво се почнува на 6 месеци. Големата не ми напредуваше, на 5 почна. Бебе сега супер напредува ама ќе оди во градинка од 9, па пак морам сега од 5 да почнам за да има време да проба се што се јаде таму. Јас кај Паскалов ги носам, сите 4ца педијатри се на став од 6 мес. На 4 мес вкусови според мене е рано. Плус тој месец се хаос, 4ти скок, се им се менува, спиење, мототика, начин на перцепирање на нештата, уште храна да му дадам, сметам нема потреба. Во Македонија како и за се така и за ова гледам има различни препораки од педијатри. Секој својот си го слуша, фала богу.
Да, секако. Ама ок им се препораките според мене. За широкиот повој јас сакав да му ставам како неискусна мајка, тие ме предомислија искрено. А за кашички исто, јас сакав од 4 полни зошто моето има рефлукс и многу повраќа, тие ми рекоа да не брзам, нека ближи барем накај 5 зошто супер напредува и покрај рефлуксот. Секако нивна препорака беше од 6 да се почне ама заради повраќањето да почнам ете барем на 5 со вкусови. А за чајче ми рекоа да не му давам.
И мене уште одма од 1ва недела кога детето имаше ми рекоа убавезно широк повој и тоа да сум зела некој памперс гаќи такви незнам што од Виола само таму ги имало божем најдобри биле. И вика ау само 100грама покачило за 1 недела многу лошо убавезно формула да му даваш на бебе од 1 недела. Ова беше педијатар од 8ми септември и кажав важи чао и одма сменив педијатар.
Јас ја ставам од пред 4 месеци по малку, сега веќе скоро 5 и си ја така користам количката, цврсто е бебето и гледав дека нема проблем да поседува по 15тина минути, сега седи по повеќе но не многу затоа што и така не и е мн интересно, најубаво во раци било Кенгур исто користам и го обожава, мислам дека цел ден може во него. Јас мислам дека можеш, многу бебиња на таа возраст почнуваат со вкусови, седнати треба да се за пробуваат.
Kaj mene vilicaya sum primetila nogata desna samo ja diga. @Laura7 drugoto sto me prasuvase za cajceto prvo da kazam deka sum protiv davanjr isto kako sto kaza Bibi, no morav radi grcevi posto mnogu rano mi ja fatija vo vtora nedela. Davav becutan ama razredeno. Posle mnogu blago mi izglefase. Sama varev so kim. Od 10ml poveke nema ispieno. Sum go davala koga ke fatat grcevite. Sega posledno vreme samo 2-3 laz mlaka voda davam. Vrijam rosa. Ne davam voda od cesma. Nitu baby voda. Sin mi go istetav bez voda bez caj do 6 mes togas prv pat proba i hrana. Od pvoj aspekt razmisluvam deka ne e greska i da se dade caj ili voda. Preporakite se mnogu razlicni od drzava do drzava stvarno neznam sto e najpametno. Alin30ml caj e def mnogu