ехххххх златна јас веке цела недела се мачам еве на 16 правиме 3 месеци абе не сака да спика едвај после бањање заспива онака 5 мин и толку и почне да кинка да е во раце.а дали е лошо да си ги пика прстињатта во уста да не има неш дека ми е прво и нз како треба баш нај нај ама се снаогам некако
и мене ми се има случено да ми се лизне некако од раце ама на среќа не паднало за да се удри мене не плаши како почнува да лази, да оди покрај кревет и се пушта на момент и ќе тресне ке се удри по глава ... ама неможам на секое паѓање да ја додржам треба многу да се пазат , моево треска почесто на газе ...кога е уморна сама се треска со главата во под и плаче а што можам тука него во врска со спиењево ,вчера нели штрајкуваше со неспиење ..па на крај некако заспа еден час и после по свежа беше .. бевме на пливање таму се утепа плачејки зошто не влегов со неа во вода , ама јас и не ни можев пошто ми дојде периодот и со татко и беше абе додека не излегов да не ме гледа се утепа плачејки после се смири и уживаше во водата .. наред пат ќе бидам со неа во вода Вчера приметив и растат долните единици ...затоа и е кенкава цело време мака си има вчера ја преспа цееееела ноќ , од 19 30 до сабајле 08ч спиеше ко јагне Пливањето му е мајката сеа ја легнав пак да дремне малце и заспа се надевам подобро ќе е со забчињава ама како и да е ке го поминеме и овој бурен период
Може да има воздух бидејќи прди и мојата кога е полна со воздух иако нема грчеви испушта звуци затоа на меше и тепкање по газето да се испрди ние прдиме по цел ден ама јас за гасовитеи грчевите давам еспумисан и од вчера спиеме на страна особено лево и е многу погодено многу лесно прди ама заради главчето ја вртам и десно.
Синоќа беа кај нас децата на девер ми, не се доближуваа директно до малата, но се врткаа околу неа, нормално во иста просторија бевме. Гледав колку е можно да е подалеку од нив, како да осеќав нешто Денес се јавија да кажат дека малото кренало температура Многу сум нервозна, незнам веќе како да ја заштита, односно знам од сега, се лутеле или не, додека не пројде зимава, нема да дозволувам никаков контакт со деца. Нека доаѓаат ако сакаат, ние ќе си седиме затвворени во спална. Туку сега рпашањето ми е како, да ја заштитам малава, како да не дозволам да се разболи, многу сум исплашена.. премногу
не му се плаши ика затоа што зема премногу воздух додека цица а поврака затоа што е мало нз колку му е достаа па повеке млеко прима не се плаши нормално е
ама не повракаше вака, ова денес беше како водоскок, се надевам дека си во право, ако и утре се повтори ова ке треба да го носам на лекар оти многу ми е страв дане му стане нешто.
Не се секирај и ќерками беше лакома и повеќе цицаше од што треба и повраќаше и почето и икаше така да тоа е нормално кај мало бебе
Senjorita .. уште многу пати ќе речеш дека не бил таков или слично. Бебињата секој ден менуваат исти случај беше и ќерками, буквално секој ден беше нова приказна е еве сега последнава недела пу, пу да не ја урочам почна да фаќа некој ред на спиење, јадење и др. И малата моја повраќаше и икаше на почетокот , додека јаде голта и воздух па затоа ика на ќерками и помага кога ќе ја гушнам до мене да ме почуствува дека сме заедно дека не е сама и и зборувам нешто , секако ако постојано почне да повраќа посети педијатар .. Уште нешто сакав да кажам сите ние па и ти и сите нови мамички до пред некое време прашувавме и сега полека , полека стекнуваме и ние искуство и почнуваме други да советуваме или ако ништо друго да ги кажуваме нашите искуства .. Пример. Кој би рекол дека јас со 19 год ќе седнам на скајп и цел ден ќе и објаснувам на сестра ми (27 год) која што е трудна 5ти месец дека сите промени што и се случуваат се нормални..
Меу никако не можеш да ја заштитиш ќерка ти од разболување! Ако треба да фати нешто ќе го фати ,па и во стаклено звоно да ја чуваш.Сигурно и ти и мажот ти излегувате од дома,одите по продавници ,се мешате со луѓе,а сето тоа значи дека и вие може да се разболите ,па потоа да ја разболите и нејзе.Знам дека нема ништо полошо од тоа дете да ти е болно,но верувај дека се додека се работи за настинки и вируси треба да бидеш среќна.Сите тие работи го зголемуваат имунитетот.Немој детето да го изолираш од светот ,затоа што треба да создава колективен имунитет ,а и да се социјализира. Верувај дека е многу нормално бебе/дете до некои 3 години на 1-2 месеци да настине или да фати вирус ,особено во зима ,пролет и доцна есен. Опушти се и уживај !!!
меу и јас сум на истото мислење неможеш да заштитиш , кај нас мм беше целиот настинат со денови па на среќа не не прифати и нас . малата до сега само еднаш настината беше , и солзеа очињата ,носето и течеше ама брзо и помина ,навечер ја премачкував со детска маст да ја затопли ,сирупи и слично не и давав сега е време на вируси и настинки и нормално е и ние и бебето да прифати ...ама како што кажа и АИТ така се јача имунитетот
Знам милички дека треба да и се јачи имунитетот, но страв ми е дека е многу мала Уф само се молам да ми е здрава, незнам зошто сум толку исплашена. Јас како мала се со температура бев, а и голема , но еве за неа чувствувам неверојатно голем страв и јас се исплашив како тебе, кога еден ден го дочекав тој “водоскок“ , навистина се загрижив, да прочачкаш низ темата наназад можеш да видиш дека бев загрижена и прашував. Но, помина и тоа, па доаѓаат нови чудни повраќаници, понашања, кашлици... Уфф јас преплашена ми треба утеха, а види како знам и јас да тешам и да викам не е страшно
фала многу на советите, денес сме пак исто како пред тоа не повраќа повеќе, изгледа навистина многу се прејадил синоќа. А и приметив дека кога спие со мене на спалната не се буди често, туку на 4 саати за да јаде само и конечно се наспавме, денеска си спиевме со синчето дури до 11 :30
И ние почнавме да спиеме од 1:30-11ч, со 2пати будење Дури страв ми е да пиша за да не ја урочам, ќе видиме до кога ќе биде вака. Знам дека не е конечно Утрово имавме нова ситуација. Нели бебуш уште е со нас на спална, ама од денес дефинитивно ја ставаме во креветче, зошто почна да станува активна, па си се довлечкала до мене, и тоа доста голем дел поминала, јас незнам како успеала. Но, штом се довлечка така до мене, сигурно може и на другата страна,, па да падне. Така што е сигурно сигурно е, од вечерва го ставаме креветчето во употреба, па ќе видиме како ќе ни оди .
Меу учи ја да си спие во креветче ,подобро за сите .ем она сигурна е и да се врти нема кај да оди ,ем за вас додека е мала ,после повеќе ке разбира и нема ни да сака да спие во креветче Моево нема шанса со нас да спие од причина што кога е кај нас мисли време и е за да си игра , и се врти на сите страни се пентари по нас
Ние денес имаме сериозен проблем. До пред некој ден не мислев така, но денес сфатив дека не сум во право. Одбиваше цуцла, но некако се снаоѓавме. А денес веќе не сака цуцла, а кога ја ставам да цица , влече две минути, но не голта зошто нема млеко и пак вришти. Ни во тој случај шише не сака. И дадов сокче на Хип од јаболко и праска, убаво и дојде , но само неколку лажички. Кажувајте чаре, што да правам. Ако не успееме да се нахраниме планирам да ја однесам кај матичната. Ова вриштење не се трпи веќе Мака ми е кога ја гледам
Ад млеко зошто не и дадеш ако не сака со шише пробај со лажичка малку мачно ке ти биде но може денес и е таков денот. Да се надеваме утре ке има повеќе апетит.
Ни од лажичка не сака Веќе 10дена се тешам дека и е таков денот, периодот... но секој ден е иста песна
Meu а да пробаш да ја смениш цуцлата, мислам на онаа за шишенце, внука ми многу повеќе ја сакаше цуцлата од каучук, силиконската не ја сакаше баш, ама не ја одбиваше. Смени ја цуцлата, сега ги има и овие што имитираат града, демек мрдаат, проба си се, но мислам дека педијатарката не може многу да ти помогне. А ти скроз го изгуби млекото или сега само немаш, пошто твоево буце убаво си напредува да не е од око