Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. TanyaClover

    TanyaClover Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Леле исто е и кај нас, а ме советуваат да ја будам и форсирам зошто не ми качува баш на килажа. Ама нема шанси обавезно заспива после 20-30мл и плаче ако ја разбудам, а заспана не пие, нема шанси. Многу ми беше различен синко во овој поглед. Стварно незнам, хаос сме со јадењето
     
    На gwenst му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Мајки со машки бебиња, мислење и совет за следново : прочитав дека за машките не било убаво да им се облекуваат хулахопки
    дали им облекувате?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    На почетокот убаво си го пиеше цело млекце и си заспиваше. Сега мислам дека цел ден само млеко правам (facepalm)
     
    На Meddy и TanyaClover им се допаѓа ова.
  4. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Не, има во тритекс за машки од многу убав памук ѕиврички за одоздола.


    Хулахопки на машко за приредба некоја по потреба имам облекувано.
     
    На Mother of 2boys и gwenst им се допаѓа ова.
  5. Besbes24

    Besbes24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2022
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    1.626
    Пол:
    Женски
    Mu oblekuvam iskreno pa velat ne e ubavo kaj testisite da stegneme ama pa pelena ima tamu zosto bi smetale hulahopkite? Zemam pogolemi i ne mu se tolku stegnati.
     
    На Lady Miami и gwenst им се допаѓа ова.
  6. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Да со пелена нема проблем, со пошироки хулахопки како што рече.
     
  7. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Мајки од кога почнувате да им воведивате кашички на бебињата. На последната контрола педијатарот ми рече кога ќе наполни 5месеци да почнам со вкусови и на 3 дена да и менувам вкус. Па сакам ваши искуства. Како да почнам со што, кој временски период пред јадење, после јадење.
    И некоја страна или едукативна книга од која сте задоволни да ми препорачате за воведување цврста храна кај бебиња.
     
  8. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.882
    Пол:
    Женски
    Ние на 5+ почнавме со вкусови, еден вкус по два дена. Точно на 6 месеци воведовме појадок. Препораката од педијатар беше прво зеленчук да пробува потоа овошје ама ние пробувавме наизменично и овошје и зеленчук. Еве сега зеленчуковите каши ги сака повеќе.
     
    На WhiteCat33 и Aschenputtel им се допаѓа ова.
  9. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    8.120
    Пол:
    Женски
    Сите различно кажуваат. Мојата кажа кога ќе наполни 4.
    Јас почнав со јаболко, слива, круша. Тие ги минавме досега. Наредни планирам морков, па компир.

    Инаку, последните неколку дена син ми често вика, вреска, онака гласно. А ништо не му е. Уште има грчеви, ама не се однесуваше така кога ги имаше.
    Или почнува да 'ржи. Буквално и кога е во количка се дига нагоре, така како нервоза.
    На последната контрола пред десетина дена кажа докторката ќе се појавело запче.
    Постојано има плунка, кога е расположен си прави балончиња. И раката постојано во уста, дури како да се чеша, како да сака да гризне.
    Не знам дали уште го боли меше оти на моменти уште му пукаат цревата или е од забот или некоја фаза од 4 скок. Утре почнува 20 недела по раѓање.
     
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.418
    Допаѓања:
    8.486
    Пол:
    Женски
    Јас почнав завчера со морков, денес јаболко. По два дена ќе давам, па ќе мешам вкусови.
    Пие млеко во 7, станува накај 8, му давам вкус накај 8 ипол, 9.
    За почеток морков, тиквица, тиква, јаболко, круша, слива, праска, банана.
    Можеш и вода да почнеш да нудиш.
    Ако сака да јаде бебе трет ден од вкус можеш 100гр да дадеш.
    Кај синко јадењево сега за сега со мака. Зема лажицата, ја пика во уста, ќе проврти јадењето низ уста, ќе направи фаца ко кисел купус да сум му дала и плука се. Ќе видиме понатака како ќе е.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.496
    Допаѓања:
    9.628
    Пол:
    Женски
    И јас денес почнав во вкусови.
    Им дадов морков,некаде околу 2 лажички им се изедоа,како за прв пат мислам дека е добро.
    Само јас им дадов после прва дремка,пред да цицаат.
    Стануваат во 7-7 и нешто,цицаат,па околу 9 и нешто прва дремка.до кај 11.
    Не знам,да терам така или како тебе откако ќе станат да им давам да пробат вкусови?
     
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.418
    Допаѓања:
    8.486
    Пол:
    Женски
    Мене најрасположен ми е кога ќе стане затоа така му давам.
    Големата одма лапаше, ова сега ме плаши со плукањево, а за млеко душа си дава.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Bebe gotvac smini si ja aplikacija za recepti za sekoj mesec ima idei i zasledi go na insta domasni.bebe.recepti. Nie cel 5ti mesec probuvavme vkusovi 3 dena po nekolku lazicki zelencuk pa 3 dena po nekolku lazicki ovosje. Koga ke stane od prva dremka ja stavam malce da si poigra i koga ke zakenka i davam da jade. Nie pocnavme so: banana,avokado,jabolko,krusa,kompir,blag kompir,tikva,tikvica,morkov. Sega veke sme 5++ i davam kashi so proso, palenta, oriz
     
    Последна измена: 11 ноември 2024
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.383
    Допаѓања:
    1.371
    Дали ги шетате денес на вакво време?
    Во кенгур во скафандер,во количка?
     
    Последна измена: 11 ноември 2024
  15. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам. Ќе почнам и јас од утре.
    Обошје, па зеленчук. како ве разбрав за сега еднаш во денот и се дава додека да научи вкусови. А после колку време почнува да се меша ориз палента. И пример после давање каша колку време да помине за млеко.
     
    На Hinebrra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    1.212
    Пол:
    Женски
    Za mleko jas i davam koga ke bide gladna, koga ke zakenka
     
  17. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Искуство со водичката од сварени суви сливи? Т.е како чајче..3ипол месеци, само на доење, бебе од раѓање кака на 6/7/8 дена...Пробавме и по малку Бекутан чај, џабе..Синоќа 8 дена некакан, вриштеше од мака, прдеше без да се искака и дадовме бебе клизма..Најнормална столица искака и во не толку голема количина ко за 8 дена..Консултирани два педијатри денес, ако не кака 7 дена да се даде водата од варени суви сливи. Инаку бебе одлично напредува, вкусови пробување после 5ипол месеци ни рекоа..
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Нас педијатарот ни рече 2мл маслиново масло на ден за да не се мачи толку при какање. Он кака почесто но многу тврдо и маслото мислам дека помогна. Ама ние бевме 5 ипол месеци тогаш.
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    До три и пол месеци исто беше какањето и магично преку ноќ се смени, два пати стсвав клизма.
    Чаеви и сливи немам давано.
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PoisonIvyFatale

    PoisonIvyFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Здраво, се породив пред два дена утре веќе ќе си одиме дома. Тука во болница го доев детето но не му беше доволно и го дохранувавме со бебелан. Сестрата вели дека е нормално на почетокот да немам доволно млеко и ќе надојде. Е сега прашање ми е кога ќе си одиме дома дали да купувам вештачко млеко или да гледам почесто на града да ја ставам? Страв ми е да не останува гладна, таа спие многу и треба да ја будам за да јаде.

    Ви благодарам, прво дете ми е