Не..плачеше прво ...по 1 нед извади запче.. па почна демек 4 5 лажички ама барем не плачеше..и сега 5 6 лажички убаво зини ги касни другото е со лажење ама почнав да ставам просо..палента за да дојди понеутрално погусто оти ако е течно го плука. не го сака..купив и бисквитки на хипп, ке почнам полека и карфиол..цвекло нека напрај 6 мес само...млечните полека грчки јогурт па белким почне ама очигледно нема да е јадач да јади количински каши
Големата одма ми јадеше по 100гр затоа ме чуди сега бебе. Ај да се надевам дека е поради забите, еден извади, сега и друг ќе вади, потечено му е.
И дадоа втора доза, за трета нешто спомнаа дека не се сигурни дали ќе прима но не стигнавме со докторката да позборуваме дека мн плачеше. Ти медицинско лице си или имаш познавања на тема вакцини? До осум да не мислела матичната за со последната доза …
Јас цел ден не можев да се смирам, бебе се смири, и залепив лепенки, за болка и дадов далерон и се отспа 2.5 саати, стана како ништо да не било. Мислам дека можев да осетам колку ја боли.. Првото не ми плачеше на вакцини, она многу плаче.
Ги шетате ли децата по ладново? Гледам вчера во парк жива душа немаше. Моево ако не излезе едно 2-3 саати да прошета ќе збесне.
Вчера ја изнесов надвор околу 13.30, ниедно бебе немаше освен големи деца што се враќаа од школо.. можда дека е загадено и смди, не знам баш.
Ја облеков дебело плус скафандер и ќебе на неа и скафандер за количката и мислам дека не можеше да мрдне Али во парк језа да те фати...
Јас со ладново ич немам проблем, пп воздухов гнасен ми е шубе да го шетам. Вчера во Сити Мол го шетав, надвор корнеше, а дома не се доседува.
Да шетаме. Кога е облечен убаво не е битно колку степени е. За воздухот проверувам вредности на AirCare ( МојВоздух) и деновиве се океј за шетање, зелена зона.
Ние до сега сабајле одевме во парк, поручек во некој мол, ама па јас како што немам самоконтрола секое влагање во мол правам непотребен трошок не знам како ќе се издржи цела зима...
Јас ич не можам дома да седам цел ден мислам ќе полудам . Планирам сега да го носам East Gate.. секој ден го шетам негде саат саат ипол под ќебе у скафанферче и терај. Или у некој кафич што е празен без луѓе ќе викнам другарка и така.