Не ви прават проблеми во скафандер? Мојата ептен сака да е гола па се мачиме , никако трака ни капа на главата
Прави, првиот пат така плачеше, три саати ја смирувавме после, вторпат кога го облеков исто, ама кога ја извадив вчера на ладното не писна
Мајки јас си имав порачано вреќичка за спиење од Нанам. Арно ама, 2 недели поминаа и не ми ја испратија. Така да, предложете друго место од каде да порачам
Читам во мол ги шетате. Од кога почнавте? Мене ми е страв дека затворен простор со многу луѓе Или претерувам а А баш зимово би ми било супер да си шетам со неа на топло.
Здраво При испис од болница имаме препорака да да одиме на клиника за детски кардиолог за 2 недели бидејки се слуша шум Дали треба упат бидејки нема сеуште мат.педијатар?
Даден ми е на користење, а и не е купен од тука... Дебел материјал со малку ликра е... Ги гледам на нет од доста тенок материјал има слингови, јас таков сакав... Особено коа беше претопло... Бебла е сеа скоро 8кг, јас сум малецка 150цм... Вчера 2 саати во кујна ја носев во слинг, одпосле тоа, цел ден ме сецкаше грбот...
Добро не го ставам уште у најдебелиот скафандер али не прави проблем ужива надвор само за капче не сака баш али го прифаќа на крај.
Од кога имаше 2 недели го носев на игралиште со големата, во мол мислам на 1 месец го однесов. Ама јас живеам до Сити мол и обично одам во 10 сабајле. Треба, најдете матичен педијатар, нека ви даде приоритетен, завчера бев со малата на ехо, немаше гужва.
Мајки дајте ми некоја идеја, вака сеа креветчето едната страна се спушта ама се спушта многу малце, и мене ми е пак висока некако додека го оставам бебето се разбудува мнлгу напор ми треба. Повеке не се спушта страната едино да ја извадиме и да го залепиме за лежајот. Мислев под душек да ставам нешто исто колку шо е душекот висок.. Хмм
Здраво жени, Бебе е интолерантно е на лактоза, пие Aptamil lactose free во комбинација со капки Colief,но му прави запек..Да не знае некоја членка дали воопшто постои кај нас др млеко без лактоза? Да не дојде до забуна значи не е интолерантно на кравјо млеко туку комплетна интолеранција на лактоза
Јас имам таков проблем. Под душекот ставив јорган едно 10 цм се издигна. А башка неможев скроз право да го наместам и некако едната страна е 5цм подигната, убав пад направив баш е нежен.
Ако те разбрав убаво, ако сакаш душекот да го кренеш можеш некаде по мера да ти исечат парче стиропор со исти димензии како душекот и да го ставиш под душекот за повисоко да ти дојде душекот.
Јас во креветчето ставив 2 душеци за да е до спална и без гајле си тераме , по цел ден и цела вечер во легната положба цица
Има Nan без лактоза и Modilac. Нан го има во зегин (и во Виа Фарм), Modilac во Анифарм. Може и на други места да ги има, за тука сигурно знам. https://search.app?link=https://www.annifarm.com.mk/product/modilac-expert-lf-sf-%d1%84%d0%be%d1%80%d0%bc%d1%83%d0%bb%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b5%d0%bd%d1%87%d0%b8%d1%9a%d0%b0-400gr/&utm_campaign=aga&utm_source=agsadl1,agsadl4,sh/x/gs/m2/4 https://viafarm.mk/p/6500/nan-expert-pro-pochetna-formula-za-novorodenchinja-bez-laktoza-400g
Колку време после вакцина ставате лепенки? Бебе вчера прими вакцини. Поминаа 24 часа, сеуште му ставам. Вчера вечерта крена температура 38, денес нема ништо, супер е. И до кога би имал реакции?
А нормално е количински да не пие многу млеко? Вечерта си стануваше си бараше млекце. Од утрово некако сосила..