Синко спие во вреќа без ракави, спас ни е. Уште од старт не трпи да е покриен со нешто, одма клоца и се открива. Со вреќата раат.
Искрено многу го облекуваш, баш дека ме можат да регулираат температура, не треба да го преоблекуваш @BellaBibi сега видов ист коментар имаш дадено
Јас ни на двајцата не сум ставала ич ни за спиење ни за преку ден, освен надвор кога шетаме кога е заладено секако ама по дома нема шанси , синко трпеше све ама ќеркава сега жива и здрава да е , не поднесува ни хеланки ни ништо , мака мачиме со облекување
Не сум те прочитала , затоа те прашав. Пробај без марамици, одмивање со вода на секое, судокрем и мустела 123 за потпарено што е. Јас имам дома и крема, од аптека од Берово ми ја донесоа, за вакви работи е спас. Ја имаат користено блиски, баш со вакви реакции, преку ноќ снемувало се.
После бањање макс 10 минути и толку. За шетање сега ставаме капче, додека не беше ладно само стегач, да покрие ушињата.
Бебе вчера изеде пола банана, сега се изнамачи со какање, пискаше, никогаш така не пискал. Можно е од бананата да е тврда столицата?
Судокрем, маст за потпарено, 2 кортико, мустела 123, веледа, Бекутанпт со цинк... You name it we have it. Влажни хипп екстра сензитив тие хартиени што се... А башка и ја неам избришано со влажна ехее. Све памукче и вода или под туш...
Ништо ќе си знаеш за понатака... Ќе му помине сеа, спас некоја друга мајка може да ти каже. Ама ова со бананите ни ја не верував ама вистина е...
За спиење воопшто не се препорачува капа кај бебе.Го зголемува ризикот од SIDS. И плус бебето ја регулира температурата преку глава, може да се претопли со капа ако спие
Џабе само дланките, големи му се ракавите неможи да ја свитка раката да ја донеси до уста 6-9 месеци е вреќата и малце плива во неа, ама и скафандер нејќи тој па му е таман, вришти се тегни дури не го раслечам не се смирува, неможиме да шетниме негде, ќе треба по тренерки да го вадам Додуша сега и во скок е и регресија па можи само се погоди така, секако и денски не спие..
Dali imas staveno canesten? Znaci kaj potpareno ako ne pomagaat kremive so cinl kako sudocrem i drugite sto gi imas spomnato togas kombinacija davaat doktorive canesten so kortiko. Mozebi e gabicna infekcija razvieno.
Да слична комбинација ми спомнаа и во другата тема, антифунгална и антибактериска маст... Денес ми препишаа уште една кортико дека предходната ја шљакав и ја истрошив у 2 дена. Ако нема резултати ќе воведам антифунгална и антибактериска...
Па не е баш за по кратки, колку сака нела е топло. Ајде за нас пак некако, ама бебе сега по кратки, не би оставила.