Според мене немаш потреба варикина на делови што ги употребува бебе, па нели е тоа многу силно средство?испери убаво, помини со правосмукалка да не има влакна и со алкохол влажна крпа натопена пребриши за дезинфекција..и тоа е тоа ништо страшно.
Варикина за бебе јас не би ставала тоа после колку и да го испереш ќе мириса на варикината а и јако средство е јас после тоа бебе не би легнувала на такво нешто ..
Немој со варикина, детето треба после да се допира од тие материјали, а хлорот кој го содржи не е баш наивна хемикалија. Со 70% алкохол испрскај и пребриши и остави да испари алкохолот. Немаш подобар дезинфициенс.
Нели пишав дека спиеме по 40 минути и 2 часа будни, вчера и денес по една од дремките спои две и спиеше скоро 2 часа. Се разбуди, малку ми се насмевна и се вртам за 5 минути, тој презаспал. Преге ми заспа во кенгур. 3+++ сме во 4ти скок, ама до сега немаше некоја разлика. Дали е ова до скокот? Или се мислам дали е од моето млеко, дека намалив со благото, пивеќе на протеини сум со исхраната? Да дополнам со прашање: цицаше скоро на секој саат, па сега на два скоро.... се игра повеќе, фаќа играчки сам, па се мислам да не заборава да јаде?!
Најверојатно дека расте и сега поретко бара, така е обично како минуваат месецети се намуваат подоите, не секаде но генерално е така. Ме замисли со ова со исхраната, моето бебе спие по 30 мин, јас сум обожавател на кафе, по 2-3 пијам на ден, во бременоста внимавав многу на исхрана сега ич не пазам. Баш ќе намалам кафе или безкофеинско ќе земам и благо ќе намалам да пробам.
Не знам, денеска поинаков ред за спиење, сосема различен од претходно. Кафе не ми пречело до сега, ама благо имам видно намалено. Ке му измерам температура после оваа дремка.
Настрана од коментарите што ти ги дале дека не би легнувале бебе кај што е чистено со варакина. Јас не би можела да легнам толку мало бебе на ткаенина пребришана со алкохол. Знам дека варакината е јака и екстремно штетна, ама никој не кажа да го потопи во чиста варакина. Јас во кофа со вода од 5л ставам едвај 50мл варакина. И после го преперувам во машина или пак на рака. Луѓе улична мачка не е заебанција!
По колку пати на ден и по колку часа би требало да спие две месечно бебе за да заспие навечер барем во 10-11? Пред 2-3 не може да заспие никако…
Не чепкај после две години се намалува количката и тогаш ќе отварате. Сега ако почнеш носи уште пелени, моча кка внатре, секако ќе се направи некој проблем. Јас имам две машки и на првото после две му го отвара ме на бањање, а второто е скоро две и пол и уште не дава да го допреш таму. И моите другарки што ги чепкаат како бебиња направија проблем. Децата се плашеа да мочкаат и ги болеше. Тоа треба да се прави многу нежно и полека, за некое време ќе се отвори целосно.
Па незнам, види неможе да направиме стерилизиран свет... Ако се вади ткаенината извади ја и испери ја. Не се преоптоварувај толку...
Додека се мали какаат почесто, ние кога дојдовме од болница докај 3-4 недела секока втора пелена беше какана
Мамички имаме 4ипол месеца скоро почнавме да се вртиме од грб на стомак веќе 3-4 дена и ноќеска сама во креветче се сврте на стомак и после некоја минута почнавме да плачеме го свртивме бебе на грбче и продолжи со спиење. После неколку часа почна бебо во сон да врти главче лево десно и да викаа аааа и да се смее на глас стана после 3мин цицаше и си продолжи да спие. Вака прв пат до сега ни се случува.. предпоставувам дека сонувало нешто па затоа така но дали ви се има случено вакво нешто малку сум замислена (прво бебо). Малку ми е шубе и со вртењево во спиење зашто нели треба на меше ако спие да биде под надзор да напоменам од стомак на грб сами не се вртиме уште ...
Изгуглај на нет, ти пишува од 14-17 часа спијат бебиња. Нема врска колку вкупно е спиено, туку кога му е последната дремка, изгуглај прозорци на будност. Две месечно бебе би било будно околу 1.5 - 2 часа. Моето на два месеци спиеше по 40тина минути па буден 1.5 час и така неколку пати (4-5) на ден. Ако заспива во 2 тогаш дремнувало околу 12. Ке гледаш да ја продолжиш таа дремка (да го понишаш бо креветче или да го подоиш па вратиш назад на спиење) а наутро будење порано. Според мене легнување околу 23ч, значи будење околу 9-10 наутро? Мене ми е тоа доцна. Мојот станува накај 6.30, легнување околу 20ч.
И мојата се смее во сон често. Не е нешто загрижувачки. И ние како возрасни и плачеме и се смееме во сон, само што не се гледаме. Колку ќе ти биде под надзор? Еден, два, пет, денови? Откако ќе си усоврши вртење, ќе си се врти само бебе. Си местат глава да можат да дишат.
10-11 е веќе доцна, околу 19-20 часот треба веќе да е заспано. Можеби ти е преморени во текот на денот па не спие. Обавезно следи прозори на будност. И пробај да го капиш навечер, јас така воведов некој ред за заспивање
Мајки здравствена книшка и извод ми треба за бебе така? Дали од работа ги носат во социјално или кај треба или треба ние?