Со дитепер. Прво на 2м примивме: дитепер, рота и превенар (за стрептокока). Сега примивме дитепер и рота, стрептокока не. Таа на 6м ќе ја прими, заедно со трета рота и трета дитепер.
Ние имаме исто така малку знае да се појави во некоја кака кога многу се напнува прашав педијатар рече дека не е ништо дека од самото напнување е и зависи која кака е по ред дента .. ние сега пред скоро 2 недели примивме рота 2доза каките овие 3дена ни се многу густи како запек ми изгледа и доста мириса од предходно а уште сме само на мајчино дури ми е чудно ..
Мамички сакам да прашам со бебо сабајле 07:00ч-07-30ч. се будиме имаме 3 дневни дремки само првиот ww ни е 1ч45мин. а сите други се по 2ч. Заспиваме навечер во 19:00ч-19:30ч. ама секоја вечер буквално секоја вечер од 20:00ч. до 20:10ч. мора да стане и да се презаспиваме па некогаш дури и 20мин. што ќе беше ова јас стварно незнам како аларм да има уклучено. Дали на некој му се случува слично нешто и од што може да е ова.. 4ипол месеца сме
Да не е рано за бебето 19:00 можеби доколку имате можност да пробате во 20:00 да заспива и да тестирате ќе се буди ли.
Па така спиеме одамна не е од сега .. последниве 2недели така ми прави .. предходно имавме 4 дремки сега сме на 3 дремки само тоа е разлика ама па на 3 дремки сме веќе 3ипол недели ..
Машала шо убава рутина, ти мајка среќна биди шо само еднаш се презаспивате 20тина минути, јас по цел ден се борам и по повеќе за да спие едвај 20мин. Сега ќе полни 4 м кажувај чаре за да спие вака убаво следиш прозори на будност или ? Ние никаков ред немаме само се пишти за спиење а не спие ...
Дали ви се случило после ден поминат со луѓе во гужва, бебе да не ви спие навечер? Цел викенд сме по настани со народ, бебево две вечери по ред мрда, кенка, се буди на саат, а инаку по 7 саати спие врзани. Се се мислам вознемирен беше многу.
Секогаш е повознемирен кога е ден со луѓе поминат. Повозбуден можеби, зошто ww му се подолги кога имаме гости или сме на гости. Сака да се дружи, не сака да пропушти ништо. И тогаш преку ден му се изместува ритамот, навечер си заспива во свое време, ама знае да се разбуди 1 час откако ке заспие.
Вчера во кафана бевме, 15 луѓе, тоа прозори ја секако не пратам, го глеам коа му се спие го успивам. Ама синоќа, значи на секој саат будење, како навиен, како да го преживуваше денот. Е кога го испи млекото во 4, врза до 6 ама пак многу будење.
Исто исто. Викендов бев кај моите и ноќеска катастрофа се буди со плачење на секој саат, место не ја фаќаше. Не дека она не се буди често ноќе ама барем ќе сврзе два саати ќе кенкне две секунди и продолжува со цицето во уста да си спие, ова хорор е. Ама па не можам да се лишам од социјален живот.
Следам прозори на будност до 4месеца ни беа 1ипол час од 4месеца кога наполнивме качив на 1и45мин. сега сме веќе на 2часа. Се водам по мамина спавалица и drgoodnight имам цел телефон screen додека да навикнам и јас како треба
Па врти-сучи истото е. Само синко ако инаку е буден 2 часа, кога е со луѓе или некој го игра може и 3 часа да не му текне на дремка и после плачки и од Моро рефлексот не може да заспие саглам. Затоа следам колку е буден, па макар на цице да одмори малку, за да вечерта спие мирно. Инаку освен навечер да му пеам песничка до креветче, да му помогнам да си заспие, не го успивам. Така барем мене ми се покажа дека му одг.
Може да е реакција на рота. Консултирај се со педијатар и нареден пат кажи им во диспанзер пред да и ја дадат третата доза.
Ми рече да следам и денес, ако и утре има пак да видиме што да правиме... Сега какаше пак, немаше фала богу..