Јас морам да оставам сама да смеми, поради потреба неколку пати пробав со презаспивање и видов дека попусто би пробувала да сменам. Ова трае цело време не е период. Кај тебе штом сврзува има надеж да пробаш да влијаеш на времетраењето, по напишаното можеш да промениш мислам. Good luck
Па од завчера ги меркам некое време. Никој од нас нема клемпави ушиња и сите ми викаат таман му биле, ама тој кога спие и кога се врти на страна го витка увцето скроз и страв ми е дека ке си ги расклемпави. Пријатели имаат детенце на кое не внимаваа на ушиња и малку се пораширени од што би требало. Па си викам подобро малку превентива сега. Инаку за машко од оние лигавчиња како триаголници што се, се носат и како марама на глава. Изгледа баш фраерски. Само не му ги ставам по цел ден.
Едно пакување купив, едвај ги потрошивме. Смрдат на рибино масло. Си земав чист Д3 и јадам риба. На страна тоа, давај му пред доење/јадење, легнат малку на страна за да капнеш од страна. Значи не директ на јазиче или во грло, прво за да не го истурка со јазикот веднаш надвор. Друго, ми се случи два пати да ми се излизга од прсти тоа мало мрсно капсулче и падна во устето, ама на страна и веднаш го извадив со прст. Затоа не ги сакам ич. Се надевам помогнав.
Денес бевме на контрола и докторката кажа да намалеме со млеко. Исто, ми кажа и педијатар во Систина, ама јас стварно не знам како. Син ми не издржува повеќе од 2ипол саата, ретко 3. И со зголемена доза пак бара на тоа време. Ноќе не врзува, еве овие последните ноќи се врти со глава лево десно, прета, се буди, му давам и пак продолжува. 5 полни е, 8350гр го измери. Кажа да воведам и 2 оброк. Не знам, да не е рано? Што да давам за ручек? Тој само ориз, компир, сладок компир и морков има пробано. Не можам секој ден ова да давам. Месо спомна таа, на 5 месеци... Кога можам да воведам? Имаме домашно пилешко. Што друго можам да воведам со 5 полни?
Синко твој е мислам некој ден помал од мојот . Ни на крај памет не ми е од сега два оброци да има, прерано е. Не ми е јасно зошто форсираат докотриве. Месо на 5 мес исто прерано, после 7 се дава. Може кажуваат така за да намали со млеко ама мене не ми е реално бебе на 5 мес да јаде доручек и ручек со ориз и месо. Тргни му едно млеко навечер. Земи со цуцла лажи го, занишкај го, за 3 дена ќе го тргне сам. Преку ден кога ќе поминат 3 саати пд млеко замафтај го нешто уште пола саат, вози го надвор, дај водичка, цуцла, играјте на музика и ќе смени за некој ден.
Фала, ќе пробам. 25.6 е роден. Не знам зошто вака кажуваат, тој едвај доручек јаде. Еве, сабајле нејќеше никако, плаче, дадов млеко, го испи и заспа.
2 недели е постар мојот. Јас на ќерката и воведов ручек на 6 мес ама она не качуваше килажа ич, па затоа.
На другарка малата е со клемпави. Никооој од фамилија нема клемпави уши, стегачи носеше постојано и пак и се клемпави.
Зошто некои педијатри форсираат да се почне со цврста храна, ако бебе супер напредува со млеко? И ако еве има ,,одвишок” кг и се смени млекото со кашички, нема да накачува? Не ми се јасни, колку поделени мислења имаат.
Килажата не е воопшто претерана за да налуваш или додаваш оброк, моето на пет исто беше само на доење, има и мн потешки па не добивале такви совети. Следи си дете и уживај.
2 пат кажува дека брзо качувал, првиот пат беше мислам на околу 2 месеца и сега. Па тој се роди 3870 и еве си јаде детето, си бара. Не знам колку очекува таа...
Исто .. лепенките ми рекоа од 3мес нагоре се па ќе видам сега овој месец може да земам додека е време .. само како ќе ги залепам незнам кога мрда
Ни мене не ми е јасно. Некоја членка рече дека и рекле да почне 4 месец со вкусови заради рефлукс во Систина. Мене исто во Систина ми рекоа на 5 и пол месеци да почне со вкусови дека добро си напредува иако има рефлукс моево. Сите различни совети даваат...
Леле па 4 месеци јас мислам дека е премало за да се почне со вкусови. А и зошто ако бебето си напредува како што треба..
На другарка малото е 10 месеци. На 4 ри почна со кашички. Педијатар и рекол супер напредува со млеко, почни со каши. Ако супер напредува, мое мислење е дека 4 ри е прерано.