Ова ми е мистерија невидена. Пред 3 години како поунифицирано да беше ко сите да викаа на 6 ако напредува, на 5 ако не. Сега некако каша, попара. Једина разлика кај нашиов педијатар тогаш ми рече блендирано, сега пасирано. Ама па секако пасирано и давав на ќерката пред 3 години.
Јас посебно давам омега, посебно д3 и плус д3 со к1. Вака ми препорача ортопедот да тераме до 3 месеци, а после да продолжам со омега плус д3 што се. Инаку да смрдат корнат но кога мора тоа е, штом ми препорачале не преќинувам на своја рака. А мојава да се гади кога ќе и го дадам, но тоа е. Инаку јас и давам со лажичка, на неа измолзено малку млекце и ги додавам витамините.
Да со гестациски бев. Денес правев контрола кај ендокринолог, она ми закажа. Шеќеров 5,8 на гладно, пак не ми е стабилизиран но реално сега дека дојам и ми треба повеќе храна и плус нешто благо, иако гледам тоа благо да биде здраво божем или црна чоколада или урми, диетален џем. Ми вика мораш огт, продолжи со диетс. Уште тоа ми фали сега да се клукам со шеќери. Огт не правев во бременост сега ме тера. Тогаш ми вика те следам секој месец не ти треба огт секако те водам до гестациски, висок ти е на гладно.
Може погрешно се изразив, не мислам дека е лошо или рано за вкусови на 4 месеци, туку зошто не се унифицираат педијатриве. Сите различно кажуваат дури и од иста болница. Верувам дека повеќето го слушаме советот од нашиот педијатар особено за прво дете. Ама барем сите да имаат ист став
Значи ни во раце не е ич мирна мојата.. паѓа надолу и премногу мрда, ни на земја не сака ичччч освен 5мин.. Како да и спремам јадења, не знам освен кога ќе спие тогаш да спремам све набрзина и да ставам во термос инаку друго решение нема...Како да ја навикнам да лежи на земја веќе и да си поигра сама, кичмата ми падна веќе...
Добро ајде отворена е темата па ќе се уфрлам, еве ние сме 4+, јадам пред бебла зашто несака да седи сама. Пијам вода пред неа, итн... И сеа она почнува да се тресе и подава со рачињата кога и да јадам или да пијам вода. Скроз е заинтересирана. А добро напредува се роди 2800 не испуштија 2600, моментално 7кг точно имаше на 4м, последниот месец 600 грама имаше ставено на себе, предходно кило+... Знам дека си ја барам на Г-д бељата и треба да уживам дур е уште на млекце зошто чим почнам со каши ќе биде забавно. Но како би постапиле вие? @Spidy @mariz @Tea SK @marrisa @BellaBibi
Јас пишав и погоре, не сум за храна на 4 мес ако напредува бебе. Моиве двајца од 5 почнаа, ќерката од 3 до 4 мес имаше ставено само 300 гр, па не ја почнав со храна на 4. Почнав на 5, па убрзав на 6 имаше доручек и ручек. Синково сега супер напредува ама дека ќе оди во градинка на 9 мес, морав од 5 да почнав да имам време се да воведам. И тоа пази до сега само основни овошја, морков и тиквица имам дадено. Житарки, компири, здравје на 6 планирам.
Befme na pedijatar ispadna grcevite se, mada ni jas sama ne primetiv kako drugo da go maci povekje kako da se vlosija samo ama nemozam da svatam kako naednas tolku mnogu, ni rece kapki espumisan da zemame, zemav eve ama nema nekoe podobruvanje mada sepak mozda rano e ke probam nekolku dena i ako nema razlika ke gi batalam, pocnav da pijam i jas caj lakta miks, mislev deka mu pomaga ete vcera odspa dobro i denta ama neznam ke vidime. Sepak ti blagodaram. Se molam samo nekako da pomine vekje navistina premnogu e ova, zal mi e sto neznam kako da mu pomognam.
Мене ми помогна следното: пиев чај беутан од анасон за возрасни. И башка пола кесичка ким потопував во врела вода и ги оставав да отстојат во можеби пола литро течност и пиев во текот на денот и си јадев од кимот...
8 nedeli ima tocno, imase celo vreme grcevi no poslednive denovi se mnogu polosi, mislev deka ima dovolno kim vo lakta miks, mozebi ke probam samo taka cajce od kim da vidam dali ke ima razlika.
Да, ни јас не сум за храна од 4м затоа прашав како би постапиле други мајки. Донекаде ми е греотка да се тресе по храна бебла... Ама мала еее... Скроб јас планирам покасно да и дадам. Јас лично имам проблем со желудникот и ќе пазам за бебле повеќе...
Мила консултирај се со педијатар. Мојов ми рече дека добро напредува да не давам до пет и пол месеци. Така и ќе направиме. Искрено и ми одговара дека полесно ми е адаптирано да спремам, него да готвам
Лакта микс за лактација е тоа, не му помага ма бебе ништо. Земи од Бекутан чајче за грчеви, јас од тој почнав вчера да пијам и плус земам по неколку зрна ким така со вода ги пијам. Веројатно нешто ќе има ефект. Инаку кога многу плачеше и дадов и тој чајот ма Бекутан и неа, и помогна многу да се искака и олесни, иако не препорачуваат чаеви ама ете педијатарот ми рече дај и.