14-15 саати во текот на 24 часа? Мојата заспива околу 20.30-20.45 до кај 6.30-7 зависи а преку ден една дремка е долга обавезно а др се по 30мин-40.
Хахахахахаххаха Ова како на една роднина свекрвчето. Да се чувале сите пелени од бебето до 40 дена, вклучувајки и тие со каки .
Јас да се пожалам, 4+ сме и два дена спиеше со една кратка дремка и една од два часа, денеска пак на два часа спие по 40 мин. Цицне малку па седнува, па пак, па плаче, па се грчи како за гасови, па после 15 минути успеваме да поцица саглам, па како да ке заспива, ама не, буден е... страв ми е да не намалам млеко од што не се знае дали цицал или не. После 1 саат владен, градиве пача, пошто нит се најал нит ги испразнил до крај. Се лигави, забчиња никнуваат. Мачкам непца, давам капки за грчеви, се смирува... шта је ово људи моји?!
Истооо, се прави само да не заспие. Јас го чешкам меѓу веѓи и на веѓи легната до него. Секогаш ми успеваше, ама сега е кратка хорор приказна. На крај се предава ама претходно е борба Спие навечер по 11-12 саати.
Д3 со омега освен на бејбитол, има ли друга марка? Чист д3 ортопед ми кажа на солдевит. Вие какви користете?
Јас Вигантол давам витамин Д, ама нема кај нас, омега не давам. Имаш и Пливит Д 30 денари се на рецепт. Солдевит машала се со цена, исто ко Бејбитол.
Вигантол има во Бугарија? Србија? Ако да, може да ми земат. Да, Солдевит скоро како Бејбитол, а ни тој не ми е практичен со прскање. Бејбитол едвај се отвора, пола ќе истече, пола тој ќе плукне. Пливит ми треба рецепт од педијатар? А таа со печат Бејбитол дава, абе толку ли сите се сврзани со тие пусти проценти. За Веледа рецепт со печат, за Диастоп, за ова не знае да спомне...
Дали се ова запчиња во најава?? Се ни е во уста, на брада исфрлани со ситни црвени точки, лиги до колена раце мокри утоп гризајќи се што ќе ни дојде во рака, тегнеме увце од време на време ..
Кај нас нема тоа. Забрана од Паскалов. Си лапкаат процентче од се. Јас за инат не го давам по аптеки и за мене кога ми давале така. Вигантол од Србија го земам, и нема што да плука 2 капки директ во уста. Пливит од педијатар рецепт или така ако го земеш околу 150 ден мисла беше.
Ајдее хаха. А кажи ми бидејќи паранојава со миење на раце од рота ми е на најјако пуштена и ракавици ставам при менување на пелени, колку време треба да пазам?
Демек до една недела. Ракавици не сум ставала. После менување какана пелена, мијам газето, фрлам подлогата и темелно 2-3 пати мијам рацете. Фала Богу, не закачив ништо.
Фала ви многу вака веќе е 1месец ама последно време повеќе и повеќе .. јас прв заб сум имала на 5ипол-6мес, а мм на 7 па незнам и ова дали има врска. Горе на непцето кај што треба да искочат има две дупчиња само неможев да сликам убаво таму ми става јазиче ова едвај сликнав само
Д3 со К1 има ли на друга фирма од која сте задоволни? Ние до сега користевме на бејбитол меѓутоа сакам да ги смениме бидејќи прочитав доста поплаки а и воопшто не се практични. Па ако сте задоволни од некоја фирма да ми предложите.