Мајки, како третирате теменица? Не ми се верува дека на 5 месеци му се појави. Го мачкам со веледа масло и чешлам ама нема нешто многу ефект, изгледа почна и да го чешка главчето па рацете само таму ги носи, еве гледам и се изгребал на две места на скалпот.
Јас Фрезидерм ич не ги сакам ама маслото за теменица нивно, супер ефект имаше. Со 2 мачкања ја снема.
Пена мустела за теменица, може да се појави пак, не се сеќавам до колку години беше точно, но не е невообичаено за бебе од 5 месеци.
Какото денес како со ситно оригано низ него, пробуваше банана вчера, можно е да е од тоа, имал некој слично искуство, слика пратив на педјатарот чекам одговор.
Мамички сега се враќаме од педијатар. 5 месеца сме веќе ни рече уште вкусови да не пробуваме туку од нареден месец тогаш ќе бидеме 6месеца веќе а треба градинка да почнуваме од 9месеца .. прво бебо па да прашам дали има некој што биле до 6месец само на мајчино млеко без вкусови? Иначе сме 7кг.
Му кажа дека ќе трга во градинка? И мене ми рече од 6 зашто убаво напредува на млеко ама кога и кажав дека ќе оди во градинка ми рече почнувај одма, на 5, и ќе убрзаме до 9 некпо работи. Од 6 до 9 мес нема време да се проба се што даваат во градинка.
Може некој да ми пише како идеше давање на витамини кај новороденче. Од кој ден се почнуваше со к1 вит и колку време се дава? А кога се продолжува со д и дха? Не сум во МК, а овде ништо не даваат.
Ќе го земам дефинитивно. Мене во вакцинален пункт ми рекоа масло било какво и чешлај, јас земав од веледа и чешлам 3-4 дена ама му се поцрвени главчето и на некои места е малце како разрането,претпоставувам и тој се поткачува сам, валда го чешка и рачињата само таму ги носи, не можам да си опростам. Не знам сега дали прво треба да го третирам црвенилото со нешто или да го земам маслото на Фризидерм ама да не направам полошо. Матичниот ни е на одмор и сеа уште повеќе се нервирам што му направив на детево.