Па јас така не размислив многу, земав масло ама не очекував вакво нешто. Ќе видам со фризидермот како ќе биде, нека спадне црвенилото прво.
И ние сме кај Паскалов. Нас ни рече околу 5 ,5 и пол веќе да сме почнати и така направив. Во градинка не даваат никакво млеко ( осврн кравјо со бисквити )така да до тогаш ке треба да скратиш подој ,за да има веќе оброци.
Јас два пати до сега со Фрезидерм го поминав и чешлав ама нежно пополека. И немаше едно време, сега пак се појавува, ама тенок слој е уште не е за масло. Така да почекај, немој веднаш со друго масло дури не смири малку црвенило.
Од бананата е, и на google си има дека може да се појави такви по јадење банана. Доколку се случи и на друго бебенце да знаете нормално е.
Ne mozam ubavo da gi fatam, ama kako da se poznavaat dva zaba kaj zlebinata. Kako vi izgleda na vas ako moze da se primeti i dali da ocekuvame zabce za brzo vreme?
Нир извадивме две запчина на 5 месрци...моето искуство е и со првото и второто сега црвени обравчиња неколку дена..носе растечено..може да се јаве и течна столица..се знаци на запче..секако и нејадење, кенкавост
На 5ипол почнавме со вкусови, до тогаш само на мајчино млеко беше. На 10 месеци почна во градинка, се имаше пробано, освен зелка и грав. Само јас, освен алергените, нови вкусови давав по два дена, не три.
Нас вака ни кажаа: Витамин К1 + Д после 8 дена до третиот месец Витамин Д + ДХА ( ОМЕГА) уште ги пиеме а сме 7 месеци уште малку Само ако сте на адаптирано види да не иманекој од овие витамини во него.
Апсолутно има време да се проба се, не мора секоја намирница да се дава по три дена, тоа е застарен концепт кој скоро никој во светот не го употребува. Со алергени да, може да се почне претпазливо, а за други намирници нема никаква потреба толку да се чека. Нема воопшто потреба да форсираш уште од 5 месеци, остави до 6 да биде на мајчино само, не брзај.
За 2 месеци има време да ги проба сите зеленчуци и овошја, сите видови месо, риба, млечни производи, јајца? Оккк Зашто во градинка даваат и грав, зелка и јуфки со јајца, и сирење, млеко секако. 3 дена не давам ни јас сега со сливи, јаболки ама кога ќе дојде времето за грав и сл намирници и те како пополека ќе ги давам по 3 4 лажички, неколку дена. Не дека се воведува пополека храна само ради алергени, мешиња кои биле на млекце им треба време да се навикнат на потешки намирници.
Има ли некаде тема за исхрана , не ми текнува од зеленчук со што да почнам пополека за вкусови? до сега морков, јаболко, круша и банана 5++ е
Не знам за градинка во мк што нуди риба, али ок Еднаш кога ќе воведеш млечно воведено е, не треба и сирење и млеко и кашкавал. Исто и со јајцето. За потешките намирници, ќе ги даваш како суплемент на главно јадење. Полошо е на 5 месеци да се почне со цврста храна, али секој за себе.
Орце Николов Карпош, на 2 недели имаат риба, ќерката оди од 11 мес, синот ќе оди сега за 3 месеци на 9. Лошо е да дадеш јаболко, круша, праска на 5 мес ама не е лошо да даваш на 6 секој ден различно за да брзаш да воведеш...ок. Како што рече, секој си знае за себе и реалната ситуација и начинот на живот според кој треба да се прилагодува и бебето. Зашто ја сум во истата ситуација со двете деца како @_budaletinka* затоа си дозволив да и дадам реален совет, а не од ракав
Како ги заспивате освен во раце?? Овој мојот само во раце. Не сака ни во релаксатор, ни во креветче/количка. Рацете ми паднаа од нишкање