Варам во вода и со вилушка гмечам. Блендер не користам. Зашто да блендираш? Пробај пасирано, може ќе сака бебе. Тоа Нутрито ко вода ќе го направи. Нека се учи да џвака од одма. Јас на ниедно од децава не сум блендирала, од почеток пасирано. Сега му земав на синко готова каша кајсија да проба, ја испоплука од што беше како вода.
Можно ли е зелена кака ротата да даде? На трет ден од рота се појави, првите три беше ок, златно жолта?
Варам јас сега компир и морков да пробам дали ќе сака, стварно скроз сум се заборавила со првото како беше ... утре планирам тиква да пробам, со што е најубаво да се комбинира? ајде пишете комбинации да не утнам
Од неа е. Барем мене педијатарот ми кажа така. Должност му е да кажуваат вакви работи, за да не си правиме одма грди филмови како што знаеме
Јас тиква со јаболко мешана му давам. Кога ќе почнеме скроб и со ориз убаво иде знам. Компир уште не сум дала, мака мачи мојов со запек, уште компир му фали Се накрка сега јаболка, круша и слива
Колку време ќе има болки од ротата во стомакот? Сабајлево не и се ни цицаше од што ја болеше, заспа гладна.
Ако има мака со мешето, дај и пробиотик. Барем така ни кажаа кога вакциниравме. Неколку дена е, макс една недела.
Исто беше и кај нас, цела недела беше така, едвај пола шише пиеше. Стави и термофорче и тоа ќе помогне.
Не, уште не сум дала палента, ориз, батат, компир. Следна недела планирам, 6 ќе направи. Купив од оние инстант ориз палента на Хип што се, многу практични ми беа со ќерката памтам, да не вариш, попари само со топла вода и готово е.
Ќе си видиш по бебе. Ама јас сум на тој став ако од старт си прифати пасирано, нема зошто да блендираш. Е сега ако повраќа, се дави, фала богу ќе блендираш. Моиве џвакаат од старт. Малце мака ми беше со месо кога почнавме со ќерката, дека сецкаш, цепкаш ама па ептен јадач е она, да ти е мерак да спремаш. Сега синко, ќе видиме.
Пие секако пробитик секој ден по 5 капки. Се мислам дали еспумисан да и дадам за грчевите. Се мачи некако и да се искака, многу чудно првиот ден од ротата вечерта проливче, лом направи, а вчера и денес како да се мачи да се искака, ко запек. Како е можно не знам, дали вакцината може обратно и запек да направи
Поздрав Бебуш ми е 10 дена, досега сѐ нормално со какање(океј боја) и мочкање, но последно од сношти во 22.30 не е какана(полна пелената и беше) а си јади(мое измолзено и хипп). Треба да реагирам или да почекам до следно преслекување?
Дали има полна пелена од мочки? За какање немора да значи дека ќе кака нон стоп мене ми се случи не бевме какани 4 дена ние сме само на мајчино. Викаат дека до 7дена е дозволено бебо да не е какано чим цица само мора на 2часа да има полна мокра пелена
Нормално е и до 7 дена да не кака. Ако нема мака, ќе си де искака. Ако гледаш дека и е тешко на меше, штом и молзеш, јади суви сливи, компот од истите, ленено семе, па преку млекце ќе и стимулираш да се искака.
Барав да кака, па искака полна пелена Фала ви за мислењата Сега имаме друг проблем ,хелп Мислам дека претерав во давањето млеко и сега има мачнини. Овие 2 дена како да не и беше доволна дозата, плачеше после пиењето,не заспиваше и ај си реков можеби и е малку. И дадов уште малку и се смири, заспа. Некогаш и на рати па. Од хипп и давам 70 мл, а моето кога-колку ќе се измолзам, 60,80мл... Вечерва никако да заспие, и дадов хипп 70мл и по пола сат уште 10 па заспа. Ама цело време се буди, како да сака да исплука...претпоставувам дека е рефлукс, имаше и повратено малку. Еве ја, ја држам во раце со цуцла во уста и цело време истото,ќе затвори очи и се буди со звуци,нервозна, се витка Уште малку ќе дојди време за редовно хранење, а мене ми е страв да и дадам сега Кажете решение, баш сум очајна