По пишаните симптоми и имајќи предвид дека е новороденче, според мене му почнале грчевите. Нив мора да ги пројдете, давај му капки за грчевочи
папочето не е паднато уште, бебе има една недела чистам само со алкохол и газа ама гледам на бодито како жолти точки малце а на изглед е океј исто како кога излеговме од болница дали да ставам хидроген,или да продолжам само со алкохол, прашак за папок нема нигде
Ист проблем имаме и ние. Пробај бебе да завиткаш во пелена како на времето само врз облеката нели и свиткај на бебе малку нозете и нишкај во раце, се смирува и успива така. Педијатарот нас ни даде 4 дохрани и на 2саата цицање и ни рече така отпосле ад да не даваме затоа што и ние знаевме по 10-20мл отпосле да дадеме да се смири. Штом си ја испие дозата тоа е тоа отпосле само цицање, гушкање да се смири.
Прашачето помага за да се исуши...како тоа нема никаде? Дефицитарен ли е? Ја знам хидроген се става од како ќе падне папочето, сега само алкохол.
Ај вака да прашам дали некоја мајка има вакво искуство. Бебе 5 месеци, еве трето утро кога се буди нервозно се трие по лицето, главчето, се врти со главата лево десно ама се така нервозно прави. И во текот на денот му се случува ама сабајле е најизразено.
Моево ако му се спие прај така, врти со главата сам се успива, ноќе на пример пошо лежи до мене лежејки цица ќе сврти така неколку пати и заспан е.
Бидејки сме и ние кај Паскалов знам однапред што ке ти дадат и кажат. Се вари секое овошје и зеленчук освен банана.
Ние таков проблем имавме ако не подригне после дохрана. Дури како да бараше уште јадење за да се смири мешето, ама шолошо му е. И му се спиеше а не може да заспие од што го мачи. Сега се научи сам си се мести да си подригне после цицање.
Па не, не е тоа, оно веќе се буди тогаш ама така прави нервозно се фаќа за лице и глава. Нз што му е...
Мајки, ни се скршило нокте на рачето на едно прсте и сега гледам зацрвенето е прстето баш кај што е скршено до живец ноктето, малку се испаничив, ја пипкам не ја боли, може да е нешто? Или од ноктево е? Да мачкам со нешто? Патронажнава ми вика хидроциклин да намачкам.
Спреј за дезинфекција ако имаш, да се исуши прво после може хидроциклин што ти рекла. Во многу тенок слој.
Ама нема ништо загноено, нема што да се суши, мевцето е зацрвенето, дезинфиџирав, па ќе и ставам хидроциклин.
Majki aj ve molam pomos. Nekoja da imala vakvo slicno iskustvo . Ana e 4 nedeli od vcera pocna vaka da se nafrla prvo na liceto sega i po gradite Na dok imam ponedelnik zakazno , denes bev na hitna rekoja akni bebeski se . Ama ako nekoja ima iskustvo so vakvo neso , ako moze da pise kako i so so moze da i pomognam da i se smirat , poso niso ne mi dadoja na hitna .
Sega vidov i vie ste pisale za bebeski akni. Dali izgledaat kako na slikata so ja pustiv podolu , dali i kaj vas se takvi ?
Да исти се само кај нас се на лицето, педијатарот рече дека се бебешки акни и дека ќе си поминат сами по себе, сите бебиња дека ги имаат, хормони се пренесени од мајката. Исто сме и ние со возраст, ама прашувам зашто ептен ми е гревче со нив.
Da taka i kaj nas pocnaja na liceto imase nekolku dena i od vcera pocnaa na gradite. Grev mi e i mene vakvo da go gledam a iskreno i strasno , iako na dok mi kazaa deka ne gi boli ili cesa. Se nadevam ke pominat za brzo i kaj vas i kaj nas
Кај нас беше слично и испадна атопична кожа. Го мачкавме со La Roche Lipikar и помогна. Ама за атопича кожа секое бебе е своја приказн и не значи дека ако таа козметика му помогнала на едно бебе, дека ќе му помогне на друго. Не знам дали ова е атопична кожа вашево.