Следно мислам уште тоа ни остана непробано. Баш ќе пробаме да видиме дали ќе ни успее така. Фала за совет.
Нешто ми е познато ова. Со ќерка ми вака ни беше (сега е 20 годишна ) По цела ноќ не спиевме и залепена за мене до вц да не можам да одам. Грчеви беа во прашање и емотивната потреба од твојата близина. Ем ја боли стомачето од грчевите од млекото, ем бара уште да цица за да се смири, пошто друго не знае како, и пак од млекото грчеви...и се така во круг. Не помагаа никакви чаеви, дури и кога воведов храна имаше на почетокот грчеви зошто цицаше паралелно млеко. Ќе цица и ќе почнат грчеви и ќе стане лута, ќе се вцрви целата, ќе се препоти, дури знаеше и да ме гризне и после врескање... Некогаш во кола ја возевме во ниедно време за да заспие барем неколку часа до утрото да одмориме. Докторите ни викаа додека не формира цревна флора така ќе биде. Пазев што јадам, грав немав пипнато цела година, после првиот Бадник од една лажица грав цела ноќ вриштеше. Така да јасно беше дека она што го јадам многу и влијае. Многу касно дознав дека чоколадото и кафето што го јадам исто може да и прават грчеви, скоро секој ден ги конзумирав. Млеко адаптирано од шише и правеше гадење, а сакав барем навечер да и давам за да ме олабави. Не се научи никогаш на цуцла или шише, ги плукаше како катапулт. Пробував да и ги одложувам подоите за да и воведам ред и да се најаде и да спие ама ништо не помагаше. Се мислев дали млекото ми е послабо и не ја држи, ама не сакаше да чуе за адаптирано. Напредуваше повеќе од добро во килажа и продолжив со доењето. Вриштеше додека не добие цицање. Кога ќе сетеше дека ја легнувам во креветче, се будеше. Кога беше помала некако набрзинка успевав да ја префрлам без да сети, ама кога стана потешка не успевав и остана меѓу нас на креветот. Тоа траеше една година и тргна да преоѓа во нешто што за мене не беше прифатливо. Дете што јаде се, нема потреба да цица десет пати навечер. Тоа е за емотивна врска, не е за храна. Тогаш решив да прекинам наеднаш со доењето зошто не можев да и намалам подои. Кога ја одбив две недели беше вонредна состојба дома од нејзиното вриштење за цицање. Како бебе што никогаш не фати цуцла и шише, на крај се научи да спие цела ноќ и без никакво пиење навечер (само побаруваше една чашка вода сред ноќ од детска чашка и пак си легнуваше) Ништо од ова не се случи со второто дете. Тој спиеше по цела ноќ не сакаше да го држам во раце после цицање и плачеше за да го спуштам во кревет. Знаеше и спонтано да заспие во релаксатор. Не можам да ви опишам колку ми беше чудно зошто тоа со ќерка ми никогаш не се случуваше. Имаше грчеви ама не така како неа. Секое дете е различно, некои се едноставно такви какви што се...што да кажам. Знај само дека ќе помине колку и да е физички тешко. Се поминува.
Јас први два месеци мислам дрка нон стоп нокто сечев. Мнг им се тенки и најмалку штом пораснат одма се гребе.
Ти благодарам за овој одговор. Искрено ме утеши дека не е само до моето дете. Само мислам дека јас нешто погрешно правам. И мене навечер кога највероватно имам помалку млеко почнува од нервоза да се црвени, и вчера почна дури и да ме гризе (со цела сила со непцата) и да ја тегне градата со што добив оток на ареолата. Вчера не спиеше од 10 вечерта до 6 утрово, цело време бевме со такви тантруми и неспиење. Чекам секогаш пред да го префрлам, и секој пат успева да примети. И јас к сопругот пробуваме, неуспешно. Може и како што викаш и едното кафе кое го пијам да му смета. Ама пуст стрв мој во бременост многу ретко си дозволував да пијам кафе, ми беше мерак овие денови да се напијам (плус ненаспаност на сето тоа). Гледам да пазам на храна колку што можам посебно на таа што ми ствара и мене гасови. Ама и многу често заборавам да јадам од што го бара цело време моето внимание. Изгледа ќе морам да се помирам и јас се додека го дојам дека ќе имаме вакви тантруми и неспиење повеќе од 2 часа во денот. Останува да се надевам дека можеби е само фаза на почеток и дека ќе помине за некое време. Ти благодарам уште еднаш.
На тема перење шишиња, пере некој во машина? Може така место стерилизатор? Ме мрзи да ги перам на рака.
Јеп, и шишиња и тропалчиња. Додуша ние 2 шишиња иаме некад ќе измолзам на рака колку да се занимава нешто неоти пие...
Да, обавезно. Сеуште знае да бљуцне меѓутоа во значително помали количини. Најважното е што повеќе не плаче, дека го болеше хранопроводот и многу плачеше после јадење и повраќаше во интервали до 2 часа после јадење. Не можеше да спие од што секој пат кога ќе му дојде да повраќа плачеше од болка.
Мало е многу, се ова што пишуваш е најнормално, уште мисли дека е дел од тебе, се осеќа сигурно кога си до него, му требаш за да заспие затоа што сеуште не знае како поинаку. Знае да е фрустрирачки но затоа служиме реално, особено во првите неколку месеци, и ненаспани да сме е нормално и нервозни и најсреќни и најисполнети во исто време. Моето сакаше во замотана крпа пикната во навлака од перница како буквата U, го видов на инста тој трик, кога спушташ во креветче осигурај се да е заспано, прво стапалцата, нозете, грбот па главата на крај, држи на меше некоја минута, пробај и white noise, и тоа знае да помогне, и знај не трае вечно оваа фаза, ќе спие и во креветче, ќе заспива и само. Барај доколку можеш помош да можеш за себе туш, кафе, храна … Давај и АД доколку видиш дека дава ефект, комбинирана исхрана е многу често практикувана од разни причини. Ќе порасне брзо, уживај колку можеш, еднаш е новороденче.
Ти благодарам премногу. Баш ќе се разбарам да го пробаме и тој начин на повивање. Гледам искрено да го одвикнам од АД зошто мислам дека од него му се прават грчеви често во мешето. Чекам контрола да поминеме да видиме како напредува па да знам како ќе продолжиме понатаму. Намалив поприлично АД од кога се вративме од болница па до сега, па се надевам ќе нема потреба понатаму и од ова малку што му го давам кога е ептен жустро.
@HeLenna мислев само моево се гребе цело време и во очи си брцка да и крв си пушта на лицето до толку силно се гребе. Му ставам ракавички додека цица затоа што цели гради ми ги гребе.
Може, кога имам за да ја наполнам ги ставам и нив. Некогаш, оти не ја уклучувам секој ден. Моментално сме сами со бебе Снаа ми отсекогаш ги пере, таа ми кажа. Онака ги мијам со фрош и четка, со врела вода, а ги вријам еднаш во 7-8 дена.
Ма нее мајки, грешно се разбравме или јас неубо се објаснив. Значи бебе не цица, уште во болница пробавме-не фаќаше поради брадавиците, купив силиконски, исто не фаќа зато шо ми беа тврди градите,не можеше да трга, па сестрите ми препорачаа да се пумпам (шо велам јас). Немам секое пумпање по 60 мл., камо да имав. и камо да можев да дојам, сѐ би дала вака ми е дупло малтретирање, ем со пумпата, ем вештачко да спремам. Еве на пример, поручеква измолзив 80мл и тоа од едната, а по 3 сати само 40 мл. На другата имам цисти па има помалку млеко(барем јас така објаснувам). Денес ја вагаше патронажната и ко ми кажа килажа, се разочарав Заостанува, од средата до денес малку доби. А исто во тој период крвареше доста поради хормоните "лажна менструација "и доста крв и извадија тој ден на болница. Дали поради тоа или што се држев на "3 саати јадење", не знам. Од денес почнавме почесто и повеќе да ѝ давам, така ме советуваше патронажната. Во среда доаѓа пак, па ќе видиме. Ако од искуство имате друг совет или решение, слободно кажете, сѐ ми е добродојдено. П.С. фала ви на сите за мислењата и одговорите.
А дали даваш нешто за грчеви? Оти црвенеење и плачење на тоа ме асоцира, башка и навечер дека се, на тебе се смирува и со цицање..
Кај мене не фаќаше града поради големи брадавици совет од патронажната ми беше да почнам со силиконски и така направив до 2месецс цицавме со силиконска со тоа што ако ми беше фул градата и неможеше да цица се одмолзував малку за да омекне и да цицсме после тоа се навикна и на тврда града. На 2-2ипол месеца се одвикнавме полека полека од силиконска на сред доење ја вадев па ќе се помачеше или ќе ја вратев повторно силиконската или ќе си фатеше и цицаше и така во круг додека не фати убаво без силиконска еве веќе сме 5месеца
Давам еспумисан за грчевите само. Исто примавме биогаја и приметив дека од нив му се зголемуваат грчевите, има запек и премногу плачеше па му ги прекинав на своја рака. Сега е подобар со грчеви, а црвенеењето и дрпањето се случува само вака навечер. Еве веќе трета ноќ по ред…
Колкави сте, имаат периоди после 3тиот месец, па и во 4тиот скок еве и ние сме така, после вакцини знаат да бидат и доста нерасположени, ама за неставање на килажа од вакцините мислам не, може да не пие количински исто некои 2 3 до 4 дена, мое мислење е ова може сум грешка