Исто и јас со капче го сушев ама косата му е преголема сега. Со фен на помала температура и подалеку и се суши одма. Докторот ми рече подобро со фен него мокра капа на глава.
Малата е 20 дена. Денес какаше во топчиња, мислам дека станува збор за констипација. Крива сум што го послушав мм и 2-3пати и' дадов појака формула на хипп(да не ослабела бе) До завчера какаше нормално. Како да ја нормализираме столицата? И правам масажи, вежби со нозете, давам со фен(и' олеснува и така заспива ама за кратко). Плус, грчеви имаме од пред 1 недела. Се мачи, немирна е, не може нормално да спие...
Според мене мн е мала чајче да и дадеш но секако ќе чуеш поделени мислења. И формула никако како што сте давале... Беља работа сте правеле. Само рамни лажици, никако екстра...
Ова маживе некогаш знаат да се прилично "мудри". Неправилно мешање на формула, особено ставање повеќе формула во помалце вода може да биде опасно: https://milk-drunk.com/what-happens-measure-formula-wrong/#:~:text=Dr.,body, which can be dangerous. Би требало да и помине, само приготвувајте како што препорачува производителот. Лажичето секогаш да е израмнето.
Повеќе формула од дозволено само проблем прави. И ако ставите повеќе формула, килажа бебе така нема да качи, само запек. Убаво си стои како се дава формула. Ќе се среди, ама немојте вака. Консултирај се со педијатар што да дадеш.
Ќе ве молам со што да ја заиграм малата , 6 месеци е Ниедна играчка за жива глава не сака , сака да фати тоа што е забрането. Ептен се нервира кога лежи, сака во раце ама ич не е мирна ни така....
Ај кажете активности за со 3 месечен бебуш кој не го интересира ништо подолго од 5 мин Му пуштам играчка со мечиња што врти над него, го ставам во релаксатор, со музика пуштена и исто играчки што висат над него. Му пеам песнички и го играм со рачињата. И толку. Здосадено му е веќе се 5 минути има интерес
Нешто што шушка како кеса ама пазете да не проголт. Мало шише наполнето со неколку зрна грав за да тропка . Мојата со се игра само со играчки од продавница не
Имам некое чувство дека ние мајките што сме членки на овој форум многу ги гњавиме децата . Не ни може да го интересира повеќе од 5 минути, уште не знае кај се наоѓа .
Јас дадов чајче на таа возраст, многу и помогна и стално и помага. Мој предлог е да и дадеш од тоа што е за 1недела+, сега да се олесни па понатаму ќе си средите млекцето и нема да има проблем. Не мора цела ќесичка чај да ја ставаш, направи го поразреден ако ти е шубе.
На 3 мес супер е ако има внимание 5 мин. Тоа сирото не знае дека е родено уште . Мојов 6 мес е сега пред некоја недела почна со играчки да се заигрува, читај да ги јаде и да му држат внимание музички играчки.
Знам дека е малечко ама морам со нешто да му го одвлекувам вниманието, бидејќи после 3тиот скок, господинот преку ден спие само по 15 минути. и снемав веќе идеи што да го занимавам, а пола ден сум сама со него ахахах
Ако го држиш во раце не спие повеќе? Јас на таа возраст го држев цело време, тој спие така 2 саати, ја серии гледам. Иначе што ќе му правам ако е ненаспан, ќе кенка само.
Дали некој има искуство со крв во каки кај бебе? Крвта почна пред скоро месец по примање на рота. Бебе пишти вришти деноноќно, а беше бебе бајче. Денес ја однесов на лекар заради плачењето (страшно вриска), вака е супер се.. одлично напредната. Плачела од досада. Арно ама не ќе плаче ноќе од досада. Ај се смирив по лекар и тргнав дома, помирена дека ај може си плаче од досада и скок итн... Ама да ја пресоблечам, крв пак во каките. Жолта кака убава и поред неа крвови, слузови... Јавив пак на лекар, да бараме упат на гастро. Тие на Гастро кога ќе ме видат и со бебево, ќе им се стемни (добро ме знаат поради синчето). Чекам и другарка што работи на клиника да се консултира што да направиме. Ама што може да биде причината за ова? Инаку со машкото од 2г сме по лекари (9г има сега) поради сличен проблем, без точна дијагноза и он...