Од кој пробиотик даваш? Јас давам Ваја и сум задоволна, за двајцата земав од тој. И млекото можи ќе треба да го смениш, не се разбирам многу од Ад млека ама пак прашај си педијатар за некое друго за полесно варење..
Ваја почнав од денес, па ќе видеме. Претходно Биогаја, ама некако не му одговараше, цел ден беше кенкав и плачлив кога му давав. Диастоп запек му направи. И педијатрите не се замараат искрено. Подобро тука ќе најде човек помош, отколку од нив. Последниот пат не прати за крвна слика, гужва и беше. Ме сретна во ходник, зема листот, аха се е супер. А покачени лимфоцити и намалени неутрофили и некои параметри за еритроцитите. Ептен супер, си земав детето и назад. И ќе ја сменам ако ме изнервира уште еднаш.
А да пробаш да смениш млеко? Аптамил. Или органска формула, од козјо млеко. Чајче му даваш? Пробај и со чајче.
Дај боже да е подобро од Вајата, ќе видиш по некое време, ако не мењај млеко. И да ја смениш незнам како можи да се незаинтересирани а со деца работат, бебиња т.е.
Давам, ама не секој ден оти само тој на Бекутан го пие, а има доста шеќери. Анасон и ким сум му правела, не сака никако, а ни вода не пие. Ќе пробам, ако не бива, ќе менам на козјо. Баш сега читав на германската дм веб, го препорачуваат за деца на кои кравјо им правело стомачни проблеми.
Филипс Авент и Дм Бејбилов, тие се од почеток, само сега земав поголеми, до 240мл. Други немам користено.
Majki da prasam.. imam potreba slednata nedela na dva pati da bidam otsutna od doma poveke od 3 casa a bebeto mi e samo na doenje. Se mislam da zemam adaptirano mleko edna kutija i da mu dadat kako zamena za periodot koga me mene, zosto nemam mnogu mleko za da se izmolzuvam. Imate li nekoe iskustvo so ova? I so kakvo mleko da zemam za ovaa namena. Sise falja do sega ima caj pieno samo od sisenceto
Да пробаш утрото да се измолзиш? Обично тогаш има најмногу млеко. Или собирај од сега. Можеш да го замрзнеш
Jas sum ostavala taka AD bez problem si piese i ne me barase. E sega mi padjase krivo sto ne ja iskoristuvam cela kutija a mozese taman pred spienje da mu davam da probam dali kje vrzuva povekje son. Samo polesno mi bese cicka i najcesto gi frlav posto rok im e 3 nedeli od koga kje se otvorat. Ako si pocnala so kasi mozes da stavas ad i vo niv posle toa. Jas kupuvav aptamil confort zosto se pomali pakuvanje a onicem aptamil mu pravese grcevi. Mozebi ima i poevtini mleka za taa namena.
Hipot go gledav nakeftin e. Ima 1 organic i combiotik. Pojma nemam koe od ova treba da go kupam. Neceli 500 den e. Nemame pocnato so kasi. Ke treba da go frlam i jas..
Da probam.. ama i macno mi e odmolzuvanjevo. Plus vo posledno vreme mnogu cesto mi cica neznam dali ne i stiga??
Можи да е во скок во развој па затоа да бара почесто. Инаку исто поевтино е и Holle. Мислам 400 и нешто денари дека беше
Мајки, бебе е 3 месеци, веќе 1 недела се мачиме со носето. Полно мрсули и се мачи да заспие. Користиме аква марис спреј 2 пати на ден. Со аспиратор ништо не може да се извлече ама баш ништо.. помош, совет, искуство ве молам
Каква кила има што ви рекле ќе се повлече кога сте биле во Систина? Кај кој доктор бевте? Ме интересира дека и моево бебе има кила, но сите доктори ми рекоа само оперативно се средува.
И мене ме интересира ова, врзана сум и јас за неа, цица на два саати некогаш и почесто зависи. Не можам никаде да мрднам, се на кратко и под стрес што побрзо да се приберам. Но ич не ми се дава ад искрено и шише, уплав имам од почетокот кога освен шише, цицка нејќеше да види и сега ми е страв да не се поремети нешто пак со доењево. А ми треба поддршка да ме нема барем 4 саати, но ете не знам искрено. А за измолзување и јас мислам нема толку да имам, од десната може ќе извадам наутро, али левава града едвај мислам за цицање има и стално и ја нудам и десната.
Исто е и мојот 2,5 месеци е и веќе цел месец му фрчи носето. Но кога ќе пробам со аспиратор ништо не излегува само солените капки што сум ги ставила. Последните два дена почна многу почесто да кива од порано. Велат дека е нормално кај бебињата до 3 месеци. Вака е весел се смее, супер јаде и напредува, си спие добро и нема температура.
Умбиликална хернија. Кај Симеонов. Над папочето му беше издувано и самото папоче беше испакнато, ама веќе е сменето. Папочето е внатре, а тоа над него ептен малце се познава. Требало целосно да се повлече до 3г.
Да бевме, кажаа штом нема други симптоми во ред е. Го прегледаа се беше во ред. Ставам 2-3 пати солени капки на ден за да се разреди секретот и да го поврати или да го искака.