Jas do skoro i stavav , dur ne pocnavme da gi secime noktite , zosto bez narakvici lom se praese na liceto ... a ovde kj so sum babicata i na bolnica ne sovetuvaa da ne mu secam nokti do 4 5 nedeli ... inace sega sme 6 nedeli
Здраво бебето ми е 6 недели и сакам да купам некоја играчка дали да земам baby gyms и каков? Има многу избор па да ми препорачате каков би бил најдобар ?
Во Muppet Kids имаше многу убава. Јас имам од Локо Кроко, музичка, воопшто не сум задоволна. Долу тоа подлогата е танка колку еден лист на подарок ми е добиена и така си стои.
Имам јас на подарок ми ја дадоа, супер е има убава дебела подлога, ама јас пак и ставам нешто плус одоздола. Има музичка играчка на влечење и неколку други и плус се прави како шаторче за играње кога ќе биде поголема. Мислам дека е од Андреј Компани, ама не сум сигурна.
Предлог за монтесори играчки кои се интересни за бебе од над 6 месеци дали имате, Дрвени некои со кои би играле.
Мајки може ќе звучи смешно ама моево 5 месечно бебе е насилно кога јаде и на заспивање. Ме штипе за "свадбарката" кога му давам млеко и тоа боли до срце. Исто се врти накај мене кога го успивам, ме штипе, гребе по лице и тегне за коса. Пред заспивање е како да испил ред бул, премногу е хиперактивен. Ѕенѕа со едната нога како нервно човече. Дали има некој слично бебе и до кога трае ова? Не знаете каква нервоза ми доаѓа кога ќе ме искубе со цела сила или иштипе. Мало е и не разбира, немам многу што да правам. Јас легнувам до него го гушкам, галам и он така се успива со штипење, тегнење и гребење. Да напоменам нонстоп имаме активности на под. Не дека бебево не е активно. Дремките му се 30-40 минути.
Бебе никако да ждригне, се држиме по пола час, пробувам со техники од нет но нема успех. Само ќе си бљуцни малку и ика. Не знам што да правам.
И која нас изгледа почнаа грчевите, денес ни сака да ми заспие а си јади засега нормално, си кака, мочка но никако да заспие кемка од време на време не знам што можи да биди.