Моево е исто со млекото. Денес ќе почнам со вкусови, ама за млекото исто сум на раб на лудило. Пиеше 150мл, сега два дена ми пие само по 80-90мл често. Сабајлево му дадов на 2 саати млеко иако не треба. Од страв се дека не ми јаде. Ми го трга шишето и ми плаче ако пробам да му дадам. Може да е скокот. Во Систина ми рекоа заб да очекувам набрзо.. може и да е од забите. Рацете не ги вади од уста и цело време агресивно ги влече прстите нанадвор од непцата.
Мојот така правеше, извади два заба. Еве го сега пак истото го прави, ваљда горните ќе му искачаат, пројде месец откако излегоа долните. Во однос на јадење, тогаш повеќе ми успеваше со рака парчиња да му давам, место со лажица.
Како го давате сирупот nurse harveys? После или пред доење? И дали се дава секој ден или кога ќе ја фатат грчеви само? Со шприцот наеднаш 5мл или со лажиче? Страв ми е да не се засркне од шприцот
Јас ја приметив дека откако ставивме клима во спална да се затнува и хрчи. И постојано бевме со спрејче и влечевме. Земавме навлажнувач и скоро и да не хрчи. Ние на секое носевме, да ја слушне педијатар, од страв да не ми спушти. Ама она ми вика, ќе осетиш ако спушти. И дигнав душекот кај главата малце, за да не и се слева. Она знае и да голтне, па ќе ги покака или на 2-3 пати и да ги поврати.
Се сомневам на заби, раката до в грло му е цело време. И јас исто се мислев сега да му дадам порано, да не е гладен... Лудило
Абе оно не знае лажицата да ја лапне, го нервира мислам лажичката дека го потсеќа тоа на давање капки, а нив ич не ги засака Ептен му се собра периодов, нови вкусови, заби, се врти во сон на стомаче а ич не сака и не знае да се врати, па плаче и така
Mamicki kako ste so spienjeto na vasite bebusi. 6 nedeli ima Ana ama vejke dva tri dena nikako da zaspie povejke od polovina cas . Pola sat do sat spie i ke stani pa za edwn sat zaspivat i isto vo krug navecer samo po 2 sati ako gi svrzi. Do sega nemav problem so spienje se ok si bese. Cica normalno polni peleni, nema maka golema so grcevi .edinstveno nastinata malce bese i sega kako da i ima sekret ostanato i koga ke ja legnam grci i taka stanuva. I prskam sprejce i cistam ama nisto ne izleguva. Na dok mi rekoja nema niso. Mozi da e nekoja faza , skok vo razvoj ili .... ? Inace dodeka e budna ne placit ili ne e voznemirena ama ja osejkam deka i se spijat.
Ништо не голта мојава, буквално ко да си хрчи онака од чиста мира. Само кога спие така подхрчува. Прскам спрејов али џабе. На парно сме ние.
Спие да. Не и смета хрчењево. Ама пак мене ми прави паника да не има нешто на плука да и се спушти… пошо буквално ко да не прскам од тоа, нема промена.
Isto i kaj mojava e , kako za cabe da prskam. Samo so kaj nea i smeta vo spienje ne spie dobro .. pisav pogore neznam dali e od toa ili pa nekoj skok vo razvoj e
Исто со вртењето. Моево не знае на стомак да спие, се вртеше нонстоп и се будеше и плачеше. Сега се научи самиот на страна и застанува на страна спие, стабилен е. Јас не спиев по цела вечер дека го враќав на грб.
@Tea SK @marrisa По колку мл им давате млеко и колку оброци во 24 часа? Теа ти валда и оброк воведе, дали му намали млеко кога воведе оброк?
Нас ни е истата матична, и мене ми го даде спрејчето и да не вадам секрет никако. И јас се плашев да не и се спушти на гради ама не вадам мрсули. Мојата и зарипнува на моменти, како суво да и е грлото.. искрено мислам дека е од воздухот оти и мене нонстоп ми се суши и носот и грлото, а не пак на бебе малечко...
И мојот праве така. Колку лакомо пиеше, дури и знаеше да заплака за уште кога ќе снемаше, овие неколку дена де ќе оставе по неколку мл де ќе го испие целото, ама се трга можеби 5 пати во тек на цицање. Јас помислив да не осеќа дека почнавме со дм био 2, за над 6 месеци, ама не ми се верува нешто разлика да има. Ќе да се заби да очекувам, нон стоп му е раката во уста и плунка тече.