Натурал земи си пак. Дали е со коала или жирафата , исти им се цуцлите. Не му менувај цуцла, може да не прифати. Јас се мислев да сменам скроз фирма, ама дека на поклон си доби , останавме на исто сега за сега.
Девојки се доиме кон и супер ни оди,бебе напредува одлично,само што нејќе никако цуцла..купив различни модели ама само што ќе и дадам ја плука дури и се лути,и кога е најадена сака цице во уста за да си спие. Не ми е проблем сега оти сме дома,ама кај никој друг не се смирува,а и ќе биде проблем секое испаѓање.. Некој совет,искуство како да прифати цуцла?
Да пробаш со Бибс или поефтина варијанта , а исти како Бибс ти се НИП од локо кроко. Имаат форма како брадавица и изработени од каучук ( мислам вака беше). Мојава не фаќаше. Па после тоа прифати. Не ја форсирав. Несака, па после 2-3 дена пак ќе пробам и на лрај ја фати. Ја користи само додека заспие и после ја плука.
Пишувавме пред некој ден, да не се мачиш да вртиш страни. Ние сме на доење, ни цуце ни шише. Околу десетина имаме пробани. Единствено цуца мам 3+ кога заспива во количка надвор но само понекогаш.