Лигавење во тие месеци е нормално и немора да значи дек се работи за вадење заби, исто така и ставање рачиња/предмети во уста е нормален процес и не значи дека се знак за вадење заби, доколку непцата се набабрени или болни на допир може да никне запчето. Најрано може на 4 месеци, иако вадење на заби (па и со набабрено непце) може да трае подолг период додека пробие. Ме им бранете да ставаат се во уста, тоа е нивен начин за запознавање со предметите околу нив
Ќерка ми почна со орална фаза тој период, околу 4 месеци, и мислевме заби ќе вади, беше набабрено непцето, ама тек на 9 месеци извади 2 заби одеднаш. Годинка и месец има, сеуште става сè во уста, сè ја интересира да проба Така да, не мора да значи дека заби ќе вади, може е само оралната фаза, иако има исклучоци вадат заби и на 4 5 месеци.
Ќерка ми никогаш не се лигавела, само ден два пред да излезат на површина кенка, ја боли се гледа, и толку, пре лесно вади заби за среќа. Види на допир, ако грепка ќе има забче, ако не, навикни си се дека сè ќе става во уста и нешто подоцна ќе вади забче
Тој педијатар е заглавем во минатото. Не мила, млекото содрзи доволно вода, се додека не се почне со цврста храна не се дава додатна вода/чај
Како давате колиеф тие што сте само на доење? Педијатриве ми рекоа да се измолзам во лажичка па да измешам со колиеф па така да дадам ама премачно ми е пред секое цицање тоа да го правам.. дава ли некоја директно во уста уз доење?
Јас сфатив дека прашува дали може со лажичка капки да даде па веднаш да дои, да не биде мешавина во лажичката млеко со капки јас давав капки ставени на лажичка, па веднаш доев..а за директно во уста не сум давала ниту јас..
Јас не давав на секој подој, туку 4-5 пати по 4 капки. Колку што се сеќавам на пакувањето пишува 24 капки дневна доза, а мене педијатарот ми кажа 16 капки.
Да така.. секако ги давам пред доење само дали да ги мешам со мое во лажичка или може само капките во лажичка па доење веднаш..
Еспумисан од кога може да се дава? 2 недели сме. Не знам дали се грчеви, се витка во ноџињата и кенка, не плаче ама според мене се гасови како да не може да исфрли и мешето како надувано и е.
И јас тој период почнав да давам, рано почнаа кај ќерка ми. По описов изгледа се грчеви, кај ќерка ми беше со саати плачење, виткање ноџиња, многу преташе со нив, и се вцрвенуваше од мака. Прави вежбички и редовно ставај капки.