Да да, и педијатар и патронажна сестра така ми кажаа, не сум дала ништо до сега на своја рака, година и месец има малата. Види си прво дали се грчеви, па секако консултирај се со педијатар.
Мамички ајде еден совет .. почнавме со вкусови дадено до сега јаболко, круша, слива, тиква, тиквичка, праска, кајсија, морков и 1 ден банана бидејќи не мачи стомакот неможеме да се искакаме вчера дадов слива јаболко се искака малку тврдо после тоа се искака убаво сабајле исто беше какана кога стана од спиење потврдо и гледам дека се стега кенка како за какање повтотно заспа едвај и поспа дури 15мин ... што да дадам денес како да му помогнам ... за пробување имаме блитва компир карфиол палента ориз брокула .. дали денес да давам пак слива или ...
И ние имавме на почеток проблем со какање. Давај му вода или сок од слива/ круша за да се покака полесно. Мене педијатарот ме советуваше да паузирам ден,два со храна. Ако веќе даваш храна полесно како јаболко,круша,слива,тиква. Банана,компир не
@_budaletinka* освен компир и банана и оризот прави тврда столица,не го давај некое време додека и се среди
Водичката ја топлам до пред вриење, и одма мешам со лажица, ама притискам како да пасирам и нема грутки, брзо мешам.
Кога ќе зоврие водата остави ја да се излади на 50 степени, така пишува во упатството. Тури две лажички палента/ориз во сад и додека тураш вода мешај со лажичка. Ако остане некоја грутка измешај со жица
Мајки, во соба за спиење ни е 22, 23 степени. Ја облакам во боди на долги или кратки зависи ако осетам дека е потопло и облакам кратки. Шпикозни, чорапки и ја ставам во вреќичка од Sleep&dreams ама ја закопчувам само до гради, рачињата и се надвор и горе фактички кај градите не е покриена. Цело време ја проверувам градите и вратчето се топли и ноџињата исто. А рачињата се ладнички. Што мислите океј ли е ? Пробав цела да ја закопчам ама се нервира рачињата што и се како заглавени внатре, а многу сака да прета. Ептен се секирам да не и е ладно а не сакам ни да ја претоплам
И кај нас е истата температура и дење и ноќе не паѓа под 22. Исто ја облекувам и јас и исто само рачињата знаат да и се ладни, вака на други места е топла.
И јас на моето и ги оставам надвор рачињата, некако ми е жално да и ги собирам внатре и цела да е како замотана а доста сака да мрда и да се истегнува со рачињата. Според мене е во ред, ама нека споделат и поискусните како правеле.
@Dodo1 @Kala22 Идеална тт е до 23, супер си правите, и кај мене во спална е толку. Ќерка ми кога беше мала никогаш не и ги покривав рачињата, си спиеше исто по боди, шпикозни и чорапчиња. Нај веќе се гледа дали им е ладно кај грбчето, горниот дел, ако се топлички таму, таман им е.
@Dodo1 @Kala22 тоа со стиснати рачиња, и рачиња внатре во вреќичката е повеќе наменето за да не се будат од движењето на нивните рачиња т.е. моро рефлексот.
Не. Широк повој никаде не ставаат, освен уште на Балкан. Доколку колковите се во ред посебно нема потереба да се тута бебе, а доколку нешто не е во ред, пак широк повој нема да е доволен за да се исправи. Јас имам две женски.
Девојки, дали ви се случило бебето да има запек и да не јаде количински исто како претходно по давање на капките waya или сирупот Nurse’s…? Цел ден мачиме мака со јадење. Плаче и мислам дека не може да се искака