Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. HappyAsItGets

    HappyAsItGets Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Денес не му давам од капките и ќе видам. Повеќе ме загрижува што не јаде доволно и често повраќа после тоа
     
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Секое бебче е различна приказна сонц не се води по книга.
     
    На HappyAsItGets му/ѝ се допаѓа ова.
  3. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Мислам дека @ flower55555 поише се разбира у капките, само кажи што даваш точно...
     
  4. HappyAsItGets

    HappyAsItGets Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Waya капки, Nurse Harvey’s сируп и бекутан чај. Со чајот почнав неколку дена порано и немав проблем, освен што го заситуваше малку. Капки само еднаш дадов, те вчера и цел ден имаше потврда столица и јадеше одвај и речиси пола доза од претходните денови. Сирупот ни помага и досега само 2 пати пиеше и тоа само пола од дозата.
    Има 40 дена.
     
  5. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    1.066
    И јас имам девојче и вчера пробав да и ставам така со две пелени едната обратно ставена со лепенките. Мене ми изгледа прежално така цела замотана и стварно не ми е јасно дали мора да се става па затоа ме интересираа искуства. На ортопед би оделе на 2 месеци па не знам до тогаш што да правам.
     
  6. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.760
    Допаѓања:
    10.433
    Пол:
    Женски
    Го доиш малото?
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    23.984
    Пол:
    Женски
    Да не редиш. Тоа се застарени "методи" исто како и давање вода или чај на толку мали бебиња. Како сакаш де, јас сум породена странство, никој не ни знае штп е широк повој тука, ако има проблем со колкови нема да се среди со широк повој. А доколку првиот преглед бил во ред, нема за шо да го туткаш. Знам дека милиони прашалници имате посебно ако ви е прво ама освем матичен доктор, сега фала Богу имаме достапно информации доволно што може да се прочитаат/ слушнат и надвор од ординација.
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HappyAsItGets

    HappyAsItGets Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Не, се молзам ама немам доволно млеко и најчесто пие Аптамил
     
  9. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.760
    Допаѓања:
    10.433
    Пол:
    Женски
    За чајчево ми беше муабетот, мислев го доиш, па не се дава чај, подобро ти да пиеш па си оди се преку млекото. Како примети дека немаш доволно млеко? Не напредува малото или?
     
  10. HappyAsItGets

    HappyAsItGets Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Не, се молзам и гледам по мл секој ден колку имам. Почнав со 60, 70 мл од сабајле, а сега одвај 20-40 мл.
    Ни од чајот не му давам 100 мл бидејќи се заситува, ама од утре ќе го прекинам. Кога не му давав ништо од ова за грчеви мн подобар беше и со какање и јадење.
     
  11. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.760
    Допаѓања:
    10.433
    Пол:
    Женски
    Не се води по тоа, често ставај го на града и понатака ќе си имаш млеко колку што му треба на бебето. И јас сега да се молзам нема и којзнае колку да извадам, ама моево често цица, најадена е, напредува така да тоа и е доволно. Јас чај не давав поради тоа, во млекото си има сè, мало е за чајчиња.
     
    На silvana4, flower55555, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Abc baby

    Abc baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Da znam i jas go gledav reelsot na insta za bubrezite… sve mi e jasno.. ama znam i deka se tolerira do 7 dena ne kakano. Sve znam. Ama odi izdrzi 7 dena bez da kakas prvo i vtoro gledaj go bebeto kako se maci od grcevi bez da moze da se iskaka pa togas ke zborivame dali i kolku caj se dava..ova gladno ne gladno ne gladno ne zboruvav da go zalazes tuku rekov da ne se dava golema kolicina za da ne go razreduva mlekoto koe e dadeno kako hrana pa da bide pak nabrzo gladno. Edno e teoroja drugo e praksa…
     
  13. Abc baby

    Abc baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    I mojava e skroz ista kako sto opisa..
     
  14. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    2.360
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство, количина од ад ке испие повеќе од она од града што ќе го исцица.
    Бевме на комбинирано па со тешки напори преминавме комплетно на доење. Ако мерев така по количина никогаш немаше да преминеме.
    Приквечер дури снемав воопшто, па почнав со стимулации, бебе да цица, молзење, јадење, свашта. Па почнав по 5 мл да вадам. Кога вадев по 40 мл приквечер, прекинав молзење, само доење на бебето а тогаш беше веќе 4 месеци. Рачубај бара повеќе количина. Убаво си напредува и весело е. Сега појма немам колку мл цица.
    Можеш почесто да го доиш наместо да се измолзуваш и додаваш ад.
     
    На flower55555, Monas95, merriel0 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. HappyAsItGets

    HappyAsItGets Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Ми се роди малку порано и не можеше да фати, а и немам брадавици, или како и да се вика тоа…пробувавме и со силиконски брадавици, баш пред 2 дена се откажав и од тоа кога бебушот беше веќе мн гладен и по 5 мин цицање почна да пишти. Претпоставувам немаше доволно млеко или па му е тешко со нив да цица. Во такви случаеви ми е уште потешко да го смирам и спремам аптамил.
    Ќе пробам пак кога нема да е многу гладен, се надевам ќе почне да цица директно
     
  16. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.760
    Допаѓања:
    10.433
    Пол:
    Женски
    Ама не секогаш плачат дека се гладни поготово периодот кога се толку мали. Јас ја познавав ќерка ми кога плачеше за цицање, тоа беше просек на 2 саати на почетокот, поинакво плачење имаше. Може да плачат од грчеви, за спиење, потреба за мајката итн. Пробај при доење галкај го, топлина да почувствува, менувај града, ќе се опушти и бебето и ќе си фатите убаво ред. За брадавиците пишав прееска, и јас имам повлечени, но тоа не игра никаква улога во доењето, бебе убаво фаќа и си цица без проблем, и кај нас е така. Мести ја и ти градата за убаво да направи вакум и да си пие млекце.
     
    На Mother of 2boys, HappyAsItGets и Lady Miami им се допаѓа ова.
  17. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    2.360
    Пол:
    Женски
    Можеш да пробаш да дадеш малку аптамил колку да не е пренервозно, ама да не е сито бебето. И потоа пак на града да пробате.
    Така успеа моето да фати во болница.
     
    На HappyAsItGets му/ѝ се допаѓа ова.
  18. HappyAsItGets

    HappyAsItGets Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2023
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Фала ви на советите и брзите одговори. Ќе пробам се, се надевам ќе цица, а и мн полесно е отколку да спремам вештачко
     
    На Lady Miami, Cherry blossom89 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    23.984
    Пол:
    Женски
    Мајка, и ја сум мајка и моите плачеле вриштеле заради грчеви и моето второ имало проблем со кака, не зборам на памет. Точно знам низ што поминувате. Оваа тема лани ја напуштив, случајно ми текна да ја отворам пак и давам само совет. Значи има начин, ти ќе пиеш чај, преку тебе ќе го зема ако доиш,ќе масираш, ќе правиш вежби, ќе помагаш да прдне и ќе издржиш додека не помине период кога ќе можеш да помагаш на друг начин.
    Ги читам коментарите кај што се жалат оти имале грчеви, плачеле и затоа даваат чај, значи на сите ни плачеле, нормален процес. Нешто што не е во ред, не е, се друго ќе се истрпи
     
    На merriel0 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  20. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Набрзинка да ви се убацам у муабетов :D Тука мајка чие бебе од раѓање какаше нередовно. Започна прво на 3-4 дена, за последниов период да затерува над 10 дена повеќе пати. Рекордот ни е 14 дена :) Носен е преку 10 пати на 6 различни педијатри. Меше меко, гасови испушта, нема никаков проблем, максимум користел млекце секогаш беше одговорот на сите. Само на доење, прекинат пробиотик уште втората недела, одлично напредува. Од паники 4-5 пати во овие 5+ месеци, навечер ставивме бебе клизма мислејќи дека плаче за какањето, а уствари си плачеше и отпосле ( скок, регресија, кој знае ). Давав и чај и капки. И џабе. Грчеви имаше и какан и некакан, дури почесто беше да нема апсолутно никаква мака тие 12 дена некакан.
    А некад какан пример вчера, заоѓаше :?:.. Муабетот ми е дека лекариве беа во право, дете на доење не може да има запек т.е тврда столица, туку може само да има нередовна столица. И грчевите се уствари гасовите, а не каките :) Бидејќи после пола месец некакан, столицата беше најнормална, жолта, потечна и дури ни преполна пелена за 14 дена :) Затоа пак, гасови и мочки за во Гинис :rofl:
    Има такви бебиња, иако еве се ретки. Веќе една недела, со апсолутно никаква промена ( ниту вкусови, ниту чај, вода, капки, чуда , ниту јас нешто ново конзумирам/сум прекинала да конзумирам) сам од себе почна да си кака секој ден :) А јас 5 месеци приумирав од грижи :whew: Психата ми отиде со какањето :worried:
     
    На HappyAsItGets му/ѝ се допаѓа ова.