Бебе има 23 дена, денес се мачиме да заспија но оди многу тешко, уморен е а не заспива никако. Пробуваме со се но не успева и веќе кемкав станува, јади нормално дури и лакомо па после бљуцка. Не знам што да направам мало е за да не спија.
Пробај да спие на тебе, и White noise пушти му. Мене тоа ми беше откритие на векот. Сеуште заспива со White noise
Пробав со тоа, не сака. Плус се нишаме, пееме песнички се што досега ни успеваше ама денес нема успех, мака некоја да не има се плашам.
Не заспива и ако е преморено во текот на денот. И ние имаме такви денови, скоро сме 4м. А можеби и грчеви има
Јас давам биогаја 3 месеци сме и планирам да ги давам уште иако ми рече педијатар доволно било до 2 месеци
Офф топик. Like за Friends, ме потсети ги немам гледано од 9ти месец хахаха. Да си пуштам. Јас го исправ и се упропасти средината.. и сеа само го тупкаме да се исправи пошо се подели некако тоа лиото внатре. Јас сите капки што и ги давам само со лажичка и давам, не мешам со мое млеко, после тоа цица. Грчеви има, пробај со вежбички. Јас пуштам фен на youtube. Кој го снимал не прероди, апла ја смирува и успива.
Ние го имаме ова, и во количка и во кола само бучи, моиве ако не е пуштено не спијат убаво. Еве 19 месеци е малово и уште дење/ноќе само така спие, а и ние се научивме
Мене неонатологот ми рече до 3 месеци да давам. Дали сте давале истовремено и неонате и бејбитол коли?
Хаха јас еднаш до два пати годишно ги гледам секако Околу 20 пати минимум ми се гледани, ги обожавам. Да си ги пуштиш!
Мене тие капки не ми се покажаа добри, сменив на ваја, па сеа не давам никакви. Можеби 2м само давав капки
Моите ме заспивале со фен. Ама фен, пуштен да работи ахахахха цели 3 години а родена сум сред лето не знам колку фенови расипале тогаш
Нас ни препишаа Диастоп бејби, до 12 та недела и плус 12 недели пишува на тоа картончето на излез што ни го дадоа. Ама педојатарот рече ќе видиме во 12та недела дали истите ќе ги продолжиме.
Ноџињата и ги виткаш накај мешето па кружно, има на нет можеш да видиш. Им помага да се испрдат и им олеснува.
Неонате е пробиотик 7 капки, коли 2 шишенца по 5 капки, се за грчеви. Јас давав истовремено, до 4 месец сигурно.
Не се нешто посебно, грчеви мора да поминат секако, ама давав јас. Прво дете, како кажеа, слушав. За второ здравје, знам како. После Неонате матичната даде Диастоп, не беа ок. Педијатар во Систина ми кажа убаво било да му давам пробиотик, ајде Биогаја, не му беа ни тие ок. Сменив самата Ваја, а веќе не му давам никакви.
Коли едното шише е пробиотик, другото лактаза ензим. Мене ми рекоа друг пробиотик да не давам бидејли Коли едното шише е побиотик.
Да изглеа јас многу све у свои раце си превземав, за прво вака при постапив. Ама па самото бебе си покажуваше дека не и одговара...
Јас уште давам, скоро 6 месеци сме. Не знам дали треба воопшто сеуште пробиотик да му давам, со царски сум иначе. Овие во Систина ми ги дадоа.