Цел живот имам херпес на уста, но во бременоста не ми се појави воопшто. Вчера бебе со саати плачеше од грчеви и го смирував во раце со гушкање. Вечерта се забележав дека ми излегува херпес и веднаш се напив ацикловир, секако не цица. Денес немам скоро ништо не уста но бебе ми има 26 дена и многу ми е страв за него. Дали сте имале слично искуство?
Бебе 3 недели,моментално има грчеви и не е какана 24ч..само на доење сме.колку да чекам?да не треба да се обратам на лекар?
Нема ништо да му биде, само избегнувај бакнување. И мене еднаш ми се појави, само пазев да не ја бакнувам.
Ќерка ми на почетокот напредуваше на 10 дена по 400гр, педијатар ми кажа штом напредува одлично да не ја будам, и си спиеше по повеќе саати, во спротивно, треба да го будиш бебето на 2 2 ипол часа и да цица или да пие Ад, води се по тоа како напредува.
Јас од 5 почнав, само на доење е, рано е од 4 нема да знае уста да отвори Јас ќе чекав и до 6 ама нејќеше да цица се гладно и не наспано беше, сега машала по друго е.
И јас така сум со план. Сега уште и главчето сам не може убаво да си го држи. Не ми се брза ич за кашички, ама од страна баби жаби знаете
Не е гладно. Ако напредува како што треба, остави така. Мојата па негде околу втори месец, па и порано може, почна да си сврзува така и еве ја и сега од 7 до 7 спие, со едно будење. Некогаш знае и до 8-9 да затера со спиење.
Јас почнав по препорака од педијатар со каши на полни 4 месеци, но тоа затоа што имаме многу голема мака со пиењето млеко. Најпрвин почнав со пробување вкусови, додека ги испроба сите помина пола месец па дури сега можам да кажам дека има оброк. На 5 полни ќе почнам со пробување овошје за до 5 и пол да воведам уште еден оброк. Што се измачивме со млекото па барем да јаде храна
Мојата така спие, и одлично напредува. Нормално е врзива сон, биди среќна чим си врзува така. Бебе ако е гладно ќе знаеш хахах, има да ечи цела куќа.
Kolku brzo mi pominuva se.. recisi nisto ne pamtam kako bese koa inase 2 meseci, a samo sto napravi 4… kako da se zivee so ova brzo tempo i brzo rastenje na decava??
Мојата од скоро три недели стара спие по цела вечер. До кај три недели ја будевме за да јаде еднаш во текот на ноќта. Ама супер си напреднува, и затоа ја оставаме да си спие. Последно хранење и е околу 11, и спие до кај 6-7 секако. Некогаш и повеќе. За 10 дена два месеци ќе биде. Инаку до сега пиеше по 90 мл на секои три часа преку ден. Докторката ни рече дека може веќе и по 120 мл да даваме. Па сега почнавме постепено, за сега два пати на ден пие 120 мл, а другите оброци и се по 90 мл (на АД сме).
Си го мислам ова баш некое време. Моето е 5 лесеци. Најверојатно зошто на почеток и преморен и ти лета времето
Чим и главчето не го држи значи не е спремен, остај баби жаби нека си зборат ти си знајш за твоето дете.
Мене баби жаби на 3 ми викаа дека треба, се што кажаа баби жаби сега е се обратноЈас почнав 1 недела пред пет, педијатарот ми рече на 4 ама почекав малку па почнав, ќе чекав јас и до кај 5 и пол ама дека педијатар кажа и во мисла бев..
Лелее ќутии. Завчера 4 ри направи. Кога летна времево. Ми се плаче дека ќе треба со работа да почнам. Ич не ми се иде. Денес ми е најпосебен ден. На денов ги видов најубавите 2 цртки. А сега еве ја мирно ми спие до мене.
Од кога почнавте со пробување вкусови ако сте само на АД? Ние сме точно 5 од утре, ама досега немам дадено. Нѐ гледа секогаш кога јадеме, ама интерес нема некој. Инаку, почна да се исправа, т.е да се крева нагоре од лежечка позиција.