Ја будев на 4, 4 и пол саати, она сеа рипа ко зајак на два саати. Еве ја сега дреме на цицка, а едвај заспа накај 22:30. Абе како новороденче спише повеќе навечер, што и стана не знам. А нареден скок која недела е? И колку трае временски скокот? Дали ќе се опраи со спиењето, души ми извади веќе
Преку денот исто е и со моето. Мислам дека не се ни 30 минути Јас навечер го капам и си легнува одма. Капи пред 20h . Млекце и вкревет. Јас се си мислам дека со тоа капењето фатив некој ред за успивање Пробај со пригушено светло, стави твоја маица до бебето, White noise, нишкање дури заспие.. И наутро будење. Следи ги mamina spavalica на иста. Идеално будење за бебе е 6-7 часот наутро. Ако за нас не е Така да, буди го, уште од утре почни
Добредојдовте во 4ти скок. Толку беше спиење . Како новороденчиња највеќе спијат, сега бебе се свестило дека е родено, ќе почне да осознава околина, да учи вештини, орална фаза е почната, спиење здравје
Моево дете во 4ти скок беше бајче, се изнаспа, преку ден дремки долги, навечер спиење без будење. Ама затоа 5 скок ми наплати за двата. Навечер се буди како новороденче, завчера не се разбуди и чудно ми падна што врза толку сон. И не ми е проблем што се буди да му дадам млеко, проблем ми е што после тоа си игра, не презаспива. Преку ден шизнуваме по цел ден, само надвор е мирен, ама надвор па шо е времево, само за шетање. И така, интересно ни е.
Мене после 30 дена почнаа да ми паѓат до 40те дена веќе ми беа паднати. Имав и крварење до 40 дена. Си треба време јас мислам
И уште нешто да прашам, што можам да му ставам на бебето во креветчето до него? Бидејќи кога го заспивам секогаш ме држи за рака или за блуза, и штом го спуштам веднаш ме бара
Моето крена вториот ден и само еден ден имаше. Во креветче можеш да му ставиш пелена, многу дечиња заспиваат со пелени.
Од вчера приметив дека хрчи, како цел нос да и е полн. Пробав и со аспиратор за нос ама ништо не излезе. Дали е настинка или нешто друго е?