Преку телефон да. Прво зедов едно плишано мече со таков звук ама брзо ги празнеше батериите. Сега со телефонот раат сум Го оставам на наткасната, таа е измеѓу мене и креветчето. Да не биде сепак преблиску до бебето
Мајки можно ли е од капките за грчеви некоја реакција па бебе на лицето ми се нафрлува?како бубулици? Се помислив од помада или прашок да не е ама по телото нема ништо,само на лицето.. Уште немаме ни месец
Нас од сув воздух ни се појави. Ни рекоа чаша вода до парно да ставаме. Ставивме, сеа и навлажнувач нарачав. Па ќе видиме разлика.
Јас кога и реков на докторката дека ми е затнат со носето, ми рече : сите се така Ама да, најверојатно е од сув воздух.
Мајки, ги ставате ли на страна да спијат? Педијатарот ми рече заради главчето да ја вртам и на страна. Малку страв ми е.
И твојата докторка арна како мојава. Изгледа општо е дека не се замараат ретко исклучоци. Дури викам јас ли сум проблем та не ми се погоди ни општ матичен, ни претходниот гинеколог ни педијатар... Како да сакаат набрзина да те откачат.
Ја ставам да, но не целосно него ја вртам со главата на страна и телцето и ставам нешто ќебенце позади грб за да не се врти. И така ги менувам страните.
Не е од капките сигурно, ако има реакција би било и по тело. Бебешки акни се тие, најверојатно сте ја бацувале по лице. Исто и нас ни излегоа, прекинавме да ја бацуваме и се повлекоа.
Кога беше мало ортопедот ми рече преку ден додека е будно да го потпирам на страна и да го играм. На спиење не. Не знам зошто педијатрите се мешаат за оваа работа. Моево дури и главчето му беше сплескано од една страна па не го легнувавме да спие на страна. После 3 месеци му се израмни. Сега дека се врти самиот, буквално скоро цело време самото си спие на страна. И си се врти и лево и десно. Опседнато е со спиење на страна малово . Јас би оставила кога ќе си е спремно да спие како му одговара.
Мојата педијатарка рече дека тоа е нормално, ми објаснуваше нешто за третиот крајник, и рече може до година дена мрсулчиња да има. Јас му ги чистам на ден/два. Ако ептен ти крчи, однеси го на ОРЛ. Само сега со грипов јас не би одела никаде освен ако не е алармантно.
Моево бебе имаше малку посплескано главче од едната стр. Мене ортопед така ми препорача ама моево не сака да е потпрено со ништо си сака дете на грб да е. И додека е будно му местев играчки од страната од која сакам да е свртено преку ден, а за навечер го свртев обратно во креветче. Бебето обично останува свртено од ладе што му приоѓа мајката. И малку форсирав на меше, пошто ни тоа не сакаше. Друго ништо не правев дури спие. Еве сега сме 5++ и веќе главчето е супер.
Нежна му е кожата, не верувам дека од капките се исипува. Моево има ептен сува кожа, кога беше 1 месец цели обравчиња беа исфрлени. Сега со крема се средува.
Многу малку и е сплескано од едната страна. Значи минимално, па како превентивно ни даде да се израмни.
Јас го играв цело време од другата страна. Легнував и му покажував сликовници и му читав. Тоа многу помогна. Беше ок на прегледот на 5 и пол месеци.
Малава една година ми спие со дожд, на тел и пуштам. Во креветче си спие, а тел го ставам на моето ормарче, или на спална, пред да дојдеме ние да спиеме, зошто она порано си спие.
Наутро е само затнат, а преку денот не. Не знам зошто е тоа така. Го чистам во текот на денот. И јас сега не би одела никаде. Крвната слика му беше супер
Дожд/фен, што било и јас веќе заспивам на тие шумови. Препорачано е и цела вечер да биде пуштен, отколку во целосна тишина да спие бебе. Така барем прочитав на mamina spavalica на инстаграм