Првата ќеркичка ми имаше повреда на вратчето при пораѓај и главчето само на едната страна можеше да го врти,додека приметив јас,главчето и беше искривено,после со вежби го средивме вратчето и ја вртев цело време на другата страна да спие за да се исправи,и се исправи за брзо,сега вторава ќеркичка сама си го врти главчето,а ја ставам и на страна да спие..
Фен и пуштав на тел ептен како бебе, не сум и пуштала вистински фен, го прифаќаше и од тел, ама дождов полн погодок и е летово кога и пуштав, надвор 40 степени, ние со дожд на тел, нас ни врнеше дома јас пола живот во темница и тивко спиев, од бременост навака, со ноќна ламбичка и со дождов, за мерак ме успива и мене
Малку беше и нашето. Вака како @marrisa што ти пишала. Јас го местев и преку ден да лежи така да ако сака да ме види од префериранта страна да му приоѓам.
Na kombinirana ishrana sme doam i adaptirano navecer samo 2 nedeli e bebce me intersira dali smeam vodicka da davam i ako da po kolku
Нема потреба од вода, гледај почесто цице навечер, за да имаш млеко и за навечер, да не давате ад. Од искуство кажувам. Може ке ти се буди почесто, ама за неколку дена ке има повеќе млекце и ке му е таман. Со ад подолго спие ама не цица тој период.
Добро ви имаат ли ред за спиење новороденчиња од 4 недели скоро? Преку ден стави ја на цицка заспива, навечер ја бањаме ја средуваме темна соба тивко смирено се, она цица очите ококорени.. како за инат. Од 9 почнуваме да се успива, среќни сме ако заспие пред 11 со тешки маки. И не сака во креветче а со мене да спие ми е многу страв. Чаре?
Ние два месеци сме па еве.. иста мака мачиме.. Вчера прв пат спиеше навечер во креветче после две недели… се меѓу нас.. не знам што и е. Сабајле во 7 и пол стана а во 3 заспа.. две дремки преку ден имаше, и еве ја легнав во 9 се комираше.. еве ја се разбуди после 40 мин…. Ја презаспува маж ми пак… пробуваме ред да воведеме. Се надевам ќе смени, зашто сврзуваше 3 недели цела вечер, со едно станување за цицање и тоа цицање и одма кома и до фајрон. И последниве две недели.. пред 3 нема заспано… не знам стварно што е, скок ли е, менува ли нешто.. не знам.
Толку мало не може ред да ставиш. Тек таму после три месеци. Не знае сега ни ден што е ни ноќ што е. Терај си со рутина пред спиење, без разлика што касно заспива, ќе се навикне со тек на време. Јас на пример преку ден само во дневна ја заспивам, на дневна светлина, со пуштен телевизор и бучава, бели шумови и пуштам не во тишина. Навечер ја носам во спална, со пригушено светло и во тишина, и така заспива. Инаку и моево спиеше во креветче, па со мене, па пак во креветче ја префрлав, а сега па е во некој скок или забчиња ја мачат и се буди на два саати, и не ни ја префрлам во до мене е на спална, зошто сум жива ненаспана и не можам.
Исто преку ден и галама и се и со правосмукалка ништо не и смета ама навечер друга приказна. Очајна сум за сон обесена ми е на цицка од 9 саат, не цица туку си игра. Полудувам секоја коска ме боли на телово
Не ја оставај на града толку. Тргни ја, дај и лажливка. Нив им е интересно си играат. И мојава така зане некад си игра ја тегне, па ја лиже хахах. Ама тргам одма.
Dali moze da napravam problem sto i davam kombinirana ishrana inaku imam jas mleko ama radi mene ja stavam na ad problem mi e so ranata za navecer da ja drzam od carskiot koga zaspiam posle me boli.. Preku den polesno mi e i zatoa sakam navecer da e na ad ama ako i pravam problem sekako kje ja doam i navecer ama i spomnav na doktorkata ne mi kaza deka bi bilo problem baska sega soprugot e tuka ama si odi za nekoj den uste edno imam od 5 godini i malku macno e.. Polesno mi doagja so ad navecer i svrzeme 3h spienje
Не може проблем да и направиш, но ако имаш млекце твое, зошто прашоци и даваш. Знам помирна си, ќе сврзе сон три часа, но јас не би и давала ако имам доволно млеко. Секако ти си знаеш најдобро.
Ќе се смири, исто правеше. Нека ја земе маж ти пример, нека ја прошета низ стан. Нашава сака кај што има светло, па таму ја носи маж ми и се смирува. Пробај смени цуцла.
Koja cucla ja koristete? I mojata ne saka preska ja ostaviv so soprugot nekoj cas koga se vrativ bebe so cucla vikam realno li vika od preska si sedi posle probav jas da i ja dadam pak ja pluka
Некој ред можам да кажам имаме сега на 6 ипол месеци, после завршување на 5 скок. Станува околу 7 и млеко, па по доручек околу 9ипол дремка, околу 12-13 пак дремнува, по ручек околу 17 пак дремка. Ама, оваа последната некогаш ја скока. И си легнува околу 19- 19:30. Станува за млеко на 3-4 саата и одма заспива. На таа возраст нема ред. Моето барем немаше. Сега ќе ви почне и прв скок околу 5 недела, со скоковите се се пореметува. Ќе дремне, за 15мин ќе стане, па плачки, па грчеви... Доста тешко беше, ама ќе помине. И мојот спие со мене. Во креветче дали 1 недела спиеше. Така се научи, а и мене ми е подобро да е тука.