7 , околу 7 станува. Ретко е до 8 да спие. Навечер во 19ч заспива. Заспиваше во 20ч, ама како се смени саатот , почна во 19. Секогаш гледам саат ипол , пред ноќно спиење да е будна. Ја бањам, а кога не ја бањам, највеќе прета кога е по боди само. Ја соблакам, изигравам мајмун за она да прета прета, ја изморувам убаво. Па иде полека се пресоблекуваме во тишина, да се смири малце, млеко и заспива. Некогаш ако е пиена веќе млеко, цуцлата и гушнати си заспива и ставам во креветче. Еве @Feniksgirl јас како терам. Да можеш и надвор малце извади бебе. Ќе фати воздух и дома ќе си заспие убаво.
Женче она спие надвор, да ја шетам цел ден мислам цел ден ќе спие.. ја вадам преку ден. Ама ќе пробам ова како тебе. Дај боже да успее. Скоковиве не ви влијаат на сон?
Па до сега навечер пу пу, проблем сме немале. А и скоковите нешто не и биле изразени до сега. Денски знаела да ми биде како зајаче, по 20 мин да спие. Ама се додека навечер спие, денски ќе бидам највеселиот мајмун А и мојава, дали количка или кола. Охооо има да спие со саати. Едвај чекам да ја вадам надвор. Прееска бевме малце низ двор, спиеше еден саат после тоа дома.
Да почнеш да и кратиш наутро по 15-20 минути а навечер 15-20 минути порано од тоа што заспива? Целата шема по малку да почнеш да поместуваш. Немој по цел саат, пошто тоа е голема разлика, нема да ти заспие, туку по малку. Ова ми текна сега, дека моето малку по малку така смени од легнување во 7-7.30 и станување 7 сабајле, сега е легнување 8-8.30, а станување 8 наутро. И тоа така миц по миц. Пробај. Преку ден е се ок, ама нок е за спиење.
Кога сме веќе кај ноќно спиење, да пријавам дека сме во 5ти скок влезени, па не спиеме ноќе. Супер знаеше да без цице да заспие, да се разбуди, најаде и пак спиење. Сега се буди скроз освестен и се игра, не ни цица убаво, не сака да го вратам назад во креветче, нејќе до мене легнат, само да сум исправена и да сме гушнати. Синок од 2 до 5 свашта пробав, на крај така заспа и го ставив во креветче. Јас не сум спиена веќе 3 ноќи. Ако имате некоја финта, кажувајте. Ако не, мила душа...
Заспа во 4 и пол. Ја разбудив во 10 и пол. Еве прва дремка има сега од 1 спие. Одвај издржа до дремкава, 5 пати заспа и се будеше на 5 мин. Сега спие легната со меше на мене. Ќе пробам и тоа вечер. Се надевам ќе смени.
Прва дремка и е после саат ипол , најкасно 2 откако ќе стане. И гледам до 2 часа да е будна, играме и во количка низ куќа ја возам да заспие. А некогаш и сама си заспива.
Јас не и давам да спие барем еден час пред легнување навечер. Сабајле измеѓу 7-8 ја будиме. Јаде, па околу два часа ја држиме будна. Дремките и се кратки преку ден, една само подолга и ја правам - среде ден 13-14 ч. Ја оставам саат ипол-два да спие, надвор ако сме и повеќе спие. Уште од прв ден последен оброк е во темница, со ептен слабо светло и тишина, и во креветче строго. Некогаш ќе заспие дури ја држам да подждригне, ама ако не е успиена ја ставам будна во кревет и цуцла и става. За некое време заспива. И си тера цела вечер. Денските дремки и се во дневна и обично не е покриена со ништо, светло е и не внимавам да е тишина. Навечер во вреќичка и во креветче во спална. Во глобала ова е што јас правам.
Пилешко и телешко. Пример комбинации: Пилешко, ориз, морков, кромид Пилешко, компир, брокула, морков Пилешко, тиквичка, морков, пашканат Пилешко, карфиол, целер, морков Телешко, грашок, морков, млад кромид,маслиново Телешко, боранија, морков, кромид,маслиново Телешко, киноа/хељда, тиквичка, морков
Nip имаме. Како брадавица е формата и мек материјал е. Како Бибс се, ама поефтини од нив. Тука некоја членка ги имаше споделено.
А моето никако не сака да легне на страна. Пишти, се витка, и се само на грб. Ја врти главата сам, ама му е малце како посплескана. И сега го форсирам на страна