Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.040
    Пол:
    Женски
    Мајки пак јас со редов мој.. на 1 месец како треба да цица? Може ли да се направи ред пример да цица на саат ипол, два или нема шанса? Не можам до вц да отидам да се истуширам, не знам кога ќе посака да цица. Не можам да се измолзувам периодов хаос ми се градите, тоа понатака ќе пробам.
     
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    8.111
    Пол:
    Женски
    Јас ги перам на микс, 30 или 40 зависи, а сушам на хигиена, тоа со боди ознака што има. Ако ја имаш таа беко.

    А сега видов.
    Прв пат сушев на истата, а ги исправ исто на хигиена. Ама, таа е над 3 саата, многу е.
    Ќе облечеш, ќе поврати, ќе се натопи од плунка, не се исплаќа.
    И не пеглам :)
    Ептен нешто ако одеме на роденден, за дома во никој случај.
     
    На summer-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    977
    Пол:
    Женски
    Тргнав да земам кенгур, ама јас сум метроипол а беба 9кг. Единствено прифаќам на грб да ја носам :rofl:
     
    На gwenst и Lady Miami им се допаѓа ова.
  4. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    977
    Пол:
    Женски
    Мајка ко јас да се читам. Спас имаш само еден. Застани, диши, гушни бебе, дај му да цица, спијте заедно, уживај. Едноставно е, предади се. Никогаш никој нема да ти ги врати овие моменти. Уживај и гурај. Постпартумот не е период на возвишување и фаќање бонуси, туку едноставно преживување. Ќе дојде време ќе се организираме. Среќна мама среќно бебе.

    Ние сме веќе 6м, едноставно таква е беба, захтевна. Пишував тука како ти, се консултирав те со пријателки те со педијатри, те со баби. Сите нека си бркаат работа, само мрсат м*да. Секоја приказна е различна. Терај си по свој ритам.
     
    На Bettina23, Abc baby, LaBella и 5 други им се допаѓа ова.
  5. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    1.210
    Пол:
    Женски
    Moeto mnogu cesto cicase taka na 30,40min, retko na saat,dva. Ne uspeav da napravam red posto rikase za cicanje. Posle 3,4meseci pocna na 2-4 saati da cica
     
    На Lady Miami и Dodo1 им се допаѓа ова.
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.040
    Пол:
    Женски
    Богами на момент посакувам да немав ни овде профил ни социјални мрежи. Така и бременоста така и сега, толку многу информации и притисоци само се прашувам каде грешам. Скокови чуда цицање молзење рутини за спиење рутини зс бањање, не знам кој крај да го фатам.
     
    На FarfallaBlu му/ѝ се допаѓа ова.
  7. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    977
    Пол:
    Женски
    Безгрешност не постои, дали вака или онака ќе се згреши негде. Немој да си ставаш притисок толкав. Следи бебе како сака, така. Сега и ден и ноќ му е измешано на душичето. Здравје ќе си воведеме ред, засега ќе гушкаме бебе и ќе смрдкаме. :rofl:

    Едит: Башка секој некој ден менуваат, не се ни преоптоварувај да фатиш ред.
     
    На Dodo1, FarfallaBlu и Lady Miami им се допаѓа ова.
  8. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Едно ке ти кажам: сите поминале низ исто низ кое поминуваш. А тие со перфекти ритмови и редови не постојат. И јас иста бев зошто ми викаа на 2-3 саати цицало бебето. Ке се нацица и раат си била. Нема грешка.
    Први месец два нема некој ред. Или е таков со густ распоред. Само не му ускратувај цице, за да си имаш млеко. После некое време сам ке си фати бебушот ред. Рутините гледај ги како насока, не како правило. И може ке ти личи дека не успева, ама со тек на време беба ке сфати дека има некој ритам. Ама тоа не е прв месец.
    И не грешиш никаде. Се додека го галиш и си го доиш, све е ок. Ако може некој нека го понишка за да се тушнеш. Јас се породив во јули и бебето на града, раната цело време ме печеше мислев готово ке се инфицира. Ама се си беше во ред.

    И ова заборавив: на комбинирана исхрана бевме од што мислев нема млеко. Дека нели на 40 минути барало да цица.
     
    Последна измена: 13 јануари 2025
    На Dodo1, FarfallaBlu, flower55555 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Ист случај сум :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Abc baby

    Abc baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Red e tesko da se fati. Se soglasuvam so site ostanati da si teras kako mislis i cuvstvuvas. Jas do prvoto taka bev za sve vikav pomos. Sega stom go zaspies vlezi istisiraj se. Nema odma da se razbudi. I da poplace malce ne se stresuvaj. Inaku macno e ako ti baranna 30-40 minuti. Malo r nema sila mnogi da se nacica odednas. Ke porasna pobrzo i poveke ke se nacicuva
     
    На Dodo1 и Lady Miami им се допаѓа ова.
  11. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    383
    Туширање од кога ќе се нацица, заспива и оди. Сопругот сигурно ти е таму, ако се разбуди ќе го пониша, цуцла ако фаќа нека му дај, ако не ќе поплачи 5-10 минути, толку треба за туш на брзински. Моето е веќе 7 месеци ама вака ред фативме од почеток иако цицаше и на 15 минути некогаш, кога ќе се префрлевме во спална за ноќно спиење, го средувам бебето, го дојам, заспива и заминувам на туширање. Ниту еднаш не сум се брзала, тушот и ноќна рутина т.е. миење лице и шлапање креми навечер одзема 15-20 минути, дури и да се разбуди бебе тогаш не е прегладнето, 5 минути нема да сменат, а не е само, татко му е со него. Е сега ако си сама навечер, бирај време кога имаш некој дома, дали кога мажот ти ќе се врати од работа и слично.
    Јас лично и ден денес немам строга рутина, го следам бебето и за спиење и за јадење, сите тие совршени рутини со капење и читање книга на бебето и оставање бебето само да заспие ми се нереални и мислам дека се само за Инстаграм. :D
    Јас искрено не ни сакам такви распореди, да бидам под притисок кога мора да јади, кога мора да спие.
     
    На flower55555, Dodo1, Liza38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    17.799
    Пол:
    Женски
    Не грешиш никаде!
    За твоето дете ТИ не правиш грешки!

    Не си стварај притисок. Прво беба ти е еден месец. Незнае каде се наоѓа уште.
    Знаеш дека неможев на моменти да го гледам мм, зошто успеваше секој ден да се истушира лаганица. Мене се на брзање, па имаше денови каде не ни стигав, да влезам под туш. Не дека он ми беше крив де, ама ајде де.
    Второ. Рутини…
    Тоа ти е нешто секојдневно што го правиш со бебе. Бањање, хранење успивање, во некој период после 19ч да кажеме. За бебе кога веќе ќе потпорасне, да знае дека тоа е една подготовка пред спиење и дека е време за тоа. Па и да не успеваш во тоа, голема работа. Па ни јас и ти не сме исти, а камоли бебињата.
    Скокови…тоа е еден нормален период. Секоја од нас го поминува.
    Верувам дека ти е напорно што сака да е постојано на града, ама на бебе тоа му треба. Ти , твоето тело, твојата близина и да цица. За друго незнае.
    Нема сила да влече толку за да се најаде одеднаш, затоа бара постојано. Ќе помине и тоа.

    Ние дека од неискуство , бебе не сме го хранеле доволно. Па прва контрола бебе ни грам немаше качено. Да не и оптеретам желудник, давав смо по 30 мл млеко. Таа пустата , за тоа плачела. Гладна си била. А јас лупај глава. Што и е, па плачам и јас. Се нервирав, од страна муабети за извоз. Одеднаш сите се знаат и најпаметни за мое дете. Паднав психички, ама мм пресече.
    Едвај одев , ама излагав надвор со бебе од 10 дена. Надвор па уште на глава што не ми се качија, како тоа не ми цица бебе. Еве сега на сите до еден, се ќе ви кажам. Абе ајт.

    Слушај инстикт и уживај. Лета времето, а од ова пола и повеќе ќе заборавиш.
     
    На flower55555, Dodo1, Lady Miami и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.727
    Допаѓања:
    17.799
    Пол:
    Женски
    Ај вака. Нашиве да не се близнаци, па ги разделиле и ни ги подметнале во болница? :rofl:
    До годинава е? До месеците ли е? Ама не е можно како за исти деца да се збори.
     
    На gwenst и Lady Miami им се допаѓа ова.
  14. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    До хороскопскиот знак женче 8)
    Хахаха
    А замисли во иста просторија да се двајцата :lol: soulmates :rofl::rofl:
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Што правите кога на бебето му се спие а не може да заспие?
    Од 7 е буден, му се спие, очи превртува а не може да заспие. 1 сат пробувам да го заспијам ама неуспешно. Се мрднав уште од сабајле :drunk:
     
  16. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    1.210
    Пол:
    Женски
    Секако пробувам да го заспијам: возење во количка, возење во кола, возење во хранилка, релаксатор, цицање, пеење, приспивна музика...нешто од ова ќе успее
     
    На gwenst му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Ми остана уште во кола да го извозам (facepalm) за релаксатор не сака ни да слушне :?:
    Сите можни песни му ги успеав хахах
    Раце, нозе, грб, мислам се ми се распадна :sweat:
    Куќата цел ден ја мерам, напред назад :rofl::rofl::rofl:
     
  18. silvana4

    silvana4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2017
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Zdravo
    Denes primivme vakcina na 2 meseci sto e.... sto bi mozela da stavam na bocnatoto mesto kako prevencija da ne mu oteci ili pocrveni ?
     
  19. gwenst

    gwenst Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Антипиреа лепенки, ќе ги изладиш во фрижидер прво, после ставаш.
    Или ациди борици
     
  20. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски

    Не грешиш никаде :l:
    Сите бебенца се различни,не се оптеретувај..и ние немаме никаков ред,ама искрено не се секирам воопшто.Со првото се нервирав,до минутка адаптирано млеко да му дадам,на саат пресоблечено,слушав баби,сега пуштам бебе како сака,цица кога сака и колку сака,ја пресоблелувам и на 1 саат и на 5 саати,зависи колку е мочкана.
    Некоја вечер заспива во 7,некоја во 10,единствено нешто што го има секоја вечер е спиење 5 саати првата дремка,друг никаков ред немаме :D
     
    На Lady Miami, merriel0 и Dodo1 им се допаѓа ова.