Полудуваш и чекаш да заспие Па ќе вришти од што и се спие и така. Легнуваме на спална, она ау бау, јас ау бау, почнувам да ја игнорирам и ќе заспие. Понекогаш де. Во кола одма заспива, ама не со ставам тој трн во газот. Се додека навечер спие, денски ќе бидам вечниот мајмун.
Навечер веќе почна и мојот да спие, ама со дневните дремки како што кажа, не да сум мајмун, не знам веќе што сум И во 4 скок сме уште. Мислам овие неколку недели живците ги исчеличив Вие како го преживеавте скокот?
Ноќтото спиење е добро. Нешто последни два дена кај 5 сабајле мрда прета, додека не ја легнеме меѓу нас, па секударно заспива и тераме уште со спиење. Е денски е малце турбо, додека да заспие е борба. Еве сега ја извадив надвор, некои 10 минути и ми заспа во раце. Влеговме и ја легнав да спие. До кога еве незнам. Вчера замисли цели 10 минути спиеше прва дремка За пиење млеко е борба. Додека почне да пие е вриштење, плачење, па мора прво цуцла, некој да тропка со иргачка, па некако бутам шишето и почнува да пие. Ама среќа неделава сум кај моите, па ќе истераме некако.
5 скок е полош. Барем мене. Ние сега дури после 5 ставивме ред некаков, дремка по 1 млеко откако ќе стане, па дремка околу пладне и после ручек околу 4-5, ама таа може и да ја скокне. Е додека се успиеме е проблем околу 19-19:30. После тера до 7. Само млеко на 3 -4 саата во полусон и продолжува.
Значи со пиењето млеко е исто! Дури го фати шишето мислам како со мечка да се борам. Иначе нас дневните дремки од поодамна ни се 20 мин макс.
И мојот уште одсега знае да ја прескокне последната вечерна дремка и да ме малтретира дури го легнам да спие. А и ако заспие тоа време, нема шанси да го пуштам од раце. Вчера 3 пати го ставив во креветче, одма ги отвори очите. И го понишкав уште малку, колку да се рече дека дремнал
Мајки дали 10та недела е ок за рота вакцина? Бебе родено на 12.11 кога е најдобро да ја прими? Се мислам сега во петок да го боцнат и дали може и друга дента или другите вакцини друг ден?
Две вакцини се. Една се пие, друга во ноџе. До 12 та недела да се прими треба првата доза. Во вакцинален пункт ќе ти кажат. Во секој случај, само едно боцкање има.
Ние ротираме неколку начини на заспивање. Беба не заспива сама. Најлесно ми е легнати на кревет да цица, и ако не и е до спиење се врти си гуга а ја си читам книга, после минута пак се врти си продолжува па заспива. Може и пола саат па и саат да прави тргни застани ама тоа е...
Со 9 полни недели може рота да се стави, до 12 недела. Зошто одделно, нема потреба два пати да одите, ќе си прими и рота и ќе го боцнат.
Твоето знае само да се занимава. Со моево на крај човек не можи да излези. Цел ден сака да му зборуваш.
Лесно поминавме со ревакцините сега ние. Уште таа на 6 м, па да се раатисам до годината од вакцини оти мислам така беше после, дури на 12м?
Да, така кажаа. МРП е таа. За овие кога одевме, пишеа дата за наредниот пат. За оваа кажаа ќе стигнело картонче.